Украински авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Jul 2022 19:25:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Украински авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/#respond Sun, 17 Jul 2022 19:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=706680

Телата на сите осум членови на екипажот од украинскиот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот град Кавала се извлечени во акцијата на спасувачките служби, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција вечерва соопштија дека заврши акцијата за извлекување на телата, а извлечените тела се пренесуваат во општата болница во Кавала. Осумтемина членови на екипажот се украински државјани. Украинскиот карго авион Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна синоќа еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/feed/ 0
Украинскиот авион што падна во Грција се изгубил од радарот пет минути откако побарал помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-shto-padna-vo-grcija-se-izgubil-od-radarot-pet-minuti-otkako-pobaral-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-shto-padna-vo-grcija-se-izgubil-od-radarot-pet-minuti-otkako-pobaral-pomosh/#respond Sun, 17 Jul 2022 18:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=706673

Пет минути откако ги информирал контролорите на летање дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион Антонов-12 се загубил од радарите, според податоците објавени од Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА), јави дописничката на МИА од Атина. Во деталното соопштение од ИПА информираат дека авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал (dangerous goods), а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија. Во грчкиот воздушен простор влегол во 22:09 часот по локално време, а во 22:37 го известил Контролниот центар на регионот Атина- Македониа (КЕПАТМ) дека поради проблем (operation reasons) нема да продолжи до крајната дестинација и дека ќе се врати на аеродромот од каде што полетал. – Во 22:42 часот летајќи источно од Халкидики ги извести контролорите на летање на приодот кон Солун дека има проблем со моторот број четири наведувајќи: „may day пожар во мотор четири“. Службата за цивилно воздухопловство веднаш прогласи вонредна состојба со активирање на соодветните предвидени процедури. Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција. Веднаш потоа бил известен Националниот координативен центар за потрага и спасување за вонредната состојба, а потоа за губењето на комуникацијата, по што започнал процесот на лоцирање, пребарување и спасување. Паралелно биле мобилизирани и сите надлежни органи, противпожарната служба, полицијата, цивилната заштита, Министерство за одбрана и локалните власти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-shto-padna-vo-grcija-se-izgubil-od-radarot-pet-minuti-otkako-pobaral-pomosh/feed/ 0
Киев за нивниот урнат авион во Грција: Сите членови на екипажот се украински државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-za-nivniot-urnat-avion-vo-grcija-site-chlenovi-na-ekipazot-se-ukrainski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-za-nivniot-urnat-avion-vo-grcija-site-chlenovi-na-ekipazot-se-ukrainski-drzavjani/#respond Sun, 17 Jul 2022 15:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=706613

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите. Тој додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун. – Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-za-nivniot-urnat-avion-vo-grcija-site-chlenovi-na-ekipazot-se-ukrainski-drzavjani/feed/ 0
Пронајдена црната кутија од паднатиот авион во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-crnata-kutija-od-padnatiot-avion-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-crnata-kutija-od-padnatiot-avion-vo-ukraina/#respond Sat, 26 Sep 2020 13:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=408924

По падот на воен авион во Украина со десетици загинати, пронајдена е црната кутија. Воени експерти го истражуваат и местото на несреќата за да ги откријат причините за неа. Авионот од типот Антонов АН-26 кој се урна во Украина, бил на обучувачки лет и во него се наоѓале офицери и кадети на украинската воена авијација. Местото на падот, во регионот Харков, е во близина на руската граница, но не во воената област во источна Украина. Првично две лица го преживеале падот, со тешки повреди, но подоцна едниот починал во болница. Во авионот се наоѓале 27 лица, од кои 7 членови на екипажот и 20 студенти на Универзитетот на воената авијација. Воени експерти ја истражуваат локацијата каде се урна авионот заради разјаснување на причините за несреќата. Црната кутија се наоѓала во авионоти таа е пронајдена. Според досегашните сознанија, дошло до прекин на работата на сензорите на авионот во левиот мотор. Тој инаку бил произведен во 1977 година и бил користен за транзитни летови. На фотографии на социјалните мрежи непосредно по падот, се гледа трупот на авионот во пламен. Наскоро се појавија и видеа со изгаснати делови од опожарената машина расфрлани во ненаселена област. Дел од луѓето се јагленосани во огнот, што ја отежнува нивната идентификација.

