Украински парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 15:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Украински парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинскиот парламент одобри зголемување на трошоците за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-odobri-zgolemuvane-na-troshotsite-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-odobri-zgolemuvane-na-troshotsite-za-odbrana/#respond Fri, 06 Oct 2023 15:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=886170

Украинскиот парламент денеска одобри зголемување од 8,28 милијарди долари (303 милијарди украински гривни) на трошоците за одбрана до крајот на годината, соопштија пратениците. Средствата ќе бидат додадени на овогодинешното буџетско финансирање за безбедносниот и одбранбениот сектор, во износ од околу 45,5 милијарди американски долари (1,67 трилиони гривни), што претставува 26,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Роксолана Пидласа, претседателка на парламентарната комисија за буџет, на Фејсбук објави дека Врховната Рада (Украинскиот парламент) го одобрила предлог-законот за измена на државниот буџет за тековната година, со кој ќе се издвојат дополнителни средства за потребите на одбраната. Според Министерството за финансии, 6,14 милијарди долари (225 милијарди гривни) ќе бидат искористени за финансиска поддршка на воениот персонал, а 2,13 милијарди долари (78 милијарди гривни) за набавка на воена опрема и други неопходни трошоци. За измените на државниот буџет за 2023 година, кои се трети оваа година, потребно е одобрение од претседателот Володимир Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-odobri-zgolemuvane-na-troshotsite-za-odbrana/feed/ 0
Украинскиот Парламент бара исклучување на Русија од ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-bara-iskluchuvanje-na-rusija-od-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-bara-iskluchuvanje-na-rusija-od-on/#respond Fri, 25 Nov 2022 16:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=766649

Украинскиот Парламент денеска усвои нацрт-резолуција со која бара признавање на Руската Федерација како „држава спонзор на тероризмот“ и бараат нејзино исклучување од Обединетите нации, се наведува на веб-страницата на украинскиот парламент. Како иницијатор се наведуваат претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук и голем број други парламентарци. „Во нацрт-резолуцијата на Врховната Рада на Украина се наведува дека рускиот режим се нарекува терористички. Исто така, се поставува прашањето за легитимноста на Руската Федерација да остане во ОН и се бара одговорност од членовите на руските политички партии што поддржуваат агресија“, се наведува во документот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-bara-iskluchuvanje-na-rusija-od-on/feed/ 0
Украинскиот парламент го избра Андриј Костин за јавен обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=710868

Врховната Рада – Парламентот на Украина го одобри назначувањето на Андриј Костин за јавен обвинител на земјата, објави Укринформ. Предлогот за негово именување на оваа функција утрово го поднесе шефот на државата Володимир Зеленски. Одлуката е усвоена со гласовите на 299 пратеници од вкупно 450, прецизираше на Телеграм Јулија Паличук, прес-секретар на претседателската партиска група „Слуга на народот“. Андриј Костин, член на оваа партија, моментално раководи со собраниската Комисија за правна политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/feed/ 0
Знамето на ЕУ влезе во украинскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/znameto-na-eu-vleze-vo-ukrainskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/znameto-na-eu-vleze-vo-ukrainskiot-parlament/#respond Fri, 01 Jul 2022 09:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=698275

Знамето на Европската Унија симболично беше поставено во пленарната сала на украинскиот Парламент, а претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор преку видео линк во чест на кандидатскиот статус за влез во ЕУ за Украина. – Украина е земја кандидат за приклучување на Европската Унија – нешто што се чинеше речиси незамисливо пред само пет месеци. Па денеска е момент да се прослави оваа историска пресвртница, победа на одлучноста и решителноста и победа за целото движење што започна пред осум години на Мајдан, истакна меѓу другото, Фон дер Лајен, јави Скај њуз. Таа ја повика Украина да ги забрза реформите во областа на борбата против корупцијата, уверувајќи ја земјата во поддршката од 27-те членки на „долгиот пат“ кон членство во ЕУ. Беше пофален и напредокот на Украина, додека во земјата се водат битки од 24 февруари, кога започна руската инвазија. Медиуми коментираат дека се очекува процесот за влез на земјата во Унијата, да трае повеќе години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/znameto-na-eu-vleze-vo-ukrainskiot-parlament/feed/ 0
Украинскиот парламент ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-ja-ratifikuvashe-istanbulskata-konvencija-za-nasilstvo-vrz-zenite-i-semejno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-ja-ratifikuvashe-istanbulskata-konvencija-za-nasilstvo-vrz-zenite-i-semejno-nasilstvo/#respond Mon, 20 Jun 2022 15:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=693297

Украинската Врховна рада (Парламент) денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство, пренесоа светските агенции. „Историска одлука. Истанбулската конвенција е ратификувана“, се вели на официјалниот Твитер профил на украинскиот Парламент. Според официјалното пребројување, 259 пратеници гласале „за“, 8 гласале против, 28 гласале со празни ливчиња и 47 биле воздржани. „Историски настан што ќе не однесе уште побрзо во Европската унија“, напиша на Твитер Александар Кориненко, првиот заменик-претседател на Парламентот. Постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергиј Кислица рече дека „претседателот Володимир Зеленски и сите пратеници кои гласаа за ратификација прекинаа уште една алка што ја држеше Украина во рускиот свет“. Ратификацијата на овој меѓународен договор ќе ја „консолидира долгорочната посветеност на Украина за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство“, рече Олга Стефанишина, заменик-премиер за европска интеграција на земјата. Конвенцијата, која беше усвоена во Истанбул од 47 земји-членки на Советот на Европа во 2011 година, стана првиот европски договор во оваа насока.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-ja-ratifikuvashe-istanbulskata-konvencija-za-nasilstvo-vrz-zenite-i-semejno-nasilstvo/feed/ 0