улични кучиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Jan 2023 15:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png улични кучиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Улични кучиња шетаат по тенди во Гостивар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-ulichni-kuchina-shetaat-po-tendi-vo-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-ulichni-kuchina-shetaat-po-tendi-vo-gostivar/#respond Sun, 22 Jan 2023 15:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=790381

Уличните кучиња ги има во голем број во Гостивар. Во полицискиот билтен често има пријава од граѓани за каснување од улично куче, а пред неколку години беше забележан и случај на повеќе оштетени автомобили токму од нив. Читател на Курир ни испрати фотографија на која се гледа улично куче кое шета по тендата на приватен локал. Група граѓани успеале да го симнат кучето, за кое не е познато како се нашло на тендата. Се проценува дека околу 700 кучиња се по улиците во Гостивар. Граѓаните со години бараат од општинските власти решение на проблемот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-ulichni-kuchina-shetaat-po-tendi-vo-gostivar/feed/ 0
Благ тренд на зголемување на нападите од бездомни кучиња врз луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blag-trend-na-zgolemuvanje-na-napadite-od-bezdomni-kuchinja-vrz-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blag-trend-na-zgolemuvanje-na-napadite-od-bezdomni-kuchinja-vrz-lugje/#respond Tue, 08 Nov 2022 12:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=757398

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информира дека се забележува благ тренд на зголемување на нападите од бездомни кучиња врз луѓе. Денеска, како што посочи тој на прес-конференцијата во ЦУК, на координативната средба со претставници на МВР, АХВ, на ЗЕЛС, на Град Скопје, на Лајка, на Анима Мунди, Ветеринарна комора и Кинолошкиот сојуз се разговарало за овој, како што рече, исклучително комплексен проблем кој бара интердисциплинарно решение. Според анализите од МВР кои ги побара ЦУК за нападите од улчични кучиња во последните три години, Ангелов вели дека податоците се навистина сериозни. Имено, според податоците од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години. – За да биде состојбата посериозна, од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна. Притоа вкупните бројки во последните три години по градови – во Скопје – 1 853 напади од кучиња, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50, рече Ангелов. Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади. – Во Скопје сметаме дека аналитиката и статистиката се најпрецизни, каснатите граѓани се поучени од страна на адвокати дека за секој напад на куче може да добијат одредена оштета што ги мотивира граѓаните да ги пријавуваат сите напади. Ги повикувам сите засегнати граѓани кои ќе бидат нападнати од улично куче да го пријават нападот на бројот 112 од страна на МВР ќе бидат преземени сите соодветни мерки и на тој начин ќе воспоставиме и пообјективна контрола врз бројот на напади на улични кучиња врз граѓани на цела територија на државата, рече Ангелов. Стратешки момент на кој треба да работиме организирано, рече Ангелов, е масовна стерилизација на уличните кучиња. – Потребна е едновремена акција, а кога би била на идеален начин паравена би можеле отприлика за три месеци околу 75 посто од кучињата да бидат стерилизирани. Со 75 посто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blag-trend-na-zgolemuvanje-na-napadite-od-bezdomni-kuchinja-vrz-lugje/feed/ 0
Две девојчиња каснати од кучиња скитници во Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-devojchinja-kasnati-od-kuchinja-skitnici-vo-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-devojchinja-kasnati-od-kuchinja-skitnici-vo-kichevo/#respond Fri, 16 Sep 2022 18:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=733874

На 15.09.2022 година, А.Х. од Кичево во полициска станица пријавил дека неговата малолетна ќерка на улица „Мемедалија Велиоски“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден,  М.Д.(40) пријавил дека неговата малолетна ќерка  на улица „4 јули“ во Кичево била касната од куче скитник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-devojchinja-kasnati-od-kuchinja-skitnici-vo-kichevo/feed/ 0
Се повеќе улични кучиња во Ѓорче Петров, Стојкоски и „Лајка“ го решаваат проблемот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-povekje-ulichni-kuchinja-vo-gjorche-petrov-stojkoski-i-lajka-go-reshavaat-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-povekje-ulichni-kuchinja-vo-gjorche-petrov-stojkoski-i-lajka-go-reshavaat-problemot/#respond Sat, 07 May 2022 08:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=672854

