украси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 10:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овие украси задолжително мора да ги имате на вашата новогодишна елка – Бои и форми кои носат среќа и бериќет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=778973

Според кинескиот календар, 2023 година е година на црниот воден зајак. Кои фенг шуи декорации да ги изберете кога сакате да привлечете среќа, пари и љубов во текот на целата година? Новогодишната елка освен што го украсува просторот и носи позитивна енергија, се поврзува и со силни емоции. Кога ја украсувате новогодишната елка со вашето семејство, се поврзувате, правите нешто заедно исполнето со радост. За да привлечете среќа во новата година, фенг шуи укажува на тоа дека ви требаат светло тиркизни, сини и зелени топчиња. Можете да го украсите и со силни светла за да привлече внимание во домот и да ја направи атмосферата во куќата што е можно попразнична. За да привлечете љубов, треба да закачите соодветни украси на елката. Може да бидат снежно-бели гулаби, мандарински патки или нежни розови срца. Оние кои веќе ја нашле својата среќа треба да закачат неколку белешки на елката со желби и пораки на љубов и благодарност еден кон друг. За да привлече пари во Новата година, фенг шуи ги истакнува боровите шишарки. Тие можат да бидат украсени со златен или сребрен сјај. За декорација се погодни и мали чоколадни медалјони во златна фолија. Експертите за фенг шуи предлагаат да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година: -Исток (здравје и семејство) -Југоисточен (пари и изобилство) -Југ (слава и репутација) -Север (кариера) -Центар на домот (за работи од срцето) -Запад (креативност) -Североисток (за доверба) -Северозападно (за поврзување и комуникација) -Југозапад (за љубов)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/feed/ 0
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Тоа што Шилегов троши 200 илјади евра за украси, а не за корона кризата е расипништво и забеганост, парите да се пренаменат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-na-grad-skopje-toa-shto-shilegov-troshi-200-iljadi-evra-za-ukrasi-a-ne-za-korona-krizata-e-rasipnishtvo-i-zabeganost-parite-da-se-prenamenat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-na-grad-skopje-toa-shto-shilegov-troshi-200-iljadi-evra-za-ukrasi-a-ne-za-korona-krizata-e-rasipnishtvo-i-zabeganost-parite-da-se-prenamenat/#respond Mon, 09 Nov 2020 08:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=426746

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје апелира парите од 200 илјади евра кои Шилегов ги троши на украсување на градот Скопје за Нова Година што преставува расипништво и забеганост истите да се пренаменат за помош од корона кризата. Жално е што Шилегов и градот Скопје веќе еднаш ја одби иницијативата на советничката група парите да се пренаменат, апелираме на разумно однесување и тие да се лоцираат онаму каде највеќе ќе бидат корисни. Апсурдно е да се троши 200 илјади евра на украси, а дечињата кои следат онлајн настава да немаат компјутери. Апсурдно е да нема кревети во скопските болници, а Шилегов да тера лични забави за украсување. Забегано е да се трошат пари за светилки, а да немаат болниците возила за брза помош. Без новогодишни украси може, но без функционално здравство и образование не. Затоа апелираме парите да се пренаменат веднаш. Тоа што Шилегов за 3 години потрошил 741 илјади евра за украси, е доказ дека со овие пари можеше да се направи многу повеќе за Скопјани. Шилегов наместо 200 илјади евра за украсување, нека даде 200 илјади за помош на Скопјани во борбата против короната.“ Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-na-grad-skopje-toa-shto-shilegov-troshi-200-iljadi-evra-za-ukrasi-a-ne-za-korona-krizata-e-rasipnishtvo-i-zabeganost-parite-da-se-prenamenat/feed/ 0
Новогодишни украси според хороскопот: Бикот ја одбира највисоката елка, Вагите сакаат украси од оригами… https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/novogodishni-ukrasi-spored-horoskopot-bikot-ja-odbira-najvisokata-elka-vagite-sakaat-ukrasi-od-origami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/novogodishni-ukrasi-spored-horoskopot-bikot-ja-odbira-najvisokata-elka-vagite-sakaat-ukrasi-od-origami/#respond Wed, 11 Dec 2019 10:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=275947

