украински бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 05:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Членките на ЕУ се согласија за продолжување на привремената заштита за украинските бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenkite-na-eu-se-soglasija-za-prodolzhuvane-na-privremenata-zashtita-za-ukrainskite-begaltsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenkite-na-eu-se-soglasija-za-prodolzhuvane-na-privremenata-zashtita-za-ukrainskite-begaltsi/#respond Fri, 29 Sep 2023 05:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=883065

Земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за продолжување на мерката за привремената заштита на лицата кои бегаат од руската агресивна војна против Украина за уште една година до 4 март 2025 година, со цел да им се гарантира сигурност за повеќе од четири милиони украински бегалци кои моментно живеат во Унијата. По тој повод шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, порача дека Унијата ќе го поддржува украинскиот народ онолку долго колку што ќе биде потребно. - Продолжувањето на статусот на заштита им нуди сигурност на повеќе од четири милиони бегалци кои најдоа безбедно засолниште во ЕУ, нагласи Гранде-Марласка Гомез. Механизмот за привремена заштита беше активиран на 4 март 2022 година, само неколку дена по стартот на руската инвазија на Украина, и тој им овозможува на бегалците од Украина да уживаат права за престој, социјална и здравствена заштита, образование за децата, како и пристап до пазарот на труд во членките на ЕУ. Првично механизмот беше со важност од една година, но потоа беше продолжен во два наврати до 4 март 2024 година, а сега Европската комисија предлага тој да трае до 4 март 2025 година. По постигнувањето на политичкиот договор на министерски состанок на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата, Европскиот совет сега треба и формално да ја усвои одлуката за продолжување на привремената заштита. Инаку, привремената заштита е механизам на ЕУ кој се активира во исклучителни околности на масовен прилив на бегалци. ЕУ ја донесе Директивата за привремена заштита во 2001 година, поттикната од раселувањето и приливот на бегалци поради вооружените конфликти на Балканот, пред се од Босна и Херцеговина и Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenkite-na-eu-se-soglasija-za-prodolzhuvane-na-privremenata-zashtita-za-ukrainskite-begaltsi/feed/ 0
Повеќето украински бегалци кои пристигнаа во Белгија останаа во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveketo-ukrainski-begaltsi-koi-pristignaa-vo-belgija-ostanaa-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveketo-ukrainski-begaltsi-koi-pristignaa-vo-belgija-ostanaa-vo-zemjata/#respond Thu, 23 Feb 2023 09:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=804064

Деведесет отсто од украинските бегалци кои пристигнале во Белгија останале во земјата, според бројките цитирани во локалните медиуми една година по почетокот на војната во Украина. Забележано е дека 63 илјади Украинци се засолнети во Белгија, а дневно пристигнуваат меѓу 50 и 100 нивни сонародници. Украинците добиваат од белгиските социјални служби околу 1.000 евра месечно за основни трошоци. Белгија беше меѓу првите земји што обезбеди воена помош за Украина. Обезбедената белгиска воена и хуманитарна помош е еднаква на 0,5 отсто од националниот бруто домашен производ, неодамна прецизираа локалните власти. Медиумите забележуваат дека белгискиот бизнис се уште не е повлечен од Русија. Се објаснува дека некои од компаниите одлучиле да не заминуваат, некои го чекаат развојот на војната, а други се уште не успеале да ги затворат своите активности во земјата. Вкупно, во Русија има околу 240 белгиски компании, а од почетокот на војната нивниот број не е значително променет, додаваат медиумите. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveketo-ukrainski-begaltsi-koi-pristignaa-vo-belgija-ostanaa-vo-zemjata/feed/ 0
Прифаќањето украински бегалци ја чини Франција речиси 500 милиони евра годишно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifakaneto-ukrainski-begaltsi-ja-chini-frantsija-rechisi-500-milioni-evra-godishno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifakaneto-ukrainski-begaltsi-ja-chini-frantsija-rechisi-500-milioni-evra-godishno/#respond Thu, 23 Feb 2023 07:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=803973

