Украинската армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 17:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Украинската армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинската армија напредува во регионот на Бахмут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/#respond Fri, 12 May 2023 17:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=833594

Украина објави дека постигнала пробив во областа на разурнатиот источен украински град Бахмут, епицентарот на борбите со руските сили. И шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ја потврди информацијата за напредок на украинските сили кај Бахмут, каде што неговите борци се на линијата на фронтот. Тој ги обвини редовните руски единици дека „бегаат“ од своите позиции. - Заземањето на Бахмут нема да и донесе ништо на Русија, бидејќи крилата се уриваат, а фронтот се распаѓа, истакна Пригожин и го обвини рускиот Генералштаб дека се обидува да ја претстави ситуацијата во подобро светло. Пригожин посочи дека верува оти „глобалната трагедија за Русија“ е неизбежна, објави украинската новинска агенција УНИАН, цитирајќи видео објавено на неговиот канал на Телеграм. Непосредно пред новите остри критики на шефот на „Вагнер“, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле 26 украински напади на 95-километарскиот фронт во Соледарската област. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малјар претходно изјави дека силите на Киев напреднале два километри во областа Бахмут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/feed/ 0