украинско жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 15:52:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украинско жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија го ефективно го стопира договорот за извоз на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/#respond Mon, 08 May 2023 15:52:11 +0000 https://kurir.mk/?p=831905

Русија, кој пред два дена најави повлекување од Договорот за извоз на украинското жито поради напад на украинската армија врз руски бродови на Крим. ефективно го стопира Договорот, чија цел беше да се избегне глобалната криза со гладот. Украинскиот заменик министер за регионален развој Ихор Корховиј изјави дека пред повлекувањето на Русија од договорот, поголем број украински пристаништа се онеспособени за извоз на жито. - Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Така, четири или пет пристаништа се надвор од употреба. Тие пристаништа беа голем сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен, изјави Корховиј во интервју за хрватската новинска агенција ХИНА. Украина од мај се обидува да транспортира жито преку алтернативен пат, преку Дунав. Украинските пристаништа на Дунав, во регионот на Одеса, користат специјални бродови за речен транспорт. Ние тесно соработуваме со романската влада во однос на користењето на нивните пристаништа, посочи Корховиј. Со посредство на Турција и ОН во јули беше постигнат договор за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа блокирани од Русија по инвазијата на 24 февруари 2022 година. По договорот беа извезени повеќе од шест милиони тони жито. Договорот требаше да биде продолжен следниот месец. Русија пред десет дена рече дека договорот ќе зависи од тоа дали Западот ќе ги олабави санкциите кон Москва. ОН предупредуваат дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од пристаништето на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната криза со храна. Според податоци на ОН, Украина во 2019 година извезла 16 отсто од светските резерви на пченка и 42 отсто од сончогледово масло, според ОН. Русија е исто така еден од водечките светски извозници на житарки и ѓубрива. Падот на испораките ги зголеми цените на храната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0
Г7 повика на имплементација и проширување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/#respond Sun, 23 Apr 2023 11:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=826607

Групата седум економски најразвиени земји (Г7) повика денеска на „продолжување, целосна имплементација и проширување“ на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море, соопштија министрите за земјоделство од земјите - членки на групата. Претходниот договор беше со посредство на Обединетите нации и Турција и беше потпишан во Истанбул во јули минатата година, овозможувајќи и на Украина да извезе повеќе од 27 милиони тони жито од неколку нејзини пристаништа на Црното Море. Русија, сепак, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/feed/ 0
Фон дер Лајен за украинското жито: Од едностраните мерки имаат корист противниците на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-za-ukrainskoto-zhito-od-ednostranite-merki-imaat-korist-protivnitsite-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-za-ukrainskoto-zhito-od-ednostranite-merki-imaat-korist-protivnitsite-na-ukraina/#respond Wed, 19 Apr 2023 16:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=825586

Проблемите на земјоделците во земјите кои граничат со Украина поради увозот на евтини украински житарки можат да се решат само со заеднички, европски пристап, бидејќи од едностраните мерки имаат корист само украинските противници, се вели во писмото на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен до лидерите од петте земји-членки. „Со оглед на нашиот единствен пазар и нашата царинска унија, потребен е заеднички европски пристап за решавање на овие проблеми кои се резултат на различни фактори. Едностраните мерки можат само да имаат корист за противниците на Украина и не треба да ја поткопаат нашата непоколеблива поддршка за Украина“, стои во одговорот на претседателот на Комисијата на писмото што претходно и го испратија лидерите на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија. По рускиот напад на Украина, во мај минатата година Европската унија ги суспендираше царинските давачки за сите стоки увезени од Украина на една година. Поради руската блокада на црноморските пристаништа, ЕУ на граничните премини со Украина организираше т.н „солидарни ленти“ за побрз премин на украинските житарки кон трети земји. Но, добар дел од тие житарки завршија во магацините на земјите-членки на ЕУ, кои се соседи на Украина, што доведе до пад на цените и незадоволство на нивните земјоделци. Полска, која има парламентарни избори наесен и каде владејачката коалиција во голема мера зависи од поддршката на населението во руралните области, прва воведе забрана за увоз на украинско жито. Од Европската комисија посочуваат дека голем проблем за транзитот на украинските земјоделски производи во трети земји се логистичките трошоци кои се искачуваат и до 40 отсто од вредноста на стоката. Фон дер Лајен во средата најави дека подготвува дополнителен пакет од 100 милиони евра за помош на земјоделците во тие земји. Минатиот месец Комисијата додели 56,3 милиони евра на земјоделците во тие земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-za-ukrainskoto-zhito-od-ednostranite-merki-imaat-korist-protivnitsite-na-ukraina/feed/ 0
100 милиони евра од ЕУ како компензација за земјите погодени од увозот на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/#respond Wed, 19 Apr 2023 13:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=825510

