украински дронови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 06:47:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински дронови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија тврди дека соборила два украински дронови во регионот на Белгород https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-soborila-dva-ukrainski-dronovi-vo-regionot-na-belgorod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-soborila-dva-ukrainski-dronovi-vo-regionot-na-belgorod/#respond Mon, 11 Sep 2023 06:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=876792

Руските власти утринава соопштија дека собориле двe украински беспилотни летала над регионот Белгород, на границата со Украина и додадоа дека нема жртви. -Системите за противвоздушна одбрана уништија две беспилотни летала над територијата на регионот Белгород утрово околу 01:20 часот по локално време, соопшти руското Министерство за одбрана. Се додава дека одбранбениот систем функционирал во градскиот округ Јаковљевски. -Беа соборени два дрона. Нема жртви, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм, додавајќи дека остатоците од авионот паднале на патот во близина на станбена зграда. Регионот Белгород се наоѓа на запад од Русија, на границата со Харков од украинската страна. Украинската офанзива со беспилотни летала против руските градови, без разлика дали се во близина на Украина, на анектираниот полуостров Крим или во руската престолнина, се интензивираше во последните месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-soborila-dva-ukrainski-dronovi-vo-regionot-na-belgorod/feed/ 0
Руско МО: Соборени три украински дронови над регионот Калуга, во близина на Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-soboreni-tri-ukrainski-dronovi-nad-regionot-kaluga-vo-blizina-na-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-soboreni-tri-ukrainski-dronovi-nad-regionot-kaluga-vo-blizina-na-moskva/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=867213

Руската противвоздушна одбрана рано утринава пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. „Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, јави министерството на каналот Телеграм. Си-ен-ен јавува дека во последните неколку месеци има се повеќе украински напади врз руска територија, а Киев предупредува дека ќе ги има уште повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-soboreni-tri-ukrainski-dronovi-nad-regionot-kaluga-vo-blizina-na-moskva/feed/ 0
Руско МО: Спречен обид за напад со украински дронови врз базата во Новоросијск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/#respond Fri, 04 Aug 2023 06:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=863177

Уништени се два брода без екипаж со кои вооружените сили на Украина се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Вооружените сили на Украина синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск користејќи два чамца без екипаж. Беспилотните чамци беа визуелно откриени и уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови кои ја чуваа поморската база“, соопшти руското Министерство. Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев изјави дека нема жртви или материјална штета. Претходно, итната служба на Новоросијск посочи дека добиле информации за експлозии во водите на Новоросијск и селото Мишако. Каспискиот нафтоводен конзорциум соопшти дека продолжува нормално да испорачува нафта на терминалот во близина на Новоросијск и дека нема оштетувања на инфраструктурата. како што посочуваат, движењето на пловните објекти во пристаништето Новоросијск е привремено забрането. Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/feed/ 0