Уличните кучиња кои ги има во се поголем број стануваат сериозен проблем во Ѓорче Петров. Глутници се забележуваат најмногу во населбата Даме Груев и Орман, во близина на детски игралишта и училишен двор. Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски вели дека имаат дојави од граѓани дека возила на одредени организации ги носат кучињата во Ѓорче Петров и тука ги оставаат. -Тоа се случува најмногу на влезот кај обиколницата, кај Орман. На дневна основа комуницираме со директорот на „Лајка“, имаме глутница на кучиња во населбата Даме Груев на улицата „Лука Геров“ кај зградите, тука се најмногу, но не изостануваат ни другите делови. Имаме сериозни индиции дека некој од страна носи кучиња и дека ги остава на територија на Ѓорче Петров, се работи за кучиња од голем раст. Реагираме како Општина до ЈП „Лајка“ која единствено е надлежна на територија на Град Скопје за хуман третман на кучињата скитници, вели Стојкоски. Градоначалникот вели дека сепак треба нешто дополнително да се промени. Посочува дека од ЈП „Лајка“ излегуваат на терен, ги заловуваат, стерилизираат и повторно ги враќаат назад. Потврда за тоа е се поголемиот број на кучиња со ушни маркички. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-povekje-ulichni-kuchinja-vo-gjorche-petrov-stojkoski-i-lajka-go-reshavaat-problemot/feed/ 0
Бездомни кучиња беа заловени во Кисела Вода, по хуманиот третман ќе се бара нивно вдомување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bezdomni-kuchinja-bea-zaloveni-vo-kisela-voda-po-humaniot-tretman-kje-se-bara-nivno-vdomuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bezdomni-kuchinja-bea-zaloveni-vo-kisela-voda-po-humaniot-tretman-kje-se-bara-nivno-vdomuvanje/#respond Thu, 24 Mar 2022 15:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=652740

Повеќе бездомни кучиња беа заловени од неколку фреквентни локации во општина Кисела Вода од страна на ЈП “Лајка”.

По пријави од повеќе граѓани, во координација со Општина Кисела Вода, заловувачкиот тим на ова претпријатие делуваше на ул. “Димитрија Чуповски”, ул. “Малешевска”, ул. “Борис Трајковски”, населба Пинтија, ул. “Димо Хаџи Димов”, ул.” Христо Татарчев” и ул. “Антон Димитров”.  Кучињата моментално се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде веќе им се направени првите потребни испитувања.

По истекот на целиот хуман третман, ќе бидат објавени на социјални медиуми и официјална веб страна за вдомување.

Вчерашната, е во рамки на пролетната акција на јавните градски претпријатија на територија на општина Кисела Вода, која трае до крај на седмицава.

-Но, добрата соработка на Општина Кисела Вода со ЈП Лајка, секако продолжува и по завршувањето на оваа акција. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалувањето на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, и понатаму ќе останат да бидат високо на листата на делување на двете институции, за што, се надеваме, ќе ја имаме соработката и поддршката од  сите наши жители, велат од општината.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bezdomni-kuchinja-bea-zaloveni-vo-kisela-voda-po-humaniot-tretman-kje-se-bara-nivno-vdomuvanje/feed/ 0
Храм Св. архангел Михаил: До кога ќе бидеме заложници – Улични кучиња ги убиваат животните во дворот на храмот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/hram-sv-arhangel-mihail-do-koga-kje-bideme-zaloznici-ulichni-kuchinja-gi-ubivaat-zivotnite-vo-dvorot-na-hramot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/hram-sv-arhangel-mihail-do-koga-kje-bideme-zaloznici-ulichni-kuchinja-gi-ubivaat-zivotnite-vo-dvorot-na-hramot-foto/#respond Tue, 05 Oct 2021 10:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=573239

