украински војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 17:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украински војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјите од ЕУ годинава ќе обучуваат 30.000 украински војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-eu-godinava-ke-obuchuvaat-30-000-ukrainski-vojnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-eu-godinava-ke-obuchuvaat-30-000-ukrainski-vojnitsi/#respond Tue, 20 Jun 2023 17:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=847919

Земјите од Европската унија ќе обучуваат 30.000 украински војници во 2023 година, објави украинското Министерство за одбрана, додека армијата на земјата започна контраофанзива насочена кон ослободување на териториите окупирани од Русија. „Во 2023 година, во рамките на мисијата за воена помош на ЕУ за Украина, планирано е да се обучат 30.000 војници на украинските вооружени сили, вклучително и војници на Територијалните одбранбени сили“, се вели во соопштението на Министерството објавено на „Телеграм“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-eu-godinava-ke-obuchuvaat-30-000-ukrainski-vojnitsi/feed/ 0
Украинските војници на линијата на фронтот ќе добиваат дополнителни 2.700 долари месечно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnitsi-na-linijata-na-frontot-ke-dobivaat-dopolnitelni-2-700-dolari-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnitsi-na-linijata-na-frontot-ke-dobivaat-dopolnitelni-2-700-dolari-mesechno/#respond Thu, 20 Apr 2023 07:51:32 +0000 https://kurir.mk/?p=825765

Украинските војници ќе добиваат дополнителни 10.000 гривни (2.710 долари) месечно за нивната служба на линијата на фронтот во битката против руските војници, соопшти вчера украинската армија, јави ДПА. Со ова соопштение се става крај на шпекулациите за плати и надоместоци, забележува агенцијата. „Војникот кој и служи на својата земја и ја брани од агресорот, го става на ризик сопствениот живот и здравје и работи во исклучително тешки услови, мора да биде високо мотивиран“, се вели во соопштението на Генералштабот. Бонусот од 100.000 гривни е наменет само за „бранителите на првата линија“, се вели во соопштението. Војниците кои се стационирани во борбената зона, но не учествуваат директно во битките, како и војниците од воздушната одбрана, ќе добијат 30.000 гривни. Што се однесува до војниците стационирани во задниот дел, тие нема да добиваат надоместоци за војници од првата линија, посочува ДПА. Основната плата на сите војници е зголемена на речиси 20.000 гривни од почетокот на февруари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnitsi-na-linijata-na-frontot-ke-dobivaat-dopolnitelni-2-700-dolari-mesechno/feed/ 0
САД обучуваат украински војници во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/#respond Mon, 16 Jan 2023 09:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=787793

Во тренинг-центарот „Графенвор“ кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили. Мили кој денеска е предвидено да го посети центарот за обука, појасни дека војниците пристигнале од Украина пред неколку дена. За нивна обука се обезбедени целосни комплети оружје и опрема, а засега Пентагон одбива да прецизира кога точно ќе започне обуката. Агенциите објавуваат дека украинските војници ќе научат како подобро да се движат и да се координираат во баталјон, користејќи комбинирано артилерија, оклопни средства и копнени сили. Во изјавата дадена за новинарите кои патуваат со него во Европа Мили рече дека комплексната обука заедно со нов сет оружје, артилерија, тенкови и други борбени возила што се на пат кон Украина, ќе биде клучна за да и помогне на Украина да ја врати територијата заземена од руските сили. „Оваа поддршка е многу важна, бидејќи Украина ќе може да се одбрани. Се надеваме дека ќе можеме да го постигнеме тоа заедно за кратко време“, истакна Мили. Тој додава дека целта е целото ново оружје и опрема што ќе и биде доставено на Украина веднаш да биде употребливо за обучени војници, „некаде пред да почнат пролетните дождови“. „Тоа би било идеално“, рече Мили. Обуката покрај теренската работа предвидува и настава во училница и ќе започне со помали тимови, а потоа постепено ќе се зголемува со вклучување поголеми единици. САД веќе обучија повеќе од 3.100 украински војници да користат и одржуваат одредени видови оружје, вклучително ракување со американските хаубици и ракетните системи „ХИМАРС“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/feed/ 0
Амбасадорите на ЕУ одобрија мисија за обука на 15.000 украински војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorite-na-eu-odobrija-misija-za-obuka-na-15-000-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorite-na-eu-odobrija-misija-za-obuka-na-15-000-ukrainski-vojnici/#respond Fri, 14 Oct 2022 08:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=745165

Амбасадорите на ЕУ денеска едногласно одобрија мисија за воена обука за околу 15.000 војници на украинските вооружени сили, изјавија неколку дипломати за ДПА. Како одговор на руската војна против Украина, што почна пред речиси осум месеци, шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, во август ја покрена идејата за нова иницијатива за обука на украинските војници. Според претходните најави, мисијата може да вклучи обука во области како што се логистиката и заштитата од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, пренесува ДПА. Денешната одлука на амбасадорите на 27-те земји-членки на Европската унија треба официјално да биде одобрена и од шефовите на дипломатиите на ЕУ, во понеделник во Луксембург. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorite-na-eu-odobrija-misija-za-obuka-na-15-000-ukrainski-vojnici/feed/ 0
Шпигел: ЕУ ќе обучи 15.000 украински војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-eu-kje-obuchi-15-000-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-eu-kje-obuchi-15-000-ukrainski-vojnici/#respond Mon, 03 Oct 2022 18:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=740602

