уметност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Mar 2019 14:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уметност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уметност и имагинација: Погледнете како изгледа ребрендираната Вирго линија на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/#respond Wed, 13 Mar 2019 14:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=174338

Инспирирани од се она што ги прави виното и жените по многу нешта толку слични, а сепак толку посебни и уникатни, на Осми март, Светскиот ден на жената, винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ со посебна чест и задоволство ја претстави комплетно ребрендираната линија на Вирго вина. Спакувани во сосема нови, исклучително елегантни шишиња, „дотерани“ во ексклузивните етикети кои совршено го отсликуваат спојот помеѓу традиционалното и модерното, новиот дизајн ја прави целата Вирго линија уникатна и лесно препознатлива за секој вистински вљубеник во виното.
„Кога започнавме да размислуваме за ребрендирање на Вирго линијата се сложивме дека сакаме дизајн кој ќе открива дел од енергијата, елеганцијата и уникатноста која се крие во внатрешноста на секое шише, а истовремено ќе претставува и совршена симбиоза помеѓу имагинацијата и уметноста на правење врвно вино. Мислам дека во целост успеавме во тоа, и дека новиот дизајн само ќе го надополни впечатокот кој го добиваат консументите по секоја голтка од нашите вина“ – изјави Миле Милев, извршен директор на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“.
Во вонвременскиот дизајн и релјефниот принт на секое од петте исклулителни вина, Темјаника, Траминер, Шардоне, Совињон Бланк и Мускат Розе многу суптилно, но сепак читливо и достапно за секого се поместени и сите информации за географското потекло на виното, неговите карактеристики и специфичности. Новата ребрендирана Вирго линија веќе може да се најде во винотеката на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ лоцирана на улицата „Шишка“ бр.2, а веќе многу наскоро ќе биде достапна и во сите поголеми маркети и ресторани во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/feed/ 0
Петта самостојна изложба на Моника Ризовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petta-samostojna-izlozba-na-monika-rizovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petta-samostojna-izlozba-na-monika-rizovska/#respond Mon, 04 Feb 2019 13:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=160033

Младата уметница Моника Ризовска ја одржа и својата петта самостојна изложба насловена како „Vigorous“ во Концепт 37.  Беа изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил, а ние бевме сведоци на одлична дружба исполнета со многу топлина, ведрина и автентичност. „Vigorous“ е сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнувајќи го акцентот на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните и жолтите бои, а некои од сликите имаа и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.
– Секоја слика засебно пренесува убава енергија, ведрина и спокој што во било кој простор освежува и не здосадува, вели Ризовска.
Со изложбата „Vigorous“ на Моника Ризовска уште еднаш имавме можност да се запознаеме со новите дела на младата уметница која со изразита креативна енергија успеа да долови разнолик колорит совршен за секој модерен и современ дом. Нејзините дела се со богата префинета ликовна имагинација и како таква пренесоа позитивна енергија, соништа, замисли и копнежи. Изложбата е од отворен карактер, а ќе биде отворена до 7ми февруари. Повеќе за атмосферата од отворањето на изложбата тука, како и на инстаграм профилот и нејзината веб страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petta-samostojna-izlozba-na-monika-rizovska/feed/ 0
Роденден на уметноста во Младинскиот културен центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rodenden-na-umetnosta-vo-mladinskiot-kulturen-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rodenden-na-umetnosta-vo-mladinskiot-kulturen-centar/#respond Thu, 17 Jan 2019 06:44:12 +0000 https://kurir.mk/?p=153154

Младинскиот културен центар со повеќе настани од 18 часот до полноќ по седми пат ќе ја организира манифестацијата „Роденден на уметноста“. Во Џебното кино на МКЦ ќе има бесплатен филмски маратон – Љубовна филмска ревија со четири романтични филмови. Ќе биде отворена изложба на фигури од пластелин, изработени од деветгодишниот Максим Цветановски и работилница за деца со Доротеј Нешовски во Детскиот креативен центар при МКЦ. По 11 години повторно ќе гостува излпжба од Музејот на раскинати врски, а ќе биде отворена и изложба на Сашо Димоски. Во „Фросина“, пак, ќе биде промовирана книгата „Радио“ на новинарот Љупчо Јолевски, која  содржи интервјуа што авторот ги остварил во последните пет години со познати претставници на македонската културна сцена. Ќе има и поетски перформанс „Песнило“ и концерти во салата „25 Мај“, а роденденот ќе заврши со настап на диџеите  Виолета Качакова и Мирко Попов во Бифе на МКЦ со почеток во 23 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rodenden-na-umetnosta-vo-mladinskiot-kulturen-centar/feed/ 0