Прифаќањето украински бегалци ја чинеше Франција речиси 500 милиони евра за една година - пари потрошени главно за сместување и плаќање помош на околу 100.000 луѓе низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи во пресрет на првата годишнина од почетокот на конфликтот во Украина. Од почетокот на војната, која го предизвика најголемото движење на бегалци во Европа по Втората светска војна, Франција одвои повеќе од 490 милиони евра за да понуди „шема за прием без преседан“, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Речиси 220 милиони евра се потрошени за исплата на „помош за лицата кои имаат привремена заштита“, околу 260 милиони евра за сместување и 10,1 милиони евра за дневни трошоци и превоз. Домувањето, кое сочинува половина од трошоците за сместување на бегалците од Украина, вклучува хотели и центри за одмор, како и итно сместување (30.000 во екот на кризата во март и април 2022 година) и центри за привремено сместување, откриени низ цела Франција. Уште околу 30.000 украински бегалци се сместени во домовите на граѓаните. Околу 900 од овие француски домаќинства за оваа намена добиле државна парична помош во вредност од над 786.000 евра. Според Министерството за внатрешни работи, меѓу 10 март 2022 година и 30 јануари 2023 година, Франција прифатила повеќе од 100.000 Украинци, од кои речиси 80 отсто биле жени. Властите издадоа дозволи за привремен престој на 87.928 Украинци (не вклучувајќи ги децата). Бројот на дозволи е скоро 146.000, вклучувајќи ги и обновувањата. Привремените дозволи важат шест месеци и се обновуваат. Тие им дозволуваат на Украинците легално да бидат во Франција без да мора да аплицираат за статус на бегалци. Благодарение на нив, тие луѓе можат да имаат корист од голем број социјални права (на работа, здравствени услуги, училишно образование за деца). (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifakaneto-ukrainski-begaltsi-ja-chini-frantsija-rechisi-500-milioni-evra-godishno/feed/ 0
Истражување: Над една третина од украинските бегалци планираат да останат во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-nad-edna-tretina-od-ukrainskite-begalci-planiraat-da-ostanat-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-nad-edna-tretina-od-ukrainskite-begalci-planiraat-da-ostanat-vo-germanija/#respond Thu, 15 Dec 2022 13:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=776122

Повеќе од една третина од бегалците од Украина сакаат трајно да останат во Германија, а повеќето се чувствуваат добредојдени, покажува истражувањето објавено денеска во Германија. „Меѓу анкетираните украински бегалци, 26 отсто изјавиле дека сакаат засекогаш да останат во Германија, а 11 отсто планираат да останат најмалку неколку години“, се наведува во студијата „Бегалци од Украина во Германија – бегалци, доаѓање и живот“, која заеднички ја објавија Федералната миграциска канцеларија и Институтот за германски економски истражувања. Според истражувањето, околу една третина сакаат да се вратат во Украина по завршувањето на војната, додека 27 отсто од анкетираните бегалци се уште се неопределени. Во меѓувреме, дури 17 отсто од украинските бегалци нашле постојано вработување, за кое кај 71 отсто од случаите е потребно високо образование. „Во споредба со искуството на претходните групи бегалци, ова е многу висок процент“, рече Херберт Брукер од Федералната канцеларија за миграција при претставувањето на студијата во Берлин. Експертите сметаат дека бројот на вработени меѓу бегалците ќе се зголеми по надминување на јазичната бариера. Повеќе од половина од бегалците посетуваат курс по германски јазик. Во моментов има нешто повеќе од еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија во текот на годината поради рускиот напад на Украина. Осумдесет проценти од возрасните бегалци се жени. Огромното мнозинство од испитаниците се чувствуваат добредојдени во Германија, додека само седум отсто рекле дека не се чувствуваат добредојдени.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-nad-edna-tretina-od-ukrainskite-begalci-planiraat-da-ostanat-vo-germanija/feed/ 0
Егеленд: Во ЕУ зимава ќе пристигнат стотици илјади украински бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egelend-vo-eu-zimava-kje-pristignat-stotici-iljadi-ukrainski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egelend-vo-eu-zimava-kje-pristignat-stotici-iljadi-ukrainski-begalci/#respond Mon, 12 Dec 2022 20:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=774622

