Улф Кристерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 08:25:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Улф Кристерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кристерсон: Шведска нема да го забрани палењето на Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/#respond Sat, 26 Aug 2023 08:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=871119

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот. -Секоја земја, која е изложена на акутни закани, самата го избира свој начин да се справи со нив. Имам многу почит за тоа што Данска го прави во моментов, рече Кристерсон, пренесен од шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT. Тој додаде дека Владата на Шведска не верува дека треба да го следи примерот на Данска. -Промената би барала уставна измена, па затоа не е најсоодветна за Шведска, рече Кристерсон. Данската влада вчера објави дека планира да го забрани палењето на Куранот, бидејќи повеќе сквернавења на исламската света книга во земјата предизвикаа незадоволство во муслиманските земји. Со оваа мерка ќе биде „забранет несоодветен третман на предмети со значајно религиозно значење“, соопшти министерот за правда, Питер Хумелгард, на прес-конференција, пренесе Блумберг. Според него, целта на предложениот закон е особено насочена кон палења и сквернавења на јавни места. Палењето на Куранот во Данска и Шведска оваа година предизвика протести во некои муслимански земји, а двете земји последователно ги засилија безбедносните мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/feed/ 0
Бајден в среда ќе го пречека Кристерсон пред Самитот на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-v-sreda-ke-go-precheka-kristerson-pred-samitot-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-v-sreda-ke-go-precheka-kristerson-pred-samitot-na-nato/#respond Sat, 01 Jul 2023 18:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=851631

Белата куќа објави дека шведскиот премиер Улф Кристерсон треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон в среда, една недела пред почетокот на клучниот Самит на НАТО во Литванија, јави ДПА. Планирано е Кристерсон да се сретне со Бајден на разговори во Белата куќа, а надежниот пристап на Шведска во НАТО да биде клучна тема, изјавија денеска американските власти. Апликацијата за членство на Шведска во НАТО, која ја поднесе пред повеќе од една година заедно со Финска, сè уште е блокирана од членките на алијансата, Турција и Унгарија. Новите членки мора да бидат едногласно одобрени од членките на НАТО. Самитот на НАТО треба да се одржи во литванскиот главен град Вилнус од 11 до 12 јули. Турција ја поддржа кандидатурата на Финска за влез во НАТО, но се спротивстави на Шведска, изразувајќи загриженост за безбедноста. Унгарија, исто така, неодамна изјави дека е малку веројатно да го одобри пристапот на Шведска во Алијансата пред есен, според извештајот што се повикува на парламентарни кругови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-v-sreda-ke-go-precheka-kristerson-pred-samitot-na-nato/feed/ 0
Кристерсон: Бесењето кукла со ликот на Ердоган го саботира настојувањето на Шведска за влез во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-beseneto-kukla-so-likot-na-erdogan-go-sabotira-nastojuvaneto-na-shvedska-za-vlez-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-beseneto-kukla-so-likot-na-erdogan-go-sabotira-nastojuvaneto-na-shvedska-za-vlez-vo-nato/#respond Fri, 13 Jan 2023 15:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=786990

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го осуди денеска протестот на Курдите што се одржа вчера во центарот на Стокхолм, каде демонстрантите на бандера обесија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и оцени дека тоа го саботира настојувањето на Шведска да се приклучи во НАТО. Министерството за надворешни работи на Турција вчера изрази протест до амбасадорот на Шведска, затоа што пред градското собрание во Стокхолм беше обесена кукла. Турските официјални претставници оценија дека тоа е „гнасен чин“ и „терористичка пропаганда“ на поддржувачите на забранетата Курдска работничка партија во Турција. Турците посочија дека овој случај е спротивен на договорот меѓу Шведска и Финска со Турција, членка на НАТО, од која очекуваат одобрение за нивниот прием во Алијансата, и дека ќе се сузбие делувањето на курдските активисти. Претседателот на Парламентот на Турција, Мустафа Шентоп ја откажа посетата на шведскиот Риксдаг, која беше закажана за следниот вторник. Шведскиот премиер Кристерсон денеска го осуди бесењето на куклата со ликот на Ердоган и рече дека е „исклучително сериозно“ да се исценира „лажно погубување на странски демократски избран лидер“ во Шведска, каде претходно беа убиени двајца водечки политичари: премиерот Олоф. Палме во 1986 година и министерката за надворешни работи на Ана Линд во 2003 година. – Би рекол дека ова е саботажа против апликацијата на Шведска за НАТО. Опасно е за шведската безбедност да се однесува на овој начин, рече тој. Бесењето на куклата го осуди и шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билсторм кој на Твитер напиша дека Владата „најостро ги отфрла заканите и омразата кон политичките претставници“ и смета дека „симболичната погубување на избраниот претседател на Турција пред Градското собрание е одвратно“. Група која себеси се нарекува „Шведски комитет за солидарност за Рожава“ соопшти дека стои зад протестот. Рожава е курдски назив за северна и источна Сирија. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека ПКК и сродните курдски групи во Сирија „поставуваат мини на патот на шведското членство во НАТО“ и дека „одлука на Шведска е дали сака да ги исчисти овие мини или свесно ќе стапне врз нив“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-beseneto-kukla-so-likot-na-erdogan-go-sabotira-nastojuvaneto-na-shvedska-za-vlez-vo-nato/feed/ 0
Кристерсон: Очекувам Турција да го ратификува влезот на Шведска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-ochekuvam-turtsija-da-go-ratifikuva-vlezot-na-shvedska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-ochekuvam-turtsija-da-go-ratifikuva-vlezot-na-shvedska-vo-nato/#respond Wed, 11 Jan 2023 15:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=786094

Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон. Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече дека Шведска усвоила закон за зајакнување на борбата против тероризмот, што било клучно турско барање. – Го направивме точно она што го ветивме, рече Кристерсон на групата дописници од Брисел кои отпатуваа во Шведска за да го одбележат преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ. По руската агресија врз Украина, Шведска и Финска се откажаа од политиката на неутралност и поднесоа барања за членство во НАТО. Досега протоколот за влез во НАТО на овие две земји го ратификуваа 28 од 30-те членки на Алијансата. Останаа уште Турција и Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-ochekuvam-turtsija-da-go-ratifikuva-vlezot-na-shvedska-vo-nato/feed/ 0
Новиот шведски премиер најави промена на миграциската политика и сузбивање на криминалот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-shvedski-premier-najavi-promena-na-migraciskata-politika-i-suzbivanje-na-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-shvedski-premier-najavi-promena-na-migraciskata-politika-i-suzbivanje-na-kriminalot/#respond Tue, 18 Oct 2022 15:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=747158

Новиот шведски премиер Улф Кристерсон денеска во парламентот ја претстави коалициската влада на десниот центар, ветувајќи дека ќе го промени курсот за миграциската и енергетската политика и кривичното правосудство. Малцинската влада на Кристерсон, кого парламентот вчера го избра за премиер, ја сочинуваат неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, а извршната власт е поддржана од антиимиграциската партија Шведски демократи, која претходно имаше екстремно десничарски позиции. Новата влада претставува остар пресврт надесно за земјата каде што левиот центар Шведската социјалдемократска работничка партија беше на власт во последните осум години, коментираат аналитичарите. Кристерсон денеска пред пратениците вети преиспитување на кривичниот закон и пошироки овластувања на полицијата во борбата против криминалните банди, кои во последните години станаа помоќни и поагресивни. – Ниту една друга земја во цела Европа нема тренд на насилство како Шведска, со 53 фатални престрелки од почетокот на годината. Владата сега ја започнува најголемата офанзива против организираниот криминал во шведската историја, рече 58-годишниот Кристерсон. Тој, исто така, вети „промена на парадигмата“ во имиграциската политика, означувајќи го дефинитивниот крај на децениската либерална имиграциска политика, чие заострување веќе започна за време на претходната социјалдемократска влада. Тој изјави дека имиграцијата во Шведска станала „неодржлива“ и додаде дека тоа резултирало со лоша интеграција, невработеност, несигурност и други проблеми. Околу 20 отсто од 10-те милиони жители на Шведска се родени во странство, а многу од нив се бегалци од земјите зафатени од војна, вклучувајќи ги Сирија, Ирак, Авганистан и Сомалија. Ставовите кон имиграцијата во Шведска станаа поостри во последниве години, што придонесе за подемот на партијата Шведски демократи, која благодарение на поддршката од кабинетот на Кристерсон, ќе може да влијае на владината политика во области како што се имиграцијата и правосудството. Од друга страна, опозициските политичари од левиот центар ја обвинуваат коалицијата на Кристерсон дека го поткопува меѓународниот углед на Шведска како толерантна и гостопримлива нација. Во однос на енергијата, Кристерсон навести зголемување на употребата на нуклеарна енергија, за разлика од претходните влади кои се обидоа да ја прекинат нејзината употреба. Новиот шведски премиер рече дека целта во производството на електрична енергија ќе се смени од „100 отсто обновливи извори на енергија“ во „100 отсто без фосилни горива“, што остава простор за нуклеарна енергија. Кристерсон ги поддржува напорите на Шведска и соседна Финска да станат членки на НАТО. Тој денеска рече дека неговата влада ќе се држи до договорот што претходно го постигна со Турција, за прекин на поддршката за курдските групи кои Анкара ги обвинува за тероризам. Турција како услов за прифаќање на влезот на Шведска и Финска во НАТО, ја постави пресметката со припадниците на курдските групи кои живеат во нордиските земји. Во новата влада на Шведска има 24 министри, од кои 13 се од Умерената партија, шест од Демохристијаните и пет од Либералите. Министер за надворешни работи е шефот на пратеничката група на Умерената партија, Тобијас Билстром. Лидерот на демохристијаните Еба Буш е назначена за министерка за енергетика, додека 25-годишната функционерка на Либералната партија Ромина Пурмоктари влезе во историјата како најмлада министерка во шведската влада. Таа ќе раководи со ресорот за клима и животна средина. На изборите на 11 септември, Умерената партија беше трета со 19,1 отсто од гласовите, демохристијаните освоија 5,3 отсто, а либералите 4,6 отсто. Второто место го зазедоа шведските демократи со 20,5 отсто од гласовите, додека сега опозициските социјалдемократи беа убедливо први со 30,3 отсто од гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-shvedski-premier-najavi-promena-na-migraciskata-politika-i-suzbivanje-na-kriminalot/feed/ 0
Шведска: Конзервативецот Кристерсон изгласан за премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-konzervativecot-kristerson-izglasan-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-konzervativecot-kristerson-izglasan-za-premier/#respond Mon, 17 Oct 2022 10:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=746419

