Умлена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Aug 2021 07:02:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Умлена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарот кај Робово и Умлена активен, се уште постои опасност за мештаните https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/#respond Thu, 05 Aug 2021 07:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=546443

Огнената стихија се уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина. Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сеуште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е се поблизу. – Утрово имаше хеликоптер во извидница, очекуваме наскоро да дојдат други хеликоптери и да почне да се гаси огнот. Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Мачевски. Во гаснењето од вчера се вклучи и тимот од 25 пожарникари од Бугарија. Комесарот на единицата од Благоевград, Георги Пармаков информираше дека веднаш по пристигнувањето им биле доделени задачи и дејствувале на поголем простор во Пехчевско до доцна во ноќта, а продолжуваат да пружаат помош и од утрово. Од полицијата информираа дека по стабилизирањето на ситуацијата е пуштен за сообраќај и патот Делчево – Пехчево – Берово, кој синоќа поради алармантната состојба беше пренасочуван преку алтернативни патни правци. -Патот е пуштен за сообраќај и возилата кои се движат на овој патен правец не се задржувани. Од она што можеме да го кажеме засега ситуацијата е помирна, велат од полицијата. Последните информации околу вториот пожар кај маалото Пасјак, во делчевското село Нов Истевник говорат дека истиот е под контрола. Во гаснењето на пожарот синоќа кај Пасјак беа ангажирани 2 возила и 40 луѓе кои дежураа во текот на ноќта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/feed/ 0
ПОЖАРОТ НЕ Е ПОД КОНТРОЛА: Гасењето во село Умлена отежнато поради непристапниот терен- требаше да се дејствува од воздух https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ne-e-pod-kontrola-gasenjeto-vo-selo-umlena-oteznato-poradi-nepristapniot-teren-trebashe-da-se-dejstvuva-od-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ne-e-pod-kontrola-gasenjeto-vo-selo-umlena-oteznato-poradi-nepristapniot-teren-trebashe-da-se-dejstvuva-od-vozduh/#respond Wed, 04 Aug 2021 20:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=546354

Гори село Умлена, над село Робово, во близина на село Митрашинци, голем потег со дијаметар од 10 километри и претежно борова шума. Гасењето е отежнато поради непристапниот терен. Како што вели командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски, пожарот е се уште активен иако екипи трет ден учествуваат во негово гасење. -Има многу екипи на терен. Месното население приоѓа, но пожарот засега не е под контрола. Да се надеваме дека со напор, вечерва, утре ќе успееме да го ставиме под контрола. Патиштата се непристапни, со ограничени можности сме со возилата за дејствување. Затоа прилично тешко се одвива гасењето, нагласи Букушовски. Според него, помошта од Република Бугарија е добредојдена. -Им благодариме на колегите за напорите кои ги имаат направено за да може да дојдат до тука со две цистерни, неколку возила и со 20-25 пожарникари. На друга позиција се горе. Да се надеваме дека се ќе биде добро. Нивната помош е драгоцена, ќе ни помогне да успееме да го санираме пожарот, истакна Букушовски. За вакви пожари, со толкав интензитет, оцени, има повеќе причини – висока температура, скоро 40 степени, 50 дена без дожд, ветер. -Голем пожар не настанува случајно и туку така. Пожарот се шири, колку што се моите информации, требаше да се дејствува од воздух, бидејќи вакви комбинирани пожари, приземен, стебло и крошна тешко се гасне од земја и со возила. И возилата ни се со ограничени можности на дејствување. Меѓутоа и хеликоптерите се исто така со ограничени можности, така што, еве, како што гледате, почнува да се шири пожарот. Правиме се што е во наши можности и напори за да биде локализиран, истакна командирот. На терен се и пожарникари од Виница. -Дојдени сме од Виница. Распоредени сме во Умлена, сега чекаме да излеземе на терен. Ние сме екипа од четири пожарникари со опрема, опремено возило, со вода, изјави командирот на Противпожарната единица од Виница, Станко Спасов. Според жителка на селото Умлена кое е во непосредна близина на Пехчево, ситуацијата е страшна. -Пожарот дојде речиси до местото наречено Камен, уште малку да влезе во селото. Куќите не беа загрозени. Главно ја завршија работата, инаку ќе имаше голем беља, рече жителката од селото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ne-e-pod-kontrola-gasenjeto-vo-selo-umlena-oteznato-poradi-nepristapniot-teren-trebashe-da-se-dejstvuva-od-vozduh/feed/ 0
Се распаѓа мостот на патниот правец кој ги поврзува селата Умлена и Чифлик во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-raspagja-mostot-na-patniot-pravec-koj-gi-povrzuva-selata-umlena-i-chiflik-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-raspagja-mostot-na-patniot-pravec-koj-gi-povrzuva-selata-umlena-i-chiflik-vo-pehchevo/#respond Wed, 03 Mar 2021 14:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=476677

Се распаѓа мостот на патниот правец кој ги поврзува селата Умлена и Чифлик во Пехчево. Жителите револтирани бараат да се оствари најавата за негова санација, бидејки како што велат мостот во секој момент може да се сруши. -Околу шест месеци движењето по овој оштетен мостот преставува опасност како по учесниците во сообраѓајот така и по населението. Поради топењето на снегот мостот пропаѓа и прашање на време е кога ќе се сруши, вели Димче Беќарски, жител на селото. Мостот е изграден далечната 1975 година, но проблемот според Беќарски е што при неговата изградба не се користела арматура, поради што како што додава е потребна итна негова реконструкција. Од локалната самоуправа во Пехчево информираат дека се запознаени со случајот. Во нивниот одговор се вели дека документацијата е подготвена и дека многу скоро поправката на мостот ќе биде извршена. Мештаните во својата реакција бараат и рехабилитација на патниот правец од село Чифлик кон село Умлена, ветување кое според нив се уште не е остварено од страна на локалните власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-raspagja-mostot-na-patniot-pravec-koj-gi-povrzuva-selata-umlena-i-chiflik-vo-pehchevo/feed/ 0