Шефот на Норвешкиот совет за бегалци изјави дека, поради неподносливите зимски услови во кои во моментов живеат Украинците, очекува нивен нов бран од стотици илјади бегалци во Европа. Имено, милиони луѓе во Украина останаа без греење, вода за пиење и струја во моменти кога температурите драстично паѓаат, а се резултат на серијата ракетни напади на Русија врз украинската енергетска инфраструктура. Јан Егеланд, претседател на Норвешкиот совет за бегалци, изјави дека „никој не знае колку ќе дојдат, но ќе бидат стотици илјади. -Ова ужасно и нелегално бомбардирање на цивилната инфраструктура го оневозможува животот на премногу места во Украина, рече Егеленд. Тој додаде и дека е загрижен оти кризата во Европа „ќе ги продлабочи и ќе ги засени кризите што се случуваат на други места низ светот“. ОН соопштија дека околу 18 милиони луѓе, или 40 отсто од населението на Украина, зависат од странска помош. Од почетокот на војната, на 24 февруари, досега земјата ја напуштиле 7,8 милиони Украинци, пребегнувајќи во други европски земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egelend-vo-eu-zimava-kje-pristignat-stotici-iljadi-ukrainski-begalci/feed/ 0
ЕК обезбеди уште 100 милиони евра помош за украинските бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=753230

Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 милиони евра за поддршка на бегалците во април. Првата транша од 248 милиони евра им е испорачана на земјите од соседството на Киев, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Унгарија, а оваа втора транша оди за Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Литванија и Латвија. Помошта служи за храна, превоз, сместување, како и помош за ранливи категории. Останатите 52 милиони евра ќе бидат ослободени подоцна за нови потреби како психолошка помош. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/feed/ 0
ОН: Украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради несигурност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ukrainski-begalci-ja-napushtaat-bugarija-poradi-nesigurnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ukrainski-begalci-ja-napushtaat-bugarija-poradi-nesigurnost/#respond Sun, 09 Oct 2022 14:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=743120

Многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Тоа го утврди Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јави БНР. Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од нив се жени и деца. Повеќе од 100 илјади луѓе од нив ја напуштиле Бугарија во периодот од 5 септември до 5 октомври, додаваат од меѓународната организација. Повеќето од оние што заминуваат се враќаат во Украина, а останатите заминуваат во други европски земји. Според организацијата, главната причина е неизвесноста околу сместувањето на бегалците во владините бази и хотели. Мерката беше воведена од кабинетот на Кирил Петков, а преодната влада ја продолжи до крајот на овој месец. Во моментов од неа имаат корист повеќе од 12 илјади бегалци. Друга причина е неможноста за плаќање наемнина. Во текот на зимата бегалците од најранливите групи ќе останат во Бугарија и ќе им треба заштита, наведуваат од ОН, пренесе БНР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ukrainski-begalci-ja-napushtaat-bugarija-poradi-nesigurnost/feed/ 0
Досега издадени 358 дозволи за привремен престој од хуманитарни причини за украински бегалци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-izdadeni-358-dozvoli-za-privremen-prestoj-od-humanitarni-prichini-za-ukrainski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-izdadeni-358-dozvoli-za-privremen-prestoj-od-humanitarni-prichini-za-ukrainski-begalci/#respond Fri, 07 Oct 2022 18:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=742633