Европската Унија планира да одвои 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина и планира да воведе ограничувања за увоз на украински житарици, соопшти денеска Европската комисија. Како што пренесува Јаху њуз, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарици на територијата на целата Унија се зголеми откако Полска и Унгарија воведоа забрани за увоз на одредени житарици од Украина во текот на викендот, а денеска истото го направи и Бугарија. И други источноевропски земји најавија слични мерки. Европската комисија е одговорна за трговската политика на Унијата, а медиумите посочуваат дека, како што ЕК ги нарече „превентивни мерки“ се подготвуваат за одредени категории жито и растително масло, пред се за пченица, пченка, семки од сончоглед и семе од репка. Според правилата, Европската Унија може да го ограничи увозот на производ во Унијата или дел од неа, а сепак да дозволи транзит. Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис подоцна денеска ќе разговара за ова прашање со министрите од земјите чии пазари се погодени, вклучително и Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка, како и со украинските колеги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0
Полска ќе го тестира квалитетот на украинското жито што го добива поради протестите на земјоделците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-go-testira-kvalitetot-na-ukrainskoto-zhito-shto-go-dobiva-poradi-protestite-na-zemjodeltsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-go-testira-kvalitetot-na-ukrainskoto-zhito-shto-go-dobiva-poradi-protestite-na-zemjodeltsite/#respond Wed, 12 Apr 2023 15:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=823338

Новиот полски министер за земјоделство, Роберт Телус вети дека ќе воведе детални контроли на квалитетот на житарките што пристигнуваат во земјата од Украина на пат кон Африка. Овој потег уследи по протестите на полските земјоделци кои тврдат дека ги губат приходите бидејќи на пазарот се појави евтино украинско жито. Телус се соочи со остри критики од членовите на полскиот парламент кои тврдат дека трговските компании поврзани со владата остваруваат огромни профити од продажба на евтини, непроверени украински производи во Полска, наместо да го олеснат нивниот трансфер во Африка. Претходниот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка минатата недела неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Полска. Полскиот и украинскиот лидер за време на посетата најавија дека нашле брзо решение за проблемот со житото без да дадат дополнителни детали. Бидејќи руската инвазија на Уркаина ги блокираше претходно користените патишта за извоз на жито, Европската унија ги укина тарифите за житото од Киев за да го помогне нејзиниот транзит во Африка и Блискиот Исток. Меѓутоа, наместо житото да се извезува во странство, ги преплави пазарите во Полска, Романија и други земји од ЕУ. Полските земјоделци денеска организираа протести на граничните премини со Украина, но полицијата ги спречи да ги блокираат пругите. Синдикатот на земјоделците „Солидарност“ најави дека во Африка требало да пристигнат околу три милиони тони жито, но дека го презеле трговците на границата со Полска. Обвинителите во регионот на источна Полска, кој се граничи со Украина, ги истражуваат наводите дека десетици тони украинско жито во транзит биле продадени на полски фабрики за храна. Полскиот заменик – министер за земјоделство, Јануш Ковалски пред неколку дена изјави дека е суспендиран увозот на украинско жито во земјата и ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“. Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски. - Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-go-testira-kvalitetot-na-ukrainskoto-zhito-shto-go-dobiva-poradi-protestite-na-zemjodeltsite/feed/ 0
ОН: САД ќе купат 160.000 тони украинско жито за гладните во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-sad-kje-kupat-160-000-toni-ukrainsko-zito-za-gladnite-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-sad-kje-kupat-160-000-toni-ukrainsko-zito-za-gladnite-vo-svetot/#respond Sat, 20 Aug 2022 12:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=721446

САД во следните недели ќе купат 160.000 тони жито од Украина за гладните во светот, изјави извршниот директор на Светската програма на ОН за храна, Дејвид Бизли. Тој додаде дека таа пратка е една од неколкуте што Агенцијата на ОН ги планира и е шестпати поголема од првата пратка украинско жито организирана од ОН од почетокот на руската инвазија врз Украина. Бисли истакна дека ОН проценуваат дека 22 милиони луѓе во светот гладуваат и дека ситуацијата е особено тешка во Рогот на Африка. Брод со околу 25.000 тони жито од Украина е на пат кон Африка и се очекува да пристигне во Џибути на крајот на август, од каде житото ќе биде транспортирано по копно до северна Етиопија. Светската програма за храна на ОН минатата година купи од Украина половина од житото потребно за да нахрани 130 милиони гладни луѓе во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-sad-kje-kupat-160-000-toni-ukrainsko-zito-za-gladnite-vo-svetot/feed/ 0
Брод со украинско жито ќе се упати кон Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-so-ukrainsko-zito-kje-se-upati-kon-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-so-ukrainsko-zito-kje-se-upati-kon-afrika/#respond Fri, 12 Aug 2022 11:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=717620

