украинска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 08:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украинска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата во Киев предложи закон за укинување на Украинската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-kiev-predlozhi-zakon-za-ukinuvane-na-ukrainskata-pravoslavna-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-kiev-predlozhi-zakon-za-ukinuvane-na-ukrainskata-pravoslavna-tsrkva/#respond Fri, 20 Jan 2023 08:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=789584

Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија. ТАСС наведува дека предлог-законот е изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, на мрежата Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на сегашниот закон со кој се оневозможува работење на верските организации чиј центар на управување е надвор од Украина, поточно во држава што врши агресија врз Украина. Украинскиот претседател Зеленски кон средината на декември му нареди на парламентот да подготви нацрт-закон за забрана на „верските организации поврзани со центри на влијание во Руската Федерација“, јави ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-vo-kiev-predlozhi-zakon-za-ukinuvane-na-ukrainskata-pravoslavna-tsrkva/feed/ 0
Уапсен мажот кој се закануваше со бомба во зградата на украинската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-mazot-koj-se-zakanuvashe-so-bomba-vo-zgradata-na-ukrainskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-mazot-koj-se-zakanuvashe-so-bomba-vo-zgradata-na-ukrainskata-vlada/#respond Wed, 04 Aug 2021 09:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=546063

Уапсен е мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба во седиштето на Украинската Влада. Првично не беше јасно зошто влегол во зградата. – Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде, рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет. Чуварот повикал полиција, по што веднаш пристигнале припадници на специјалните сили. Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години. Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-mazot-koj-se-zakanuvashe-so-bomba-vo-zgradata-na-ukrainskata-vlada/feed/ 0