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за МАКФАКС, меѓу другото, беше запрашан и за подготвеноста на државата за прифаќање на бегалците од Украина и дали државата е отворена за бегалци од Русија, имајќи ја предвид воената мобилизација на Руската Федерација. Министерот Спасовски го истакна ставот на Владата во однос на воената агресија на Русија врз Украина, односно дека Владата целосно ја има усогласено националната политика со политиката на ЕУ. „Зошто? Заради тоа што во ниту еден момент никој не смее да поддржи, да одобри завземање на територија на друга држава, рушење на човекови права и слободи, правото на самопопределување, на крајот од краиштата само заради тоа што некој е посилен од другиот. И во тој дел ние сме сосема на јасно”, истакна министерот Спасовски, при што ја потенцираше подготвеноста на државата да помогне на украинските државјани. „Ние сме подготвени, јас тоа го истакнав, заради тоа што имаше пласирање на информации коишто не кореспондираат со реалноста – дека државата не е подготвена да помогне на украинските државјани – нешто што апсолутно не е така. Јас ќе ви кажам низ бројки. Ние од 24.02.2022, кога започна војната, па се’ до 18.09.2022, на територија на РСМ влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани. Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите семејства. Притоа, најголем дел од овие луѓе се дојдени на ниво на пријателски, роднински и бизнис врски, затоа што работеле во одредени компании”, истакна министерот Спасовски. „Сакам да напоменам дека 4.130 лица се под 16-годишна возраст, а 664 се лица над 70-годишна возраст. Во истиот период, од почетокот на кризата до денес имаме издадено 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини. Тоа не е туристички престој, како што се шпекулираше во јавноста, односно дека на тој начин државата не била подготвена. Напротив, оние лица кои побарале привремен престој од хуманитарни причини, а такви се 358, го добиле тој статус, додека немаме лица кои побарале азил на територија на РСМ”, информираше министерот Спасовски. Министерот Спасовски објасни дека има и други државјани, вклучително и руски, кои побарале заштита на територијата на РСМ од повеќе причини, нагласувајќи дека низ процедурите во законот, како и со обврските од низа меѓународни договори и конвенции, таква заштита мора да се обезбеди, но податоците покажуваат дека не може да се зборува за некаков наплив на руски државјани. „Од 13.09.2022 до 26.09.2022 година кога практично беше и најактуелно прашањето за воена мобилизација во Русија, 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле, што значи дека тие транзитираат низ државата. Најголем дел – околу две третини ги користеле копнените гранични премини, додека мал дел меѓународниот аеродром во Скопје или Охрид”, подвлече министерот Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-izdadeni-358-dozvoli-za-privremen-prestoj-od-humanitarni-prichini-za-ukrainski-begalci/feed/ 0
ОН: Повеќето украински бегалци се надеваат дека на крај ќе се вратат во својот дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekjeto-ukrainski-begalci-se-nadevaat-deka-na-kraj-kje-se-vratat-vo-svojot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekjeto-ukrainski-begalci-se-nadevaat-deka-na-kraj-kje-se-vratat-vo-svojot-dom/#respond Wed, 13 Jul 2022 13:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=704532

Повеќето украински бегалци, главно жени и деца, се надеваат дека ќе ги напуштат земјите каде престојуваат и на крај ќе се вратат во својот дом, покажува новата студија на Обединетите Нации. Околу две третини од бегалците од Украина, очекуваат дека ќе останат во земјите каде што престојуваат сега, додека не се подобри безбедносната ситуација по руската инвазија, според истражувањето на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Студијата е изработена од средината на мај до средината на јуни, а анкетирани се околу 4.900 луѓе од Украина, кои сега живеат во Чешка, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка. Над 5,6 милиони бегалци досега се регистрирани во Европа. Притоа, 8,8 милиони луѓе излегле од Украина, а речиси 3,3 милиони се вратиле во земјата од почетокот на руската инвазија. Од оние кои сакаат да се вратат, 40 отсто планираат да го направат тоа наредниот месец, соопшти УНХЦР. – Нетрпеливи се да се обединат со пријателите и семејствата и се грижат за оние кои останале. Мнозинството сака да почекаат борбите да стивнат, се додава во соопштението.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekjeto-ukrainski-begalci-se-nadevaat-deka-na-kraj-kje-se-vratat-vo-svojot-dom/feed/ 0
Полска доби заем од 450 милиони евра за украинските бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-dobi-zaem-od-450-milioni-evra-za-ukrainskite-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-dobi-zaem-od-450-milioni-evra-za-ukrainskite-begalci/#respond Fri, 24 Jun 2022 12:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=695213

Полска денеска потпиша договор за заем од 450 милиони евра со Банката за развој на Советот на Европа. Средствата ќе бидат наменети за справување со бранот бегалци кои ја напуштија Украина по руската инвазија. Приближно 4,3 милиони бегалци пристигнаа во Полска откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Полска им обезбедува бесплатно сместување, социјална и медицинска нега, образование и можности за вработување. Голем број од украинските бегалци, кои пристигнаа во Полска се преселија во други држави, некои одлучија да се вратат дома, но се проценува дека половина од нив останале во Полска. Претходно овој месец, полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека процедурите за донесување одлуки во Европската Унија „понекогаш се премногу бавни“. Советот на Европа е составен од 46 земји, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ, и има за цел да ги заштити човековите права, демократијата и владеењето на правото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-dobi-zaem-od-450-milioni-evra-za-ukrainskite-begalci/feed/ 0