улично осветлување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 May 2022 13:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png улично осветлување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Се поставува ново улично осветлување во населбата „Буковски ливади“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-postavuva-novo-ulichno-osvetluvanje-vo-naselbata-bukovski-livadi-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-postavuva-novo-ulichno-osvetluvanje-vo-naselbata-bukovski-livadi-vo-bitola/#respond Wed, 18 May 2022 13:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=678511

Општина Битола, ги започна работните активности со кои две улици во населбата Буковски ливади ќе добијат ново улично осветлување. Вкупната должина на која се поставува осветлувањето во населбата изнесува 900 метри. Во моментот на терен се одвиваат градежните работи, како и работа на фундаменти и столбови, по што ќе следува поставувањето на ново улично лед осветлување. Вредноста на инвестицијата, изнесува 1 680 000 денари. Улицата 4 та ќе добие комплетно ново осветлување, а на улицата Буковски мост, на потегот од раскрсницата со патот за село Бистрица, до спојот со улица Панде Илковски, се врши дополнување на осветлувањето. Новото улично осветлување, во овој дел на градот ќе го опфати и поврзувањето со патот за село Бистрица, со што ќе се овозможи и решавање на досегашниот сообраќаен проблем, кој поради неосветленоста беше често изразен во вечерните часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-postavuva-novo-ulichno-osvetluvanje-vo-naselbata-bukovski-livadi-vo-bitola/feed/ 0
Јакимовски откри зошто се гаси уличното осветлување во Карпош по 01 часот по полноќ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jakimovski-otkri-zoshto-se-gasi-ulichnoto-osvetluvanje-vo-karposh-po-01-chasot-po-polnokj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jakimovski-otkri-zoshto-se-gasi-ulichnoto-osvetluvanje-vo-karposh-po-01-chasot-po-polnokj/#respond Wed, 27 Apr 2022 13:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=668681

Откако веќе десетина дена карпошани се жалат дека немаат улично осветлување и дека улиците кои се под надлежност на Општина Карпош се во целосна темница, со свој став околу настанатата ситуација излезе градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Имено, Јакимовски информираше дека, поради екстремно високи сметки за електрична енергија, Општина Карпош преземала мерки за штедење. Градоначалникот објасни дека на располагање се две можности – едната е да се штеди, а другата е да се зголеми цената за улично осветлување што ќе падне на грб на граѓаните. Според него, за да не се оптовари дополнително буџетот на граѓаните, одлучено било да се преземат мерки за штедење, но според Јакимовски, доколку јавноста смета поинаку, општината е подготвена да распише референдум на кој граѓаните ќе донесат конечна одлука како да се премости проблемот. – Набавивме 173 тајмери кои што после 1 часот по полноќ го гасат светлото од причини што сметките за електрична енергија се три ипол пати поголеми во однос на оние што сме ги имале претходните години во исто време, односно во 2021 и во 2020 година за улично осветлување сме потрошиле 13 милиони денари за цела година и такви историски трошоци биле предвидени за 2022 година. Но, за жал, само во првите три месеци годинава сме потрошиле 13 милиони денари за електрична енергија. Сметките кои биле 2 милиони денари сега се 7 милиони денари. Тоа се пет милиони денари плус секој месец, односно 80.000 евра – истакна градоначалникот. Според него, во моментов постојат само две отворени можности за да се реши овој проблем. – Јас како одговорен субјект кој ја води оваа општина имам на располагање две можности. Првата можност е да штедиме, а втората можност е да ја покачиме цената за улично осветлување. Тоа значи ако вие како граѓани сега плаќате по 150 денари по тарифно броило за улично осветлување, во иднина би требало да плаќате околу 500 денари за да можеме да ги покриеме трошоците. Ако граѓаните инсистираат на таа варијанта тогаш јас сум подготвен да одиме на референдум па како ќе одлучат граѓаните така- сакаат да штедиме или сакаат сметките да бидат поголеми. Во овој момент со ова исклучување од 1 часот по полноќ до 5 часот изутрина ние штедиме само 30 проценти од сметката. Тоа значи на тие 7 милиони денари, заштедуваме 2 милиони денари. Тоа значи дека и вака треба дополнително да издвојуваме 50 илјади евра од буџетот на општината – заклучува Јакимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jakimovski-otkri-zoshto-se-gasi-ulichnoto-osvetluvanje-vo-karposh-po-01-chasot-po-polnokj/feed/ 0