украински деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 09:01:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мареј донираше 630.000 долари за помош за украинските деца https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-donirashe-630-000-dolari-za-pomosh-za-ukrainskite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-donirashe-630-000-dolari-za-pomosh-za-ukrainskite-deca/#respond Fri, 16 Dec 2022 09:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=776451

Поранешниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди Мареј, е добитник на овогодишната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, а ја заслужи со својата посветеност за помош на украинските деца погодени од руската инвазија на нивната татковина. Мареј за време на турнирот во Индијан Велс одлучи својата заработка од наградниот фонд да ја донира за помош на децата во Украина, а износот на крајот од турнирот достигна околу 630.000 долари. „Куќите се бомбардирани, а семејствата иселени. Дечињата се погодени од оваа војна, многумина повредени, а некои и загинаа. Не бев сигурен како можам да помогнам, а потоа одлучив дека почнувајќи од Индијан Велс па натаму сите пари што ќе ги освојам на турнирите да ги донирам на УНИЦЕФ. Тоа ми даде дополнителна мотивација, се надевам дека уште некои играчи ќе се приклучат во собирањето донации“, рече Мареј. Здружението на тениски професионалци и професионалки АТП и ВТА, како и Меѓународната тениска федерација и организаторите на четирите грен – слем турнири донираа 700.000 долари, додека Швајцарецот Роџер Федерер, кој неодамна се повлече од тенисот, донираше половина милион долари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-donirashe-630-000-dolari-za-pomosh-za-ukrainskite-deca/feed/ 0
Џонсон со емотивно писмо до украинските деца: „Не сте сами“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-so-emotivno-pismo-do-ukrainskite-deca-ne-ste-sami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-so-emotivno-pismo-do-ukrainskite-deca-ne-ste-sami/#respond Mon, 23 May 2022 08:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=680375

Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца, нагласувајќи дека тие се пример за другите и оти „Велика Британија никогаш нема да ги заборави“. Тој напиша дека да не била таквата ситуација, тие сега би излегувала со пријателите после училиште, би играла фудбал и би уживала во безгрижниот живот. – Но, ова е посебна година за вас, наведе Џонсон. Во писмото го споменува неговото патување во април во Киев, каде што се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски кога тој пофали „одлучното лидерство и големото херојство“ на украинскиот претседател. Тој им порача на децата на Украина дека треба „да бидат неизмерно горди на својата земја, нивните родители, нивните семејства и нивните војници, а најмногу на самите себе“. – Многу од вас виделе или доживеале нешто на кое ниедно дете не смее да сведочи. Сепак, секојдневно не учите што значи да се биде силен и достоинствен, да се држи главата високо и во најтешките моменти. Не можам да се сетам на подобар пример за децата и возрасните, напиша британскиот премиер. Според УНИЦЕФ, од Украина досега избегале два милиони деца, од кои повеќе од половина пристигнале во Полска. – Не сте сами. Можеби сте одвоени од вашите пријатели дома, но имате милиони други ширум светот. Овде во Обединетото Кралство имаме украински знамиња на нашите домови, канцеларии, цркви, продавници и игралишта. Дури и на мојот кров во Даунинг стрит, каде што прозорците се полни со сончогледи нацртани од британски деца, напиша Џонсон. – Нашите млади луѓе го цртаат вашето знаме во училниците и прават сини и жолти нараквици за поддршка на вашата земја. Верувам, како и вашиот претседател, дека Украина ќе победи во оваа војна. Се надевам дека еден ден наскоро ќе можете слободно да се вратите дома, во своите училишта, кај своите семејства“, додаде тој. – И што и да се случи, без разлика колку време е потребно, ние во Обединетото Кралство никогаш нема да ве заборавиме и секогаш со гордост ќе ве нарекуваме наши пријатели, заклучи британскиот премиер во писмото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-so-emotivno-pismo-do-ukrainskite-deca-ne-ste-sami/feed/ 0