Украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/#respond Sat, 04 Nov 2023 13:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=896420

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква. Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на претседателот Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“. Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“. Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“. Го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“. „Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/feed/ 0
Блинкен: САД ќе испратат дополнително оружје и опрема во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-ke-ispratat-dopolnitelno-oruzhje-i-oprema-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-ke-ispratat-dopolnitelno-oruzhje-i-oprema-vo-ukraina/#respond Fri, 03 Nov 2023 19:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=896265

САД ќе и достават на Украина дополнително оружје и опрема за нејзината континуирана борба против руската инвазија, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Најавеното оружје во вредност од 125 милиони долари доаѓа во време на очекувањата за нова воена помош за Киев. Последната транша оружје е можна бидејќи претседателот Џо Бајден ги користи своите овластувања за итни случаи за да ги пренесе вишокот артикли од резервите на САД, без одобрение на Конгресот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-ke-ispratat-dopolnitelno-oruzhje-i-oprema-vo-ukraina/feed/ 0
Зеленски предупредува: Со наближување на зимата Русите се повеќе ќе ги интензивираат нападите со дронови и ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-predupreduva-so-nablizhuvane-na-zimata-rusite-se-poveke-ke-gi-intenziviraat-napadite-so-dronovi-i-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-predupreduva-so-nablizhuvane-na-zimata-rusite-se-poveke-ke-gi-intenziviraat-napadite-so-dronovi-i-raketi/#respond Fri, 03 Nov 2023 11:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=896146

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека со доближувањето на зимата руските напади со беспилотни летала и ракети врз Украина ќе станат посилни, но дека Украина силно ќе одговори. „Оваа ноќ имаше напади со околу четириесет дронови „Шахед“. Повеќе од половината од нив беа соборени... Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони - Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов... Свесни сме дека, како што наближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат поголема штета. Ние ќе му одговориме на непријателот. Силно“, рече Зеленски на својот канал на Телеграм. Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 беспилотни летала „Шахед“ и со наведуваната ракета „Х-59“, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската воздушна одбрана уништила 24 беспилотни летала и ракетата. Повеќето од беспилотните летала беа испукани врз Лавовскиот регион, вкупно 16. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-predupreduva-so-nablizhuvane-na-zimata-rusite-se-poveke-ke-gi-intenziviraat-napadite-so-dronovi-i-raketi/feed/ 0
Повеќе од 70 бродови влегле во украинските пристаништа и покрај руската блокада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=895937

Повеќе од 70 трговски бродови се упатиле кон украинските пристаништа на Црното Море и покрај руските воздушни напади врз пристанишните објекти, соопшти украинската морнарица. Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук денеска изјави дека обемот на извозот достигнал околу 1,5 милиони тони месечно. За време на меѓународниот договор со цел да се дозволи извоз на украинско жито, кој беше поддржан од Русија до јули, просекот беше 2,8 милиони тони житни производи месечно. Клучот за нагорниот тренд се пониските трошоци за осигурување, рече тој. Тие паднаа откако првите товарни бродови безбедно влегоа и излегоа од украинските пристаништа на Црното Море во септември, и покрај заканата од руско гранатирање. Украина го одржува бродскиот коридор и покрај руската поморска блокада. Русија ги оправда своите обиди за поморска блокада за да спречи увоз на оружје по морски пат во Украина. Откако почна инвазијата на Русија врз Украина пред повеќе од 20 месеци, дојде до застој во украинската поморска трговија. И покрај тековната војна, Обединетите нации и Турција посредуваа за таканаречениот „коридор за жито“ речиси 12 месеци. Целта беше да се олесни извозот на украинското жито за да се стабилизираат меѓународните цени на храната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/feed/ 0
Клименко: Русија го изведе најголемиот напад во оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895454

