украински сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Oct 2022 14:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинските сили ги пробија руските линии на фронтот на југот на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-probija-ruskite-linii-na-frontot-na-jugot-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-probija-ruskite-linii-na-frontot-na-jugot-na-zemjata/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=740500

Украинските сили денеска го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната, пробивајќи ја линијата на фронтот и брзо напредуваат долж реката Днепар, со можност да опкружат илјадници руски војници, јави Ројтерс. Како што пренесува Хина, Киев официјално не го потврди ова, но руски извори признаа дека украинската тенковска офанзива напредувала десетици километри долж западниот брег на реката и дека голем број села на патот биле освоени. Ова ги одразува неодамнешните големи успеси на Украина на истокот од земјата, кои направија пресврт во војната, иако Москва ја зголеми ескалацијата со анексија на освоените територии, прогласувајќи делумна мобилизација и заканувајќи се со нуклеарна одмазда, коментира агенцијата. – Информациите се напнати, да се изразиме така, бидејќи, да, навистина имаше пробив, изјави за руската државна телевизија Владимир Салдо, проруски функционер во окупираната област Херсон. – Постои населба наречена Дудчани, веднаш до реката Днепар, и таму, во таа област, имаше пробив. Таму има населби кои беа окупирани од украинските сили, рече тој. Дудчани се наоѓа на околу 40 километри јужно од местото каде што пред само еден ден се наоѓаше линијата на фронтот, што укажува дека ова е едно од најбрзите напредувања на украинските сили досега и убедливо најбрзото на југот на земјата, каде што беа руските сили. вкопани во силни утврдени позиции, а линијата на фронтот беше главно статична уште од првите недели од инвазијата. Киев речиси целосно молчи за ова, како што беше случај и при претходните големи офанзиви, но некои официјални лица споменаа непотврдени извештаи за напредување на украинските сили, пренесува Хина. Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, објави фотографија од украинските војници кои позираат со знаме на статуата на ангел. Тој рече дека селото Михаиливки е на околу 20 километри од претходната линија на фронтот. Само неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи провинциите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за руска територија, Украина го зазеде Лиман, главното руско упориште северно од Доњецк. Ова им го отвора патот да напредуваат длабоко во Луганск. Украинските сили на југ ги напаѓаат линиите за снабдување на илјадници руски војници, можеби дури 25.000, на западниот брег на реките Днепар, каде што Русија испрати големи сили за да ја запре украинската контраофанзива. Украина ги уништи и главните мостови на реката Днепар, принудувајќи ги руските сили да користат импровизирани премини. Понатамошниот напредок по должината на реката би можел да ги доведе преостанатите премини во дострел на артилеријата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-probija-ruskite-linii-na-frontot-na-jugot-na-zemjata/feed/ 0
Украинските сили уништиле складиште за муниција и понтонски мост во контраофанзивата во јужниот дел на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-unishtile-skladishte-za-municija-i-pontonski-most-vo-kontraofanzivata-vo-juzniot-del-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-unishtile-skladishte-za-municija-i-pontonski-most-vo-kontraofanzivata-vo-juzniot-del-na-zemjata/#respond Mon, 05 Sep 2022 10:03:58 +0000 https://kurir.mk/?p=728828

Украинските сили денеска соопштија дека во рамки на контраофанзивата во јужниот дел на земјата уништиле складиште за муниција и понтонски мост и зазеле неколку локации. „Уништено е складиште за непријателска муниција во близина на локацијата Томина Балка западно од градот Херсон, како и понтонски мост кај селото Лавов и контролен центар на руската армија југоисточно од Херсон“, соопшти преку Фејсбук јужната команда на украинската армија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа најави преземање на „две локации на југот и една на исток“, без да се прецизира за кои места станува збор. Претставникот на претседателската администрација, Кирило Тимошенко, изјави дека украинското знаме се вее во селото Високопилија во северниот дел на областа Херсон која речиси целосно е под контрола на руските сили. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-unishtile-skladishte-za-municija-i-pontonski-most-vo-kontraofanzivata-vo-juzniot-del-na-zemjata/feed/ 0
Украинските сили го гранатираа селото Бела Березка во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-go-granatiraa-seloto-bela-berezka-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-go-granatiraa-seloto-bela-berezka-vo-rusija/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=704224

Украинската артилерија синоќа го гранатираше селото Бела Березка, округот Трубчевски, објави РИА Новости. Кон селото беа испукани околу 18 минофрлачки гранати. Гувернерот на рускиот град Брјанск Олександар Богомаз изјави дека украинските сили го гранатирале селото Бела Березка со околу 18 минофрлачки гранати, но дека нема жртви и повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-go-granatiraa-seloto-bela-berezka-vo-rusija/feed/ 0
Велика Британија: Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции источно од Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-ukrainskite-sili-gi-vratija-gradovite-i-odbranbenite-pozicii-istochno-od-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-ukrainskite-sili-gi-vratija-gradovite-i-odbranbenite-pozicii-istochno-od-kiev/#respond Fri, 25 Mar 2022 09:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=653110

Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, објави британското Министерство за одбрана. -Украинските контранапади и неможноста на руските сили да ги задржат развлечените линии за снабдување ѝ овозможија на Украина повторно да ги заземе градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев. Украинските сили веројатно ќе продолжат со обиди за потиснување на руските сили северозападно од Киев, кон аеродромот Хостомел, се наведува во соопштението. Во соопштението се додава и дека во јужниот дел на Украина, руск ите сили сè уште се обидуваат да го заобиколат Миколајив, со цел да тргнат кон Одеса, а нивниот напредок го забавуваат логистичките проблеми, како и украинскиот отпор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-ukrainskite-sili-gi-vratija-gradovite-i-odbranbenite-pozicii-istochno-od-kiev/feed/ 0
Од понеделник прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/#respond Fri, 24 Jul 2020 06:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=380610

Договор е постигнат меѓу Украина, Русија и ОБСЕ за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина, што ќе стапи на сила од понеделник, соопшти Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Овој чекор е резултат на ефикасна работа на украинската делегација со поддршка на партнери од Берлин и Париз“, се вели во соопштението. Во него се додава дека целосно и сеопфатно примирје, доколку другата страна го почитува, е предуслов за спроведување на договорот од Минск. Договорот, заедно со повлекување на тешко оружје и странски вооружени сили од зоната на конфликтот, предвидува спроведување на уставни реформи, вклучително и изработка на нов устав и „децентрализација“ на регионите Доњецк и Лугањск во договор со претставниците на тие зони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/feed/ 0