Земјите членки на Европската Унија се согласија да организираат обука за 15.000 украински војници што е можно поскоро, објави списанието Шпигел. Според планот, за кој ќе се преговара во Брисел следната недела, Полска ќе добие средства од ЕУ за формирање на седиштето, додека некои делови ќе се одвиваат во други земји од ЕУ. Шпигел во својот извештај се повикува на неименувани извори од ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц во август изјави дека Берлин ќе обучува украински војници, додека Данска најави дека ќе поддржи проект за обука на 130 војници предводен од Британија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-eu-kje-obuchi-15-000-ukrainski-vojnici/feed/ 0
Волас: Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=700810

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Волас. Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, јави Гардијан. „Во Велика Британија неодамна пристигна првата ротација на украински војници. Тие ќе посетуваат курсеви засновани на основна воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, патролна тактика и запознавање со законите за вооружани конфликти“, се наведува во соопштението на британското Министерство. За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди започнување голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, пишуваат британски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/feed/ 0
Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/#respond Thu, 30 Jun 2022 08:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=697675

Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија, вклучително и онаа за системи за лансирање ракети со повеќе цевки (МЛРС), што британската влада му ги доставува на Киев како форма на помош во борбата против руската артилерија. Новинарите беа поканети да ги снимаат деталите од обуката, каде што можеше да се види како украински војници ги товарат и пукаат од лесни топови со калибар од 105 милиметри за време на вежбите во Солсбери, јужна Англија, како дел од програмата за повеќе од 450 припадници на украинските вооружени сили поддржани од Нов Зеланд. Прикажани се и МЛРС системи кои се во употреба. Тоа е дел од поширокиот меѓународен пакет за поддршка за Киев, по руската инвазија на 24 февруари, со која Западот се обидува да и помогне на Украина да ги одбие руските сили преку обезбедување на се понапредни системи за оружје и обука за нивна употреба. За време на посетата на Киев овој месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/feed/ 0
Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/#respond Thu, 16 Jun 2022 09:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=691558

Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели. Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените сили на Украина имаат сила да ја продолжат битката, особено во Донбас. Според него, во моментов она што им недостига се оружје и муниција. – Имаме луѓе обучени за напад, за контранапад, но за тоа ни треба оружје, рече Арахамија. Тој додаде дека и покрај замрзнувањето на официјалните разговори со Руската Федерација, телефонскиот дијалог продолжува: тие комуницираат со Русите еднаш или двапати неделно. Според прогнозата на Арахамија, Руската Федерација целосно ќе го почувствува влијанието на западните санкции за три или четири години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/feed/ 0
Телата на убиените украински војници во Азовстал вратени во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/#respond Tue, 07 Jun 2022 06:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=687572

Руски војници ги вратија во Украина телата на десетици украински војници кои загинаа во челичарницата Азовстал. Според некои светски агенции, телата, наводно, биле префрлени во главниот град Киев, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти полкот Азов, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси три месеци пред да се предаде во мај. Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната. Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје. Ана Холовко, портпаролка на полкот Азов, изјави дека сите 160 украински тела што ги предале Русите се од урнатините на Азовстал. Таа рече дека најмалку 52 од тие тела се сметаат за останки на војниците на Азовскиот полк, а Максим Зорин, поранешен командант на полкот кој сега е на чело на воената единица со седиште во Киев, потврди дека меѓу разменетите има и тела од фабриката за челик. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека може да има повеќе од 2.500 затвореници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои сега се притворени во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Зеленски рече и дека плановите на Русија во однос на третманот на овие затвореници постојано се менуваат. Во исто време, руските сили продолжија да се борат за контрола на Северодоњецк, град во источна Украина кој е клучен за целта на Москва да заврши со заземање на индустрискиот регион Донбас. Зеленски изјави дека украинските сили ги држат своите позиции во градот, додека на улиците се водат жестоки битки и Русија се обидува да распореди повеќе сили во оваа област. – Ова е 103-ти ден, а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои, рече украинскиот претседател во своето ноќно обраќање до нацијата. Зеленски рече дека руските сили планираат да го заземат градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата, каде што живеат повеќе од 700.000 луѓе, што може сериозно да ја ослабне позицијата на Украина и да и овозможи на руската армија да напредува поблиску до централниот дел на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/feed/ 0
„Во Азовстал има уште околу илјада украински војници“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/#respond Wed, 18 May 2022 17:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=678610

Илјада украински војници со нивните команданти сè уште ја бранат својата позиција во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави денеска лидерот на проруските сепаратисти по информациите објавени од Москва дека 959 бранители се предале од понеделникот. На почетокот во челичарницата имаше „повеќе од 2.000 луѓе“, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка република Денис Пушилин на средба со новинари во Мариупол организирана од руското Министерство за одбрана. По предавањето, кое почна во понеделникот, останаа „малку повеќе од половина“, додаде тој, што значи околу илјада. „Командантите и високите офицери на баталјонот Азов сè уште не излегле“, рече лидерот на сепаратистите. Руското Министерство за одбрана денеска претпладне соопшти дека „во последните 24 часа се заробени 694 ветерани, меѓу кои 80 ранети“, додаде тој. Истиот извор наведува дека 51 биле примени во болницата во Новоазовск, која е под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а руските власти во повеќе наврати изјавија дека некои од нив не ги сметаат за војници, туку за неонацистички борци. Украинските власти, од друга страна, сакаат размена на воени заробеници. Пушилин рече дека „сите што се здрави се во притвор во колонијата Еленовскаја“. – Судбината на воените злосторници и националистите, доколку го положат оружјето, ќе ја реши судот, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/feed/ 0