Украинскиот претседател Зеленски на местото на катастрофата

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети местото на трагедијата. Генералното обвинителство и истражна комисија веќе поведоа предистрага. Зеленски најави формирање посебна истражна комисија која ќе го води случајот. Освен тоа, претседателот побарал информации за вкупната техничка состојба на украинската воена авијација. Голем дел од опремата во украинската војска е застарен. Најновата несреќа е тежок удар за украинската армија, чии припадници се борат во кризниот регион, околу 250 километри оддалечен од неа, против проруските сепаратисти. Од 2014 година наваму, според проценките на ОН, во конфликтот се убиени преку 13.000 лица. Украина и од Русија поддржуваните сепаратисти се обвинуваат меѓусебно за непридржување кон мировниот план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-crnata-kutija-od-padnatiot-avion-vo-ukraina/feed/ 0
Во падот на украинскиот воен авион загинале 22 офицери и кадети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-padot-na-ukrainskiot-voen-avion-zaginale-22-oficeri-i-kadeti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-padot-na-ukrainskiot-voen-avion-zaginale-22-oficeri-i-kadeti/#respond Sat, 26 Sep 2020 08:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=408789

Во падот на украинскиот воен авион на североистокот од земјата, во Харковската област, загинаа најмалку 22 лица, соопштија украинските власти. Руски Тасс, повикувајќи се на Контролата на летот, јави дека во авионот Ан-26 имало 28 лица. „Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега е непозната. Се молиме за нивниот живот и даваме брза помош , напиша шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер, на Телеграм. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денес ќе го посети Харковскиот регион. “Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“, напиша Зеленски на Телеграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-padot-na-ukrainskiot-voen-avion-zaginale-22-oficeri-i-kadeti/feed/ 0
Извештај: Низа околности доведоа до соборување на украинскиот авион во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/#respond Sun, 12 Jul 2020 14:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=374624

Соборувањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран на 8 јануари годинава се случи поради неусогласено ракување на батеријата за истрелување ракети, недостиг на комуникација помеѓу армијата и командантите и одлуката да се пука без одобрување, се наведува во новиот извештај на иранската Организацијата за цивилен сообраќај. Таквиот извештај навестува нова фаза во истрагата за соборениот украински авион од страна на иранската Револуционерна гарда, при што загинаа 176 луѓе. Иранските власти првично негираа одговорност, но го сменија ставот откако западните држави изнесоа докази дека иранска ракета го соборила авионот. Во новиот извештај се посочени низа детали кои укажуваат дека можело да биде избегнато соборувањето на украинскиот патнички авион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/feed/ 0
Иран повеќе нема да дава докази за падот на украинскиот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povekje-nema-da-dava-dokazi-za-padot-na-ukrainskiot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povekje-nema-da-dava-dokazi-za-padot-na-ukrainskiot-avion/#respond Mon, 03 Feb 2020 11:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=298554

Иран повеќе нема да ги споделува доказите собрани во истрагата за несреќата на украинскиот авион со Украина, откако украинските медиуми објавија аудио-снимка од истрагата, изјави денеска вршителот на должноста директор за истраги во Организацијата за цивилно воздухопловство Хасан Резифар. Аудио – снимката беше доказ даден на украинските експерти како дел од заедничката истрага за несреќата. – Тимот за техничка истрага на несреќата на украинска авиокомпанија направи чуден потег со објавување на тајната аудио снимка на која е комуникација на ирански пилот кој летал во исто време со украинскиот авион со контролниот центар, рече Резифар, посочувајќи дека објавувањето на снимката е непрофесионално бидејќи е доверлив документ. Украинскиот авион се урна на 8 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран и притоа загинаа сите 176 патници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povekje-nema-da-dava-dokazi-za-padot-na-ukrainskiot-avion/feed/ 0
Погребани Иранците загинати во соборениот украински авион, во Канада почит со минута молк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogrebani-irancite-zaginati-vo-soboreniot-ukrainski-avion-vo-kanada-pochit-so-minuta-molk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogrebani-irancite-zaginati-vo-soboreniot-ukrainski-avion-vo-kanada-pochit-so-minuta-molk/#respond Thu, 16 Jan 2020 07:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=290390

