Украински работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 15:57:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Украински работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украински работници би можеле да бидат ангажирани во чешките фабрики за оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/#respond Mon, 12 Dec 2022 15:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=774526

Квалификувани украински работници би можеле да пополнат илјадници слободни работни места во чешката индустрија за оружје, за да помогнат во задоволувањето на зголемената побарувачка предизвикана од војната во Украина, изјави денеска чешкиот заменик-министер за одбрана, Томаш Копечни. Чешката Република е еден од најголемите доставувачи на оружје за Киев меѓу членките на НАТО. Испораките сепак, значително ги исцрпија залихите, а официјалните лица предупредија дека може да поминат години пред да се надополнат. Некои чешки производители на оружје веќе посочија на потребата од дополнителен број работници. „Ќе се отворат илјадници работни места“, рече Копечни, сугерирајќи дека работниците би можеле да дојдат од Украина чија наменска индустрија е мета на руски напади. „Сè зависи од тоа колку ќе се зголемат производствените капацитети на чешките компании или производството на заедничките чешко-украински фабрики за оружје“, рече тој. Копечни рече дека чешкиот премиер Петр Фиала на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во октомври дал согласност за прифат на квалификувани работници од украинската наменска индустрија. Михал Стрнад, првиот човек во големата фабрика за оружје „Чехословак Груп“, минатата недела изјави дека украинските сили неделно трошат до 40 илјади гранати изработени од наменската индустрија на Запад. „Многу работи и беа испорачани на Украина. Меѓутоа, факт е дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле затоа што немаат доволно муниција“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/feed/ 0