умирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Feb 2023 20:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png умирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сте сонувале дека умирате или смрт на блиска личност? Дознајте какво значење има таквиот сон! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ste-sonuvale-deka-umirate-ili-smrt-na-bliska-lichnost-doznajte-kakvo-znachene-ima-takviot-son/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ste-sonuvale-deka-umirate-ili-smrt-na-bliska-lichnost-doznajte-kakvo-znachene-ima-takviot-son/#respond Sun, 05 Feb 2023 20:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=796461

Сонувањето на смрт и умирање создава тешко чувство кај сите луѓе. Никој не се буди во добро расположение откако ќе сонува како некој што го сака умира. Сон за умирање Ако сонувавте дека вие или некој друг умира, можете да очекувате промени во вашиот живот. Во зависност од тоа што и како сте сонувале, ве очекуваат некои искушенија, крајот на еден животен циклус и почеток на друг, а можеби и некои разочарувања поврзани со луѓето што сте ги виделе во сон. Ако сонувавте дека умревте, ве чека нов почеток во животот. Ќе завршите со нешто со што сте биле оптоварени до сега и ќе продолжите во иднината со нови сили. Можете да очекувате успех и напредок во многу области од животот, со малку или без напор. Ако сонувавте дека умревте од природна смрт, сè што ќе преземете во блиска иднина ќе тече лесно и само по себе. Нема да треба да вложувате многу напор за да го постигнете она што го замислувате. Во случај да се видите себеси како насилно умирате во сон, ве очекува период на тешкотии и стагнација во претстојните промени, но ќе успеете да ги надминете без поголеми проблеми и стресови. Ако сонувавте дека умрете од пукање со пиштол, наскоро ќе добиете вест која ќе ве потресе, но ќе ви даде важни информации за понатамошна работа и ќе ве поттикне да направите многу промени во животот. Ако сонувавте дека ќе умрете поради напад со нож, во блиска иднина ве очекуваат драстични чекори кои ќе ви дадат нова перспектива за ситуацијата во која се наоѓате и ќе ви дадат одлучност да го постигнете планираното. Сон дека некој друг умре Ако во сон сте виделе дека умре некоја непозната личност, ќе слушнете за многу промени и настани во вашето опкружување, но тоа нема да влијае претерано на вас. Ќе се соживувате со луѓето кои имаат потешкотии, како и ќе се радувате на туѓите успеси, но сето тоа ќе остане некаде надвор од вашиот фокус и нема да има големо влијание врз вашиот живот. Ако сонувавте дека мајка ви починала, во наредниот период ве очекуваат многу емотивни ситуации во кои ќе ви недостига поддршка и разбирање од луѓето од вашата блиска околина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ste-sonuvale-deka-umirate-ili-smrt-na-bliska-lichnost-doznajte-kakvo-znachene-ima-takviot-son/feed/ 0
Научниците ги утврдија спецификите на мозокот на лицата кои умираат: Еве што всушност се случува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-gi-utvrdija-specifikite-na-mozokot-na-licata-koi-umiraat-eve-shto-vsushnost-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-gi-utvrdija-specifikite-na-mozokot-na-licata-koi-umiraat-eve-shto-vsushnost-se-sluchuva/#respond Fri, 30 Sep 2022 14:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=739497

Многу луѓе размислуваат за тоа што се случува по смртта, па се прашуваат како изгледаат последните моменти, дали животот навистина „прелетува“ пред нашите очи и што не чека по последниот здив. Научниците со години се занимаваат со оваа тема, а сега ја решија дилемата - дали умирањето изгледа како процес на заспивање или сме свесни дека исчезнуваме. - Умирањето е уникатно искуство за поединецот и нивните најблиски. Има многу повеќе од физиолошки промени кои придонесуваат за искуството на умирање. На пример, личноста на едно лице, товарот на болеста, поддршката од семејството и пријателите, времетраењето на смртната болест и нивната духовност - објаснува д-р Патрик Стил, специјалист за палијативна нега. Сепак, постојат одредени физиолошки промени кои се случуваат универзално. - Редовните шеми на дишење може да се променат. Понекогаш може да биде побрзо од нормалното, а понекогаш и побавно. Во последните денови, може да има периоди каде што има долги празнини помеѓу вдишувањата. Дишењето може да стане бучно на крајот од животот. Тоа е акумулација на отпадни производи, секрети на телото. Често е повеќе вознемирувачки за оние што слушаат отколку за поединецот што умира, опишува Стил. Организаторот на студијата, д-р Ајмал Земар, неврохирург на Универзитетот во Луисвил, вели дека ова може да значи дека идејата дека животот „лета пред нашите очи додека умираме“ е втемелена во науката. - Како неврохирург понекогаш се справувам со загуба. Неописливо е тешко да се пренесе веста за смртта на вознемирените членови на семејството, рече неврохирургот, додавајќи: - Нешто што можеме да научиме од ова истражување е следното: иако нашите најблиски имаат затворени очи и се подготвени да не напуштат, нивниот мозок можеби повторува некои од најубавите моменти што ги доживеале во нивните животи, додаде д-р Земар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-gi-utvrdija-specifikite-na-mozokot-na-licata-koi-umiraat-eve-shto-vsushnost-se-sluchuva/feed/ 0
Што се случува кога некој ќе умре во вселената? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-nekoj-kje-umre-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-nekoj-kje-umre-vo-vselenata/#respond Thu, 22 Oct 2020 14:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=419492