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека првиот брод со жито за Африка ќе ја напушти Украина како дел од Светската програма за храна. Тој додаде дека бродот ќе натовари жито во едно украинско пристаниште, по што ќе се упати кон Етиопија. Соработката на сите клучни актери е од клучно значење за да се избегне недостиг на храна и глад низ целиот свет, истакна Мишел. Бродот ќе однесе повеќе од 23 милиони килограми жито од Украина во Етиопија, што ќе биде првиот чекор за ублажување на кризата со снабдување со храна предизвикана од руската инвазија врз Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brod-so-ukrainsko-zito-kje-se-upati-kon-afrika/feed/ 0
Гутереш го поздрави отпловувањето на првиот брод од Одеса со украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/#respond Mon, 01 Aug 2022 09:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=712477

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното отпловување од украинското пристаниште Одеса на првиот трговски брод со жито од 26 февруари. Гутереш рече дека е хуманитарен императив да се осигура дека постоечките житарки и други прехранбени производи се наоѓаат на глобалниот пазар. Тој посочи дека бродот, кој тргнал за Триполи во Либан, бил натоварен со 26.537 тони пченка, прв испловил согласно договорот од Истанбул за извоз на жито со бродови од пристаништата во Црното Море, кој бил потпишан на 22 јули. Портпаролот на Гутереш, исто така, нагласи дека Светската програма за храна, огранок на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН, планира да купи, натовари и испорача 30.000 тони пченица од Украина преку брод изнајмен од ОН, но најави дека ќе знае повеќе детали. во наредните денови. Денеска првиот брод натоварен со украинско жито го напушти украинското пристаниште Одеса од почетокот на рускиот напад, а како што соопшти мониторинг телото на ОН, бродот ќе биде прегледан во Истанбул, пред да го продолжи патувањето за Тирполи. На 22 јули Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и ОН со што се создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/feed/ 0
Реакции по повод потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-povod-potpishuvanjeto-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainskoto-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-povod-potpishuvanjeto-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainskoto-zito/#respond Fri, 22 Jul 2022 17:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=709094

По потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тоа ќе „спаси милијарди луѓе кои се соочуваат со глад“ поради блокадата на украинските пристаништа. – Овој Договор би можел да биде пресвртница што ќе ја оживее надежта за мир, истакна Ердоган. Додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, потписник на Договорот истакна дека Русија „презема обврска“ дека нема да ја искористи ситуацијата. – Нема да го искористиме фактот што пристаништата ќе бидат исчистени (од мини) и отворени. Ја презедовме ова обврска, посочи Шојгу. Претходно Европска Унија го поздрави Договорот за извоз на украинското жито, што денеска беше потпишан во Истанбул, оценувајќи го како „критичен чекор напред“. ЕУ ја поздрави и улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на Договорот. ЕУ најави дека ќе продолжи да и помага на Украина да го извезува своето жито на глобалниот пазар најбрзо што може, само во јуни, преку ЕУ, е обезбеден извоз на 2,5 милиони тони од Украина, а до 2024 ЕУ ќе мобилизира 7,7 милијарди евра за оваа цел, во соработка со Обединетите Нации и со Г-7. Последниот пакет санкции против Русија на ЕУ исто така предвидува изземање на земјоделските производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-povod-potpishuvanjeto-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainskoto-zito/feed/ 0
Постигнат договор во преговорите во Истанбул за деблокирање на извозот на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-vo-istanbul-za-deblokiranje-na-izvozot-na-ukrainsko-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-vo-istanbul-za-deblokiranje-na-izvozot-na-ukrainsko-zito/#respond Wed, 13 Jul 2022 20:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=704766

Турција соопшти дека на разговорите во Истанбул денеска е постигнат договор за деблокирање на извозот на украинско жито. – Русија, Украина, Турција и Обединетите нации се согласија да формираат центар за координација за да се обезбедат безбедни рути, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во соопштение. Тој истакна дека страните се договориле и за заеднички инспекции на извезеното жито и пристаништата. Акар најави дека договорот ќе биде потпишан следната недела, кога сите учесници во денешните разговори повторно ќе се сретнат во Турција. Целта е да се обнови извозот на украинското жито од Одеса во време кога глобалната криза со храна се влошува поради војната во Украина. Поранешната советска република е голем светски извозник, а Русија воведе блокада на нејзиниот брег на Црното Море. – Постигнати се договори за голем број важни аспекти, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој изрази надеж дека следните чекори ќе овозможат да се склучи формален договор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-vo-istanbul-za-deblokiranje-na-izvozot-na-ukrainsko-zito/feed/ 0