Храмот „Свети архангел Михаил“ лоциран во скопската населба Автокоманда, меѓу другото познат е кај верниците по својот прекрасен, чист двор каде има поголем број на животни. Убавината на храмот дополнително беше збогатена со зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња и други животинчиња во дворот. Минатата година преку социјалните мрежи од храмот апелираа уличните кучиња да се дислоцираат бидејќи ги убиваат животните. Тогаш убиен од кучињата беше препознатливиот бел паун Белан. Од храмот сега повторно апелираат надлежните нешто да преземат и прашуваат до кога ќе бидат заложници на уличните кучиња. -Ова не е глад ова е нагон за убивање ве молиме секој кој сака нека сподели па можеби надлежните ќе ,,видат" и КОНЕЧНО нешто ќе превземат. Ова нема смисла, до кога ќе бидеме заложници на уличните кучиња. Ова е веќе премногу. Целта на објавата (како и на неколкуте претходно) е да се потикнат надлежните служби да си ја вршат работата за кои се задолжени, велат од храмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/hram-sv-arhangel-mihail-do-koga-kje-bideme-zaloznici-ulichni-kuchinja-gi-ubivaat-zivotnite-vo-dvorot-na-hramot-foto/feed/ 0
Во Тетово “врие“ од улични кучиња, граѓаните пријавуваат напади секој ден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tetovo-vrie-od-ulichni-kuchinja-gragjanite-prijavuvaat-napadi-sekoj-den/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tetovo-vrie-od-ulichni-kuchinja-gragjanite-prijavuvaat-napadi-sekoj-den/#respond Fri, 22 Jan 2021 15:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=458664

Во текот на сите денови од оваа работна недела во билтените на случувања евидентирани од тетовската полиција има регистрирано напади од бездомни кучиња. На 18 јануари 69-годишник од село Милетино пријавил дека во неговото село бил каснат од куче скитник, следниот ден, 50-годишник пријавил ист случај на улица „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Во среда мајка пријавила дека малолетното дете и било нападнато и искасано од куче, а, вчера, околу 16 часот и 50-годишник во село Доброште се соочил со ист проблем. Ветеринарот Рами Селмани потсетува дека во Тетово од ноември веќе нема третирање на бездомни кучиња и дека поради зимата евидентна е поголема агресија кај кучињата. -Немаат храна, не наоѓаат околу контејнерите. Луѓето послабо се движат, послабо оставаат храна и тие се гладни и затоа напаѓаат. Гледаат луѓе со нешто во рака и мислат дека е храна за нив и ги напаѓаат, објаснува ветеринарот Селмани. Инаку, на крајот од октомври завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. За сите три тендери беа третирани околу 300 кучиња. Уште во јули оваа година, градоначалничката Теута Арифи, изјави дека Општина Тетово нема повеќе пари за зголемување на можноста околу справувањето со бездомните кучиња. Таа за посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција рече дека е возможно во склоп на полошкиот плански регион. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tetovo-vrie-od-ulichni-kuchinja-gragjanite-prijavuvaat-napadi-sekoj-den/feed/ 0
Улични кучиња го распарчија белиот паун кој го красеше дворот на храмот Свети Архангел Михаил-Автокоманда (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ulichni-kuchinja-go-rasparchija-beliot-paun-koj-go-kraseshe-dvorot-na-hramot-sveti-arhangel-mihail-avtokomanda-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ulichni-kuchinja-go-rasparchija-beliot-paun-koj-go-kraseshe-dvorot-na-hramot-sveti-arhangel-mihail-avtokomanda-foto/#respond Mon, 21 Dec 2020 16:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=446334

Официјалната страница на храмот Свети Архангел Михаил-Автокоманда денеска сподели објава во која пишува дека белиот паун кој го красел нивниот двор и храм, бил распрчен од кучиња скитници. - Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња, стои во Фејсбук објавата. -Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња, дукатки...и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби, пишуваа тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ulichni-kuchinja-go-rasparchija-beliot-paun-koj-go-kraseshe-dvorot-na-hramot-sveti-arhangel-mihail-avtokomanda-foto/feed/ 0
Убиваат улични кучиња во Битола зашто го ширеле коронавирусот? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ubivaat-ulichni-kuchinja-vo-bitola-zashto-go-shirele-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ubivaat-ulichni-kuchinja-vo-bitola-zashto-go-shirele-koronavirusot/#respond Sat, 04 Apr 2020 20:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=327447

