украински амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 11:57:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-germanija-ja-pozdravi-golemata-tenkovska-koalitsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-germanija-ja-pozdravi-golemata-tenkovska-koalitsija/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=791665

Украинскиот амбасадор во Германија, Олексиј Макејев денеска изрази задоволство од формирањето на „голема тенковска коалиција“ односно за очекуваната испорака на германските борбени тенкови Леопард 2. – Овие тенкови ќе ни помогнат да ја одбиеме руската офанзива и да ги ослободиме нашите територии и луѓе окупирани од Русија. Се надевам дека нашите момчиња наскоро ќе ги пречекаат овие мачки во Украина, истакна амбасадорот Мајејев. Германската Влада одлучи да и испорача на Украина борбени тенкови Леопард и им дозволи на другите земји да го сторат истото. – Како и другите западни вооружени системи, тенковите би помогнале да се спасат животи. Имаме потреба од се, ќе бидеме благодарни за секаква помош, наведе Макејев. Тој додаде дека припадниците на украинската армија можат да ракуваат со различна опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-germanija-ja-pozdravi-golemata-tenkovska-koalitsija/feed/ 0
Украински амбасадор во Берлин: Потребна е поголема помош, мирот не паѓа од небо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-ambasador-vo-berlin-potrebna-e-pogolema-pomosh-mirot-ne-pagja-od-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-ambasador-vo-berlin-potrebna-e-pogolema-pomosh-mirot-ne-pagja-od-nebo/#respond Thu, 29 Dec 2022 06:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=781916

Украинскиот амбасадор во Германија, Олексеј Макеев побара дополнителна помош за неговата земја за одбрана од руската инвазија, јави ДПА. – Мирот не паѓа од небо. Мора да се борите за него. А ние, Украинците, го правиме ова во име на сите Европејци, рече тој во интервју за весниците од „Функе“, што ќе биде објавено денеска. Украинците би поздравиле „повеќе храброст и решителност од сојузниците и партнерите“, нагласи Макеев. „Целосно ослободување на нашата земја од руските окупатори, враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, враќање на нашите сонародници во своите домови, обнова и напредок кон ЕУ и НАТО“ се меѓу целите за 2023 година кои Макеев ги опиша во интервјуто. Тој го повтори барањето за дополнителни резерви на оружје „за да се спасат уште повеќе цивили во Украина“. Запрашан за можното решение на конфликтот, амбасадорот Макеев го наведе планот од десет чекори на претседателот Володимир Зеленски, чија „формула за мир“ вклучува целосно повлекување на руските трупи од украинска територија, ослободување на заробените војници, судење за руските воени злосторници и гаранции за безбедноста на неговата земја – барања кои Кремљ ги одбива, посочува ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-ambasador-vo-berlin-potrebna-e-pogolema-pomosh-mirot-ne-pagja-od-nebo/feed/ 0
Казахстан го игнорираше барањето на Русија за протерување на украинскиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-go-ignorirashe-baranjeto-na-rusija-za-proteruvanje-na-ukrainskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-go-ignorirashe-baranjeto-na-rusija-za-proteruvanje-na-ukrainskiot-ambasador/#respond Wed, 05 Oct 2022 11:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=741335

Властите во Казахстан денеска го отфрлија барањето на Русија за протерување на амбасадорот на Украина поради неговите коментари за убиствата на Руси и ја прекорија Москва за, како што велат, несоодветен тон меѓу „еднакви стратешки партнери“. Тензиите се зголемија откако украинскиот амбасадор во Астана во август, Петро Врублевски, во интервју за локален блогер за војната во Украина рече дека „колку повеќе Руси убиваме сега, толку помалку од нив ќе ги убијат нашите деца подоцна“. Како одговор, Русија побара од Казахстан да го протера дипломатот, но Астана наместо тоа побара од Киев да го замени, велејќи дека неговите коментари се неприфатливи за земја со големо етничко руско малцинство. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Москва е „огорчена“ поради тоа што Врублевски се уште е во Астана и го повикала амбасадорот на Казахстан. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Казахстан, Ајбек Смадјаров, денеска изјави дека тонот на Захарова е „спротивен на суштината на сојузните односи меѓу Казахстан и Русија како рамноправни стратешки партнери“ и додаде дека и рускиот амбасадор ќе биде повикан во казахстанското Министерство. Смадјаров рече дека Врублевски ќе го напушти Казахстан откако на негово место ќе пристигне новиот украински амбасадор. Казахстан традиционално одржува блиски економски и безбедносни врски со Русија, но се дистанцираше од Москва откако таа ја нападна Украина во февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-go-ignorirashe-baranjeto-na-rusija-za-proteruvanje-na-ukrainskiot-ambasador/feed/ 0