Иранците вчера ги погребаа своите државјани кои се најдоа меѓу 176-те загинати во соборениот украински авион во Техеран, додека на универзитетите ширум Канада се одржаа минута молк за одавање почит кон жртвите. На една од снимките објавени на интернет се гледа како иранското знаме се трга од ковчегот на една од жртвите, чија мајка вика „Симнете го“, пренесоа британските медиуми. Во меѓувреме, канадскиот министер за сообраќај, Марк Гарно, изјави дека кандските истражители го посетиле местото на несреќата, во која настрадаа 57 Канаѓани, и дека подоцна ќе ги прегледаат остатоците од авионот. -Тоа што Иранците ни го кажаа е дека ќе ни биде дозволено да учествуваме не само во декодирањето ( на црните кутии), туку и во анализите“ рече Гарно на прес конференција. Тој додаде дека Канада бара да добие официјален статус во истрагата на Иран за падот на авионот, што го соборија иранските сили, пренесоа американските медиуми. Гарно , исто така, истакна дека канадските истражители се наоѓаат во Иран како дел од меѓународна екипа и дека добро соработуваат, но дека сака нивното учество во истрагата да се формализира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogrebani-irancite-zaginati-vo-soboreniot-ukrainski-avion-vo-kanada-pochit-so-minuta-molk/feed/ 0
Украина бара од Иран да ги предаде црните кутии од соборениот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/#respond Wed, 15 Jan 2020 10:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=289924

Канцеларијата на украинскиот државен обвинител и безбедносната служба од иранските власти побараа на Киев да му се предадат црните кутии од соборениот украински авион. Претставник на украинските безбедносни служби неодамна изјави дека се очекува наскоро истакнат ирански истражител да ја посети Украина. Британските медиуми пренесуваат дека тој треба да процени дали украинската лабораторија е адекватна за декодирање на црните кутии. Претходно, шефот на истражувачкиот Институт за форензичка експертиза од Киев, Александар Рувин, кажа дека црните кутии ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група меѓународни експерти. По враќањето од Техеран Рувин кажа дека процесот на декодирање на црните кутии ќе почне на 20 јануари , пренсе Тасс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/feed/ 0
ВИДЕО: Објавени нови снимки, Иран со две ракети го погодил украинскиот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-novi-snimki-iran-so-dve-raketi-go-pogodil-ukrainskiot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-novi-snimki-iran-so-dve-raketi-go-pogodil-ukrainskiot-avion/#respond Wed, 15 Jan 2020 08:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=289836

Објавени се нови инсерти од моментот кога две ракети го погодија украинскиот патнички авион над иранската престолнина, при што загинаа 176 лица во авионот. Њујорк Тајмс објави видео од безбедносните камери за кое се вели дека го потврдиле неговиот кредибилитет. На него се гледа како во интервал од 30 секунди се испукуваат две ракети. Авионот може да се види како лета неколку минути потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, наведува медиумот. Неколку минути подоцна експлодира и се урна. Техеран со денови ги демантираше извештаите дека е урнат Боингот 737-800. Претходното видео објавено во петокот, исто така, покажува како авионот бил погоден од ракета. Видеото, објавено од Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен, се совпаѓа со изјавите на канадски, американски и британски официјални претставници кои рекоа дека разузнавачките информации сугерираат дека иранските ракети го урнале авионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-novi-snimki-iran-so-dve-raketi-go-pogodil-ukrainskiot-avion/feed/ 0