украински енергетски капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 17:55:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински енергетски капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската армија потврди дека извршила напади врз украински енергетски капацитети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-potvrdi-deka-izvrshila-napadi-vrz-ukrainski-energetski-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-potvrdi-deka-izvrshila-napadi-vrz-ukrainski-energetski-kapaciteti/#respond Mon, 31 Oct 2022 17:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=753409

Руското Министерство за одбрана денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови. „Утврдените цели на нападите беа постигнати. Сите целни објекти беа погодени“, реферираше портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков. Низ Украина и изутринава беа активирани алармите за воздушни напади, поради десетина ракетни напади извршени во повеќе региони. Според Киев, украинските противвоздушни сили успеале да соборат поголем дел од ракетите, а бил употребен и германскиот систем „ИРИС-Т“ што демонстрирал стопроцентна успешност во уништувањето на предвидените цели. Украина уште еднаш побара испорака дополнителни такви противракетни системи. Цел на руските напади биле и хидроцентралите, важни за одржувањето на системот за снабдување со електрична енергија. Поради нападите имало прекин во испораките струја, а проблеми имало и во водоснабдувањето на главниот град. Според Конашенков, руските трупи успеале да одбијат низа поединечни напади на украинските сили во регионите Луганск и Херсон. Во регионите Доњецк и Херсон биле уништени четири складишта за муниција и неколку беспилотни летала, информација што не е потврдена од независни извори. Неколку седмици руските сили ракетираат цели во Украина, со напади во раните утрински часови кога има раздвиженост низ населените места. Во нападите беа регистрирани загинати и ранети. Нема информации за жртви во денешните ракетирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-potvrdi-deka-izvrshila-napadi-vrz-ukrainski-energetski-kapaciteti/feed/ 0