Која е постапката ако се случи човечка трагедија во вселената? Во време кога човештвото повторно е свртено кон патување на Месечината, на Марс, па и подлабоко во Сончевиот Систем, дали има план на делување во случај некој да умре додека е во вселената? Unveiled открива што се случува во случај на најлошото сценарио. Извор: Кајгана]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-nekoj-kje-umre-vo-vselenata/feed/ 0
Дестинации на кои е забрането да се умре https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/destinacii-na-koi-e-zabraneto-da-se-umre/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/destinacii-na-koi-e-zabraneto-da-se-umre/#respond Fri, 10 Aug 2018 08:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=86407

Можеби мислите дека законите на логиката и физиката не можат да се менуваат, но постојат неколку места каде што ниту по едниот ниту по другиот закон не е дозволено да се умре. Ако некогаш се одлучите да ги посетите, треба да знаете дека здравственото осигурување нема да ви биде потребно. Ицокошима, Јапонија Јапонскиот остров, познат како Мијаџима, се смета за свето место кое е дом на многу антички храмови. За да се задржи чистотата на ова место, раѓањето и смртта тука се забранети од крајот на деветнаесетиот век, па локалните жители пред да умрат ги носат на блискиот остров. На Ицокошима и натаму не постојат ниту гробишта ниту болници. Лонгирбиен, Норвешка Најсеверниот град на светот се наоѓа на архипелагот Свалбард, а слојот на непрекинато смрзнато тло и константно ниските температури спречуваат телото да се разгради. Со цел да спречат ширење на болести, властите одлучиле да го забранат умирањето од 1950 година. Тие кои се на смрт летаат со авиони до копно, каде подоцна „имаат дозвола“ да умрат. Ланхарон, Шпанија Градоначалникот на Ланхарон во југоисточна Шпанија уште во 1999 година го забрани умирањето. Наводно гробиштата биле претрупани, па властите ги советувале четири илјадите граѓани да останат живи се додека надлежните не купат нова земја за гробишта. Градоначалникот дури и ги советува луѓето „максимално да се грижат за своето здравје се додека не се пронајде адекватно место за нови гробишта“. Не е познато колку долго тоа траело. Сарпуренк, Франција Градоначалникот на француското село Сарпуренк уште во 2008 година „им забаранил“ на жителите да умрат, освен ако немаат закупено гробно место. Дури им се заканил и со казни. Како што вели на радикалниот потег се одлучил откако му било забрането да ги прошири гробиштата. Дали некој го прекршил законот, а особено како е казнет, исто така не е познато до денес. Селја, Италија Во 2015 година надлежните им забраниле на жителите не само да умрат туку воопшто да не се разболат во обид да го спречат опаѓањето и стареењето на популацијата. Давид Зикјанела, градоначалник на местото потпишал декрет со кој им се наредува на жителите своето здравје да го стават на прво место. Градот во 1960 година имал 1.300 жители, а до 2015 година останале само 537, од кои 60 отсто се постари од 65 години. Биритиба Мирин, Бразил Гратчето Биритиба Мирин, 90 километри источно од Сао Паоло, во  2005 година властите забраниле умирање поради тоа што гробиштата го достигнале максимланиот капацитет од 50 илјади лица. Истиот случај се случил и во Конјак во Франција, каде властите не одобриле проширување на гробните места, па и овде градоначалникот забранил умирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/destinacii-na-koi-e-zabraneto-da-se-umre/feed/ 0