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека Русија гранатирала повеќе од 100 населени места во изминатите 24 часа, повеќе од кој било друг ден оваа година. Руските сили истрелаа милиони гранати врз украинските градови и села долж линијата на фронтот откако ја започнаа офанзивата минатиот февруари, со што многу места во источна Украина станаа урнатини. -Во последните 24 часа непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број на градови и села кои се нападнати од почетокот на годината, напиша Клименко на социјалните мрежи. Тој извести и за руски напад врз нафтена рафинерија во Кременчук, индустриски град во централниот дел на земјата. -Немаше жртви, но беа потребни неколку часа речиси 100 пожарникари да го изгаснат пожарот, рече Клименко. Киев и Западот стравуваат дека Русија ќе ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина пред студената зима, како што направи Москва минатата година. Во текот на ноќта при гранатирање загина едно лице во североисточниот регион Харков и едно во јужниот регион Херсон, соопштија локалните власти. Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека собориле 18 од 20-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека руското Министерство за одбрана информира дека собориле две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск, кои граничат со Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/feed/ 0
Остин: Путин ќе победи во Украина ако Вашингтон ја прекине помошта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/#respond Tue, 31 Oct 2023 21:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895098

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин стравува дека Русија ќе биде успешна во војната против Украина доколку САД не ја продолжат својата поддршка за нападнатата земја. На денешното сослушување пред Комитетот за доделување средства на американскиот Сенат во Вашингтон, Остин беше прашан за тоа колку време има Украина пред рускиот претседател Владимир Путин да победи во војната доколку нема дополнителна американска воена помош за Украина. Остин рече дека е тешко да се даде точна временска рамка. Но, рече тој, „можам да гарантирам дека без нашата поддршка Путин ќе биде успешен“. - Ако сега го извлечеме тепихот од под нив, Путин само ќе стане посилен и ќе биде успешен во тоа што сака да го прави, нагласи Остин. Остин и американскиот државен секретар Антони Блинкен беа на сослушувањето за да одговорат на прашањата за пакетот помош од околу 105 милијарди долари што американскиот претседател Џо Бајден го побара од Конгресот, кој вклучува поддршка за Израел и Украина. Некои републиканци во Претставничкиот дом на САД се противат на дополнителна помош за Украина. Двајцата министри истакнаа дека итно е потребна поддршка за двете земји, исто така затоа што двете војни ги поврзува блискиот сојуз меѓу Русија и Иран, на пример во размената на воена опрема. Има многу предности што може да се добијат од истовремените инвестиции, рекоа тие, велејќи дека тие исто така испраќаат силен сигнал до непријателите на Вашингтон. На крајот на краиштата, поддршката не се однесува на ништо друго освен на американската национална безбедност, истакнаа функционерите, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/feed/ 0
ЕУ и ветува на Украина повеќе оружје и муниција пред зимата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vetuva-na-ukraina-poveke-oruzhje-i-munitsija-pred-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vetuva-na-ukraina-poveke-oruzhje-i-munitsija-pred-zimata/#respond Fri, 27 Oct 2023 14:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=893833

Лидерите на Европската Унија денеска ветија дека ќе продолжат со испорака на оружје и муниција за Украина. Во заедничката Декларација, ЕУ и вети на Украина испорака на дополнителни генератори на електрична енергија и мобилни топлински станици. -ЕУ ќе продолжи да дава силна поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно, се вели во Декларацијата. Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа работата на законски предлог за тоа како да се користат приходите од управувањето со руските средства замрзнати во блокот за обнова на Украина. Борел предложи да се мобилизираат вкупно 20 милијарди евра за воена помош од 2024 година до крајот на 2027 година, покрај 50 милијарди евра буџетска поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vetuva-na-ukraina-poveke-oruzhje-i-munitsija-pred-zimata/feed/ 0
Мајк Џонсон: Финансирањето на Украина и Израел треба да се разгледува одвоено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-finansiraneto-na-ukraina-i-izrael-treba-da-se-razgleduva-odvoeno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-finansiraneto-na-ukraina-i-izrael-treba-da-se-razgleduva-odvoeno/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=893642