Новата година е на прагот, насекаде владее празнична атмосфера, елките и украсите блескаат во сите домови и сите со нетрпение ја чекаат најлудата ноќ. Сигурно обожавате да китите елка и да украсувате, но дали знаете дека секој хороскопски знак има свој начин на украсување? Овен Овенот е љубител на модерни и едноставни декорации. Интензивно црвените класични фигури и црвените светилки на зелената елка се полн погодок. Бик Бикот е земјен знак кој обожава пофалби, па затоа ја одбира највисоката елка за да се истакне. Високото и природно дрвце со многу рачно изработени украси ќе ги развесели сите Бикови. Близнаци Близнаците не сакаат монотонија и досада. За традиционалните Близнаци идеално божиќно дрвце е шарената и богата елка. Шарените божиќни кутии наредени во форма на дрвце или нацртана елка на ѕидот се иновативни идеи за покреативните Близнаци што ги сакаат сите бои. Задолжителни се и дрвените украси со разни натписи. Рак Раковите ги обожаваат празниците, бидејќи тогаш поминуваат време во кругот на семејството. Нивниот идеален избор е класична елка украсена со стаклени декорации. Омилена боја им е сината. Неизоставна е и зелената, па затоа на елката сигурно ќе се најдат украси во тие бои. Ја негуваат и старата заборавена традиција, па затоа претпочитаат дрвце украсено со предмети направени од тесто, глина, па дури и хартија. Лав Како вистински огнен знак, Лавот е љубител на миризливите свеќи со кои може да направи празнична атмосфера. Нивната омилена златна боја ќе доминира на новогодишната елка. Врвот на елката ќе го краси златен ангел или ѕвезда, а со оглед на тоа што Лавовите се вистински гурмани, ќе ја украсат елката со лампиони што потсетуваат на храна. Колку поголемо дрвце толку подобро. Девица Педантната Девица посветува големо внимание на деталите. Својата елка ќе ја доведе до апсолутно совршенство и никој нема да може да ѝ остане рамнодушен. Стеблото мора да биде високо и елегантно, опкружено со традиционални стаклени светкави лампиони. Црвената, зелената и златната им се омилени бои, како и украсите со бела боја, бидејќи потсетуваат на чистота и невиност. Вага Самовилите, животните и митските ликови им се омилени додатоци за елката, додека некои Ваги претпочитаат јапонски декорации, како на пример украси од оригами. Шкорпија Шкорпиите ќе одберат високо дрво украсено само во неколку бои. Темноцрвени, црни и темносини декорации, како и украси во форма на ангел се вистинскиот избор за нив. Традиционалните украси им се многу драги. Стрелец Овој забавен знак ќе ја украси својата елка со лампиони во форма на животни, но и со духовни и религиозни симболи. Украсите во стил на еднорози, но и традиционалните стаклени лампиони ќе ги задоволат сите нивни желби. Јарец Јарците ги обожаваат животните, а тоа се гледа и од украсите што ги одбираат за елката. Пес, мачка, мечка и другите животните ќе изгледаат одлично на нивната елка. Јарците се исто така семејно ориентирани, па затоа обожаваат да украсуваат со висечки бонбони во необични бои и шеќерни стапчиња. Водолија Ќе ги израдува креативна елка што ќе блеска посилно од диско- топка. Похрабрите ќе експериментираат со помалку традиционални бои. Риби Со оглед на тоа што обожаваат море и морски животни, тоа може да им послужи како инспирација за божиќната декорација, која ќе ја надополнат со тиркизна или виолетова боја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/novogodishni-ukrasi-spored-horoskopot-bikot-ja-odbira-najvisokata-elka-vagite-sakaat-ukrasi-od-origami/feed/ 0
Црната вистина за новогодишните украси: Кога ќе видите како се изработуваат ќе се растажите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnata-vistina-za-novogodishnite-ukrasi-koga-kje-vidite-kako-se-izrabotuvaat-kje-se-rastazite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnata-vistina-za-novogodishnite-ukrasi-koga-kje-vidite-kako-se-izrabotuvaat-kje-se-rastazite/#respond Thu, 28 Dec 2017 21:46:49 +0000 http://kurir.mk/?p=3227

Новогодишните и божиќните украси настануваат во кинескиот град Јиву. Попрецизно, 60 проценти од украсите кои се користат ширум светот, настануваат во некоја од 600-те фабрики во местото познато како "Божиќниот град", оддалечен околу 300 километри од Шангај. Жителите на Јиву, како и работниците вработени во фабриките, во главно не знаат што е Божиќ. Украсите кои се дел од големиот празник, ги прават во главно доселеници од руралните средини, кои работат по 12 часа дневно. Често работат и со материјали кои се штетни по нивното здравје, но воглавно не се незадоволни од своето работно место. Сопствениците на фабриките пред 20 години исто така не знаеле што е Божиќ, но потоа го препознале потенцијалот во тој празник и константната потреба на луѓето од Западот да купуваат евтини украси. Сепак, не се само Европејците и Американците луди за нивните украси. Огромна побарувачка за шарените сијалички, елки, "Дедо Мразовци" и слично, доаѓа и од африканските и од земјите од Блискиот исток. Најголем обем на работа има во септември и октомври, кога украсите се праќаат во Европа и САД, а во Јиву во секој период од годината можете да најдете отворена продавница за украси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnata-vistina-za-novogodishnite-ukrasi-koga-kje-vidite-kako-se-izrabotuvaat-kje-se-rastazite/feed/ 0