украинска фудбалска федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 15:37:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украинска фудбалска федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина планира пријателски натпревар со македонската фудбалска репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraina-planira-prijatelski-natprevar-so-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraina-planira-prijatelski-natprevar-so-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/#respond Thu, 14 Apr 2022 15:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=663113

Украинската фудбалска федерација (УАФ) објави дека е во финални разговори за одигрување пријателски натпревари на националниот тим против македонската и француската репрезентација, во рамки на подготовките за мундијалскиот бараж, кој беше одложен во март поради руската инвазија. Потпретседателот на Украинската федерација, Олег Протасов, потврди за агенцијата УКРИНФОРМ дека националниот тим сака подготвен да влезе во баражот за пласман на Мундијалот 2022, додавајќи оти за таа цел во тек се преговори за тренинг кампот и за одигрување контролни натпревари, први од почетокот на инвазијата на 24 февруари. – Сега сме во преговори за тренинг кампот со неколку земји и за одигрување натпревари против Франција и Северна Македонија, но повеќе информации околу тоа ќе може да објавиме подоцна, изјави Протасов. Украина на 1 јуни треба да и гостува на Шкотска во рамки на полуфиналето од мундијалскиот бараж, додека македонската репрезентација на 2 јуни против Бугарија на гостински терен ги започнува натпреварите во Ц групата во Лигата на нации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraina-planira-prijatelski-natprevar-so-makedonskata-fudbalska-reprezentacija/feed/ 0