умник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 17:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png умник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефицата на УНМИК изрази загриженост поради потенцијална ескалација во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/#respond Fri, 04 Nov 2022 17:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=755926

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде, денеска изрази длабока загриженост за потенцијалната ескалација на безбедносната ситуација на Косово и ги повика двете страни на смиреност. и воздржаност. Зијаде, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, потсети на развојот на настаните од есента 2021 година и јули 2022 година и апелираше до страните да ги заштитат досегашните достигнувања, соопшти УНМИК. Таа ги повика сите страни да покажат одговорност и да ги преземат сите мерки на претпазливост за да се избегне влошување на состојбата, што може да има несакани последици. Зијаде повика на враќање на преговорите за да се зачуваат достигнувањата од дијалогот со посредство на ЕУ. „Нема алтернатива на дијалогот за надминување на несогласувањата и спречување на недоразбирања кои би можеле дополнително да ги подигнат тензиите“, рече Зијаде. Спорот меѓу Белград и Приштина за задолжителната пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички на Косово ескалира последните денови. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за утре закажа средба на сите претставници на косовските институции на северот на Косово, на која ќе предложи сите Срби да ги напуштат тие институции поради суспензијата на директорот на Северната регионална дирекција на косовската полиција, Ненад Ѓуриќ. Ѓуриќ беше суспендиран бидејќи одбил да ја спроведе одлуката на Владата за врачување опомени на сопствениците на возила со српски регистарски таблички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/feed/ 0
Вучиќ: Наскоро една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-naskoro-edna-golema-sila-kje-pobara-povlekuvanje-na-kfor-i-unmik-od-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-naskoro-edna-golema-sila-kje-pobara-povlekuvanje-na-kfor-i-unmik-od-kosovo/#respond Thu, 13 May 2021 10:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=509859

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека „една голема сила наскоро ќе започне со официјално барање за повлекување на КФОР и УНМИК од Косово, што би било апсолутна катастрофа за нас“ и посочи дека ќе го „замоли генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да се заложи со своето влијание во западната алијанса тоа да спречи“, јави дописникот на МИА од Белград. – Не знам дали некој е свесен што тоа би значело, јас сум многу загрижен, истакна Вучиќ, додавајќи дека се работи за разузнавачки податоци добиени од официјални извори и дека не може да изнесе повеќе детали. Говорејќи за претстојните меѓународни средби, тој потврди дека во Белград утре ќе пристигне словенечкиот претседател Борут Пахор. – Треба в недела да заминам во Словенија. А тука ќе бидат Вјоса Османи, Мило Ѓукановиќ, Зоран Милановиќ, Џаферовиќ, Комшиќ. Ќе биде интересно, кажа Вучиќ, наведувајќи дека оттаму ќе замине за Брисел каде ќе има средба со Столтенберг. Српскиот претседател на новинарите им ја пренесе и најновата прогноза на ММФ за Србија, според која растот на БДП во 2021 година ќе изнесува шест отсто. – Исклучително сум горд на најновата прогноза, што ја добив од ММФ, дека ги сменила проекциите за Србија. Претходно, тие рекоа дека растот ќе изнесува пет проценти. ЕК исто така ја смени прогнозата и рече дека тоа ќе биде 5,3 проценти, а сега ММФ го смени на шест отсто, кажа Вучиќ Тој додаде дека оваа година, и покрај огромните инвестиции во војската и инвестициските работи, Србија нема да има јавен долг поголем од 60,3 отсто и дека јавниот долг потоа ќе започне да се намалува. – Растот на БДП значи дека просечната плата во Србија од 1 јануари ќе биде поголема од 600 евра, а во Белград над 770 или 780 евра и оваа година ќе завршиме со БДП поголем од 50 милијарди евра, им кажа Вучиќ на новинарите во касарната Дедиње, каде што е отворен пункт за вакцинација за припадниците на белградскиот гарнизон и членовите на нивните семејства. Тој на отварање на пунктот изјави дека бројот на заинтересирани за вакцинација против коронавирусот се зголемил откако државата најавила финансиска поддршка од 3.000 динари за вакцинираните, но дека тоа сè уште не е доволно. – Претходно, во просек имавме околу 8.900 вакцинирани дневно, а сега околу 23.000, што е еден мал град. Не е лошо, но не е доволно, изјави Вучиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-naskoro-edna-golema-sila-kje-pobara-povlekuvanje-na-kfor-i-unmik-od-kosovo/feed/ 0
Сервер: За повлекување на УНМИК ќе треба нова резолуција на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/#respond Thu, 18 Oct 2018 10:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=116678

За повлекувањето на УНМИК од Косово без договор за конечен статус веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а нејзино донесување би зависело од Русија, изјави за Радио Слободна Европа Даниел Сервер, професор на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балкан. На прашањето дали УНМИК може да се повлече додека е во сила Резолуцијата 1244 на ОН за Косово, Сервер рече дека верува оти оваа иницијатива на Вашингтон е „дел од општата стратегија на САД да го намалат ангажирањето во мировните мисии на ОН“. – САД, во принцип, се обидуваат да ги намалат овие мисии каде што можат. Дали е можно УНМИК да се повлече од Косово без договор за конечен статус – претпоставувам дека е, но за тоа веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а се разбира, Русија би контролирала дали таа би поминала или не. Мислам дека Американците најверојатно ќе се обидат да го намалат бројот на персоналот и буџетот на ОН, но не знам колку луѓе има сега таму и колкав им е буџетот, така што не можам да ви кажам какви би биле последиците од тоа, рече Сервер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/feed/ 0