Лидерот на шведската Умерена партија Улф Кристерсон во Парламентот освои доволно гласови за да стане идниот премиер, поставувајќи го теренот за неговата коалиција поддржана од националистите да управува со најголемата економија во нордискиот регион. Шведскиот конзервативен лидер Кристерсон денеска е избран за премиер во парламентот на гласањето на кое десничарите за првпат беа поддржани од екстремно десничарските Шведски демократи. Кристерсон беше избран со 176 гласа „за“ и 173 „против“. Парламентарното гласање ја потврди поддршката за Кристерсон од четири партии, вклучително и шведските демократи. Сега, втората по големина партија во земјата, антиимигрантски настроена, нема да бидат дел од владата на Кристерсон, но ќе го поддржуваат во замена за спроведување на нејзините политики за криминал и миграција. Кристерсон во петокот објави договор за формирање на трипартиска влада меѓу неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, поддржана во парламентот од нивниот клучен сојузник Шведските демократи. Кристерсон утре ќе го објави својот список на министри, по што ќе следи средба со кралот, по повод неговото официјално именување. Елизабет Свантесон, која беше портпарол на Умерената партија за економска политика во последните пет години, се очекува да стане следниот министер за финансии. Една од првите задачи на владата на Кристерсон е да се договори за плановите за трошење за 2023 година, во време кога домаќинствата се притиснати од растот на цените, а одговорот на централната банка на инфлацијата е зголемување на трошоците за должници. Тоа нашироко се гледа дека води кон рецесија, при што Риксбанк во моментов проектира намалување на бруто домашниот производ за 0,7 отсто следната година, наведува Блумберг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-konzervativecot-kristerson-izglasan-za-premier/feed/ 0
Шведска: Лидерот на Умерена партија, Кристерсон именуван за мандатар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/#respond Mon, 19 Sep 2022 18:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=734922

Лидерот на третата по големина партија во Шведска, конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон денеска и официјално е назначен за мандатар за состав на новата влада. На изборите во Шведска, што се одржаа на 11 септември, четири партии од десниот центар освоија 176 места од вкупно 349, додека коалицијата на левиот центар во која беа вклучени и владејачките социјалдемократи освои 173 места. Претседателот на шведскиот Парламент, Риксдаг Андреас Норлен денеска му го врачи мандатот за формирање на влада на Кристерсон. Норлен изјави дека не е одреден датум пред кој Кристерсон треба да предложи нова влада. Мојата порака е дека сè оди добро. Сакам да формирам влада која обединува, а не дели, изјави Кристерсон по средбата со Норлен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/feed/ 0