украински власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 08:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинската армија тврди дека соборила 29 руски крстосувачки ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-soborila-29-ruski-krstosuvachki-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-soborila-29-ruski-krstosuvachki-raketi/#respond Thu, 18 May 2023 08:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=835678

Украинските власти денеска соопштија дека противвоздушната одбрана синоќа соборила 29 руски крстосувачки ракети, чија мета бил Киев и други региони. Руските окупатори извршија неколку ракетни напади од различни правци. Лансирани се вкупно 30 крстосувачки ракети, од кои 29 се соборени, соопшти украинската армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-soborila-29-ruski-krstosuvachki-raketi/feed/ 0
Украински власти: Голем руски напад врз енергетската инфраструктура на државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/#respond Mon, 31 Oct 2022 07:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=752938

Украинските власти денеска ја обвинија Русија за нов „голем напад“ врз енергетската инфраструктура на државата, откако властите најавија прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во главниот град. „Руските терористи повторно извршија голем напад врз електричната инфраструктура во голем број украински региони“, изјави заменик-шефот на украинското претседателство, Кирило Тимошенко. Неколку експлозии го потресоа Киев денеска само неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим во Црното Море. Најмалку пет експлозии се регистрирани утрово во главниот град на Украина помеѓу 8:00 часот (06:00 GMT) и 8:20 часот. Киев веќе беше погоден на 10 и 17 октомври со беспилотни летала. По денешните експлозии, градоначалникот Виталиј Кличко во порака на Телеграма нагласи: „Една област на Киев е без струја, а одредени области без вода по руските напади“. Нападот врз украинскиот главен град се случува откако Русија се повлече од историскиот договор со кој се дозволени витални пратки со жито преку поморскиот безбедносен коридор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/feed/ 0
Украински власти: Киднапиран уште еден висок функционер од АЕЦ Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-kidnapiran-ushte-eden-visok-funkcioner-od-aec-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-kidnapiran-ushte-eden-visok-funkcioner-od-aec-zaporozje/#respond Tue, 11 Oct 2022 14:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=743919

Украинската државна агенција за нуклеарна енергија ги обвини руските сили поради приведување и малтретирање на уште еден висок функционер во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина што е под руска контрола. Во соопштението се вели дека руските сили го „киднапирале“ заменик генералниот директор за човечки ресурси во Запорожје, Валериј Мартиниук и го повикале шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, кој е во посета на Русија да обезбеди негово ослободување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-kidnapiran-ushte-eden-visok-funkcioner-od-aec-zaporozje/feed/ 0
Украински власти: Се верува дека 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/#respond Wed, 25 May 2022 07:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=681164

Според украинските власти, за околу 20.000 случаи се верува оти се воени злосторства, евидентирани во трите месеци од руската инвазија, јави ДПА. Само полициските истражители регистрирале 13.500 такви случаи, изјави министерот за внатрешни работи, Денис Монастирски, во текот на вчерашниот ден на украинска телевизија. – Ние работиме со странски обвинители, заедно со истражувачки тимови и експерти, но, најголем дел од работата го вршат украински службеници за спроведување на законот, појасни тој. Собраните докази ќе им бидат дадени на меѓународни тела, со цел Русите обвинети за воени злосторства да бидат одведени во суд, додаде министерот. Млад руски војник беше осуден на доживотна казна затвор во Украина, во првото судење за воено злосторство од руската инвазија на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/feed/ 0
Украински власти тврдат дека руските сили пукале во автобуси со цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/#respond Fri, 15 Apr 2022 12:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=663596

Украинските власти денеска соопштија дека седум лица загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган врз автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харков. Како што пренесе Бета, регионалното обвинителство соопшти дека украинските безбедносни агенции работат на утврдување на околностите на нападот. Инспекторите, исто така, ги утврдуваат маршрутите и дестинацијата на возилата што превезуваат цивили преку територијата под руска контрола околу селото Бороваја. Обвинителството информира дека покренало кривична постапка поради сомнение за „повреда на законите и обичаите на војната, во комбинација со убиство со умисла“. Информациите не можат да се потврдат од независни извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/feed/ 0
Украински официјални лица: Руски војници изложени на радијација во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-oficijalni-lica-ruski-vojnici-izlozeni-na-radijacija-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-oficijalni-lica-ruski-vojnici-izlozeni-na-radijacija-vo-chernobil/#respond Fri, 01 Apr 2022 15:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=657062

Според украинските власти, руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил. Украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските војници ископале ровови во зоната околу реакторот и затоа се контаминирале со радиоактивен материјал. „Невозможно е да се измери степенот на радиоактивната контаминација на руските војници“, рече директорот на централата Валери Сејда. пренесе ДПА. Во интервју објавено на веб-страницата на агенцијата, шефот на Енергоатом Петро Котин рече дека војниците не се физичари и дека биле испратени во радиоактивно контаминираниот регион целосно несвесни. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на својата Фејсбук страница напиша дека примиле толку голема доза на зрачење што „нејзините последици ќе треба да им ги објаснат лекарите во заштитни одела“. Кремљ засега е без коментар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-oficijalni-lica-ruski-vojnici-izlozeni-na-radijacija-vo-chernobil/feed/ 0