Новоизбраниот претседател на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, рече дека финансирањето на Украина и Израел треба да се разгледува одвоено, навестувајќи дека нема да го поддржи пакетот помош од 106 милијарди долари на претседателот Џо Бајден за двете земји. Во интервју за Фокс њуз Џонсон рече дека вчера се сретнал со Бајден и му рекол на тимот на Белата куќа дека консензусот меѓу републиканците во Домот е дека овие прашања треба да се разделат. Бајден сака Конгресот да обезбеди дополнително финансирање од 106 милијарди долари, при што најголемиот дел од парите ќе бидат наменети за зајакнување на одбраната на Украина, а остатокот да биде поделен меѓу Израел, индо-пацифичкиот регион и безбедноста на границите. Џонсон рече дека неговата загриженост е поврзана со Украина. -Сакаме да знаеме која е целта таму, која е крајната цел во Украина, рече тој. Бајден смета дека вклучувањето пари за Израел и имиграцијата ќе помогне да се убедат републиканците во Претставничкиот дом, кои се претпазливи во однос на доделување дополнителни средства во Украина, да ја поддржат мерката. Пакетот вклучува 14,3 милијарди долари за Израел за финансирање поддршка на воздушната и ракетната одбрана и други иницијативи, како и 61 милијарда долари за Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-finansiraneto-na-ukraina-i-izrael-treba-da-se-razgleduva-odvoeno/feed/ 0
Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од речиси половина милион евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/#respond Thu, 26 Oct 2023 18:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893539

Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од 3,7 милијарди круни (околу 495 милиони евра), соопшти денеска данското Министерство за одбрана и ја потврди својата „непоколеблива поддршка“ за Украина. Донацијата вклучува тенкови, борбени возила на пешадија, артилериска муниција, беспилотни летала и малокалибарско оружје, се наведува во соопштението на данското МО. Два дена по посетата на данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на Киев, Копенхаген ја донира 13. помош по ред, што вклучува опрема што ја бара Украина – муниција, артилериско орудие, тенкови и оклопни возила. Денешната донација потврдува дека Украина може да смета на непоколебливата поддршка на Данска во нејзината борба за слобода, изјави шефот на данската дипломатија Ларс Расмусен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/feed/ 0
Украина го суспендира новиот коридор за жито поради можни руски воздушни напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=893349

Украина го суспендираше својот нов коридор за жито на Црното Море, бидејќи смета дека постои закана од руски воени авиони, соопшти денеска консултантската компанија „Барва инвест“, со седиште во Киев. - Би сакале да ве информираме за привремениот прекин на сообраќајот на бродови до и од пристаништата. Сегашната забрана е во сила на 26 октомври, но постои можност таа да биде продолжена, објави консултантската компанија на телеграм. Украинските власти не беа веднаш достапни за коментар. Консултантската фирма објави дека де факто суспензијата е во сила веќе два дена по налог на војската, која како причина ја наведе заканата од зголемена активност на руските воздухопловни сили во областа. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека им наредил на руските воени авиони кои носат ракети Кинжал да патролираат по Црното Море. Украина отвори „хуманитарен коридор“ за бродови до африканските и азиските пазари во август, за да се обиде да ја заобиколи де факто блокадата во Црното Море, откако Русија се повлече од договорот што му гарантираше на Киев безбеден поморски извоз. Украинските власти и извори за бродски превоз соопштија дека повеќе од 40 товарни бродови поминале низ коридорот досега и 1,5 милиони метрички тони товар ги напуштиле украинските поморски пристаништа низ коридорот. Пратките главно содржат житарки, маслодајни семиња и растителни масла. Украинските земјоделци оваа недела рекоа дека новата рута може да овозможи извоз до 2,5 милиони тони храна месечно, речиси неутрализирајќи го влијанието на одлуката на Русија да се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН. Првиот украински заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки вчера рече дека испораката на жито преку новиот коридор во октомври може да надмине еден милион тони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/feed/ 0