Активистите од Битола од почетокот на април забележале дека исчезнуваат улични кучиња од локациите на кои тие вообичаено се движат, а меѓу нив има и такви со и без ушни маркички, реагираат три битолски здруженија за заштита на животните. Според изјавите од сведоци, ЈП „Комуналец“ заловува и убива улични кучиња со изговор дека тие претставувале опасност од ширење на коронавирусот. -Нагласуваме дека според светските авторитети во хуманата и ветеринарната медицина – Светската здравствена организација (WHO) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) во повеќе наврати е потенцирано дека според научните сознанија до денес – не постои опасност коронавирусот да се пренесе од миленик на човек. Истото во Македонија го пренесоа и потврдија и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Ветеринарната комора на Република Македонија. Заловувањето на улични кучиња и нивното убивање како „мерка за превенција од коронавирусот“ претставува злоупотреба на службената должност и овластувањата и убиство на невини животни, се наведува во соопштението. Здруженијата бараат одговор од надлежните, кој издал наредба да се заловуваат и убиваат кучињата. -Ја информираме јавноста дека заловените и усмртени кучиња со ушни маркички беа стерилизирани/кастрирани, вакцинирани и дехелминтизирани со помош на Фондацијата Бибевски, се наведува во реакцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ubivaat-ulichni-kuchinja-vo-bitola-zashto-go-shirele-koronavirusot/feed/ 0
Само една земја на светот нема кучиња скитници: Еве како го решиле проблемот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-edna-zemja-na-svetot-nema-kuchinja-skitnici-eve-kako-go-reshile-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-edna-zemja-na-svetot-nema-kuchinja-skitnici-eve-kako-go-reshile-problemot/#respond Wed, 12 Feb 2020 19:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=303084

Ширум светот постојат околу 200 милиони кучиња скитници, проценува Светската здравствена организација. Меѓутоа, Холандија не придонесува за оваа статистика, бидејќи станала првата земја на светот без ниедно куче скитник. Холанѓаните ги сакаат своите домашни миленичиња. Кучињата се присутни во секојдневниот живот на луѓето, шетаат по градот во корпи за велосипеди, повеќето кафулиња и ресторани се прилагодени за кучиња, малите домашни миленици можат да се возат во јавниот превоз по пониска цена, а има и такви кучиња кои уживаат во различни оброци и вкусови секоја вечер. Звучи неверојатно, но така е. Кучињата некогаш биле статусен симбол во Холандија. Богатите луѓе чувале кучиња како домашни миленичиња, или ги користеле во спортски цели. Со оглед на поврзаноста со социјалниот статус, во Холандија во текот на 19-тиот век постоела масовна популација на кучиња. Меѓутоа, епидемијата на беснило резултирала со страв, што довело до тоа многу сопственици да ги напуштат своите домашни миленичиња. Ова создало придвижување во погледот на општеството на односот човек и куче, каде здравјето на кучето се сметало за одраз на одговорното однесување на сопственикот. Во текот на тоа време, холандската влада исто така вовела данок на кучиња во обид да го регулира бројот на кучиња скитници во Холандија, но тоа имало спротивен ефект. Произвело повеќе кучиња скитници бидејќи луѓето не можеле да си дозволат да чуваат кучиња. Во 1864-та година била основана првата агенција за заштита на животни во Хаг. Еден век подоцна, на сила стапил закон за заштита на животните. Сега му е забрането на сопственикот да злоставува или вознемирува било какво животно. Во спротивно казната затвор е до три години, а паричната до 16,750 евра. Во Холандија речиси да нема кучиња скитници, а Холандија овој проблем го решила со стерилизација финансирана од државата. Светската агенција за заштита на животни верува дека ова е најефикасен начин во борбата против популацијата на кучиња скитници. Многу општини ги зголемуваат даноците за купување на кучиња, што ги поттикнало луѓето да посвојуваат кучиња од прифатилиштата. Формирани се и животински полициски сили кои би ги надгледувале злосторствата над животните и би спасувале животни во неволја. Од партијата за животни сметаат дека постои поврзаност меѓу тоа како општеството ги третира своите животни и начинот на кој постапува со своите граѓани. Веруваат дека постои директна врска меѓу насилството над животни и насилството над луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-edna-zemja-na-svetot-nema-kuchinja-skitnici-eve-kako-go-reshile-problemot/feed/ 0