укло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Dec 2019 06:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png укло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избор на претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbor-na-pretsedatel-na-univerzitetskoto-studentsko-sobranie-na-uklo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbor-na-pretsedatel-na-univerzitetskoto-studentsko-sobranie-na-uklo/#respond Mon, 30 Dec 2019 06:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=283656

Во согласност со Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола (УКЛО), денеска ќе се одржи Изборно собрание за претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на УКЛО во Битола. – Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание, со тајно гласање, со мандат од една година, со право на уште еден избор. Студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите на универзитетско ниво, соопштија од УКЛО. Универзитетското студентско собрание, како што соопштија од Универзитетот, ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница. – Универзитетското студентско собрание има надлежно студентски претставници во Сенатот и другите органи и тела на универзитетот, каде што студентите заедно со професорите и другите членови на академската заедница заедно и рамноправно носат одлуки. Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред универзитетскиот сенат, а се грижи и за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbor-na-pretsedatel-na-univerzitetskoto-studentsko-sobranie-na-uklo/feed/ 0
На УКЛО-Битола запишани околу 1.000 бруцоши https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/#respond Wed, 12 Sep 2018 08:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=99738

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши првиот уписен рок за студенти во прва година и запишани се околу 1.000 бруцоши. Од УКЛО-Битола информираат дека во наредните два дена, утре и во петок ќе се реализира вториот уписен рок, а места за упис има во сите универзитетски единици. - Според конкурсот, УКЛО-Битола во новата академска година може да запише  вкупно 3.635 студенти, и тоа 2.005 во државна квота,  1.015 студенти во квота со кофинансирање и  615 вонредни студенти. Како што се очекуваше, по првиот уписен рок исполнета е една третина од можностите и изборот што им беше понуден на кандидатите, и според традицијата, во вториот упис очекуваме зголемен интерес за студирање на универзитетските единици, информираат од УКЛО-Битола. Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Пријавување на кандидатите ќе се врши утре и на 14. септември, објавување прелиминарна ранг-листа ќе има на 18. септември, додека запишувањето ќе се врши на 21 септември. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/feed/ 0
Во Битола се одбележува Денот на основање на УКЛО https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-bitola-se-odbelezuva-denot-na-osnovanje-na-uklo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-bitola-se-odbelezuva-denot-na-osnovanje-na-uklo/#respond Tue, 24 Apr 2018 09:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=45256

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-УКЛО, го одбележува 25 април денот на основањето на Универзитетот во Битола. Празничната програма почна да се реализира синоќа со спортски натпревари на студентите од битолскиот и други универзитети од државата, денес ќе се одржи традиционалниот натпревар во ораторство „УКЛО ТРИВИУМ“, а утре ќе се одржи промоција на 14 доктори на науки кои во изминатата академска година докторирале на овој Универзитет. - Централниот настан со кого ќе потсетиме на 25 април 1979 година, кога е основан УКЛО-Битола ќе се одржи во петок за кога се планирани  „WIN – WIN  Форум“  и свечена седница на Сенатот на УКЛО. На форумот фокус тема е соработката на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми, а обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Глигор Бишев од Шпаркасе Банка и Симон Наумоски, претседател на одборот на директори во прехранбената индустрија, информираат од УКЛО-Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-bitola-se-odbelezuva-denot-na-osnovanje-na-uklo/feed/ 0