украсни растенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 17:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png украсни растенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во есен и зима треба да бидете внимателни: Како да ги заштитите вашите украсни растенија? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-esen-i-zima-treba-da-bidete-vnimatelni-kako-da-gi-zashtitite-vashite-ukrasni-rastenija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-esen-i-zima-treba-da-bidete-vnimatelni-kako-da-gi-zashtitite-vashite-ukrasni-rastenija/#respond Thu, 29 Sep 2022 17:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=739197

Во текот на ладните есенски и зимски денови, поголемиот дел од вашите украсни растенија најдобро е да ги внесете дома. Но, постојат две места во домот кои никако не им одговараат (истото важи и за цвеќињата кои постојано ги чувате внатре).

Каде да ги чувате вашите украсни растенија?

Во прашање се места покрај прозорците низ кои пробива ладен воздух (треба да внимавате и листовите од цвеќињата да не ги допираат ладните прозорски стакла) и местата што се покрај извори на топлина, како печка или радијатор, затоа што топлината ја извлекува влагата од растенијата, па тие може брзо да се исушат. Тоа ќе го забележите по листовите кои постепено избледуваат, односно почнуваат да венеат.

Поретко полевање на украсните растенија во текот на зимата

Поради намалената сончева светлина, домашните растенија во текот на зимата растат побавно, па заради тоа не им треба толку вода како во топлите месеци. Претераното полевање може да им предизвика различни болести на растенијата.

Што повеќе светлина

Бидејќи има помалку сончева светлина, обидете се да ги тргнете сите пречки кои може да предизвикаат намалена апсорпција на светлина кај растенијата. Затоа и редовно бришете им ја прашината од листовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-esen-i-zima-treba-da-bidete-vnimatelni-kako-da-gi-zashtitite-vashite-ukrasni-rastenija/feed/ 0