УНДП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 06:48:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png УНДП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски ќе биде домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на УНДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-bide-domakjin-na-prezentacijata-na-izveshtajot-za-chovekoviot-razvoj-2021-2022-na-undp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-bide-domakjin-na-prezentacijata-na-izveshtajot-za-chovekoviot-razvoj-2021-2022-na-undp/#respond Mon, 07 Nov 2022 06:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=756652

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Според најавите, на презентацијата на извештајот насловен „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува”, обраќање ќе имаат претседателот Пендаровски и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан. Извештајот е изработен и ќе биде претставен од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС), информираат од Кабинетот на претседателот. Извештајот за човековиот развој 2021/2022 ја рангира Северна Македонија од аспект на политичката стабилност и владеење, довербата во институциите, социо-економската состојба, родовите прашања, а воедно дава приказ на политичката и социјалната поларизација и екстремизам. Како резултат на пандемијата на Ковид-19, глобалните тенденции од 2019 година покажуваат тренд на опаѓање во напредокот на човековиот развој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-bide-domakjin-na-prezentacijata-na-izveshtajot-za-chovekoviot-razvoj-2021-2022-na-undp/feed/ 0
УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-nad-71-milion-lugje-vo-svetot-se-soochuvaat-so-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-nad-71-milion-lugje-vo-svetot-se-soochuvaat-so-siromashtija/#respond Thu, 07 Jul 2022 09:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=701602

Над 71 милион луѓе низ светот се соочуваат со сиромаштија како резултат на растечките цени на храната и на енергсите, предизвикани од руската инвазија врз Украина, соопшти денеска програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Се проценува дека дополнителни 51,6 милиони лица осиромашиле во првите три месеци по почетокот на војната, живеејќи со приходи од 1,90 долари дневно, или помалку. Сега вкупно девет отсто од светската популација живее во сиромаштија. Дополнителни 20 милиони се на граница на сиромаштија, со приходи од 3,20 долари дневно. Во земји со ниски приходи, семејства трошат 42 отсто од приходите на домаќинството за храна. Но, по санкциите воведени од западни земји кон Русија, пораснаа цените на горивата и на основните прехранбени производи, како пченица, шеќер, масло за јадење. Блокираните украински пристаништа и неможноста земјата да извезе жито во земји со ниски приходи, дополнително ги зголемијаа цените, туркајќи десетици милиони луѓе во сиромаштија. Брзината со која луѓето „влетаа“ во сиромаштија, ја надмина кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Според УНДП, 125 милиони луѓе доживеаја сиромаштија за време на 18 месеци карантин и затворање поради пандемијата. Од друга страна, 71 милион осиромаши за само три месеци по руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари кон крајот на февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-nad-71-milion-lugje-vo-svetot-se-soochuvaat-so-siromashtija/feed/ 0
УНДП: 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија ако војната продолжи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-90-otsto-od-ukrainskoto-naselenie-kje-se-soochi-so-siromashtija-ako-vojnata-prodolzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-90-otsto-od-ukrainskoto-naselenie-kje-se-soochi-so-siromashtija-ako-vojnata-prodolzi/#respond Wed, 16 Mar 2022 09:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=648094

Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). – Секој ден на одложен мир ќе го забрза слободното пад во сиромаштија, предупреди УНДП, додавајќи дека војната може да остави „длабоки социјални и економски лузни врз идните генерации. Според администраторот на УНДП, Ахим Штајнер „акутните влијанија од продолжената војна сега стануваат поочигледни“. – Алармантниот економски пад, страдањата, тешкотиите на веќе трауматизираното население сега мора да бидат во поостар фокус. Има уште време да се запре оваа мрачна траекторија, истакна Штајнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-90-otsto-od-ukrainskoto-naselenie-kje-se-soochi-so-siromashtija-ako-vojnata-prodolzi/feed/ 0
Арсовска: Поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад и деградација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/#respond Thu, 23 Dec 2021 14:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=612182

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП. Арсовска се обрати на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“ на кој зборуваше за важноста на родовата еднаквост и за можностите за вклучување на жените во јавниот живот во нашето општество. -Сите можевте да видите дека во ова предизборие имаше навистина големи напади, напади и обиди да се исфрлат од игра сите оние за кои се сметаше дека се послаба алка. Верувам дека се докажа спротивното, дека победија човечноста и успешноста. Вчера бев избрана за првата жена претседател во скоро 50 години постоење на ЗЕЛС и сум прва избрана градоначалничка на Градот Скопје. Од една страна, тоа претставува голема одговорност, но од друга страна, за мене одговорноста е уште поголема што успеав да се изборам со сите дискредитации и дискриминации во изминатиот период. Затоа, не е за чудење што е намален бројот на жени градоначалнички на само две, имајќи ги во предвид директните инструирани напади, кои се обиди да нема жени на високи и одговорни позиции, особено кога тие се избрани, а не назначени – рече денеска градоначалничката Арсовска. Таа нагласи дека тие напади не треба да се гледаат како причина за нереализација на зацртаните активности. -Ако нешто не се промени на ова поле, нема да има жени на високи раководни функции. Затоа, апелирам да дадете поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад, која континуирано се деградира. Тоа нема да се промени се додека сите не застанеме во нивна одбрана. Има луѓе платени од наши средства, државни функционери и луѓе на позиции кои навредуваат и не сносат никаква одговорност, ниту морална, ниту етичка, а немаат ниту осуда од општеството за начинот на којшто се однесуваат. Таквото однесување не смее да се дозволи во ниту едно демократско општество, а нашето воопшто не е едно општество за сите. „Не за насилството врз жените во јавниот живот“ треба да важи за секоја една жена во Македонија, а не само за оние кои што се во најблискиот круг на централната власт. Се додека се дозволува на носители на јавни функции да се однесуваат вака, луѓето ќе сметаат дека за сите е дозволено такво однесување - нагласи Арсовска. Таа образложи дека во моментов има само две жени градоначалнички во Македонија и дека тоа е поразителна бројка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/feed/ 0
УНДП: Иновативните алатки за потранспарентни општини во конкуренција за највлијателна заложба во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/undp-inovativnite-alatki-za-potransparentni-opshtini-vo-konkurencija-za-najvlijatelna-zalozba-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/undp-inovativnite-alatki-za-potransparentni-opshtini-vo-konkurencija-za-najvlijatelna-zalozba-vo-evropa/#respond Thu, 21 Oct 2021 13:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=583211

Гласањето за наградата за отворена Влада, што се доделува на глобално ниво како дел од десетгодишниот јубилеј на иницијативата Отворено владино партнерство, ќе се одвива до 22 октомври, а сите граѓани на Македонија ќе можат да дадат поддршка за заложбата за потранспарентни општини. Групата иновативни алатки кои ја зголемија транспарентноста на општините во земјава се во конкуренција на изборот за највлијателна заложба во Европа. Гласањето ќе се одвива на веб-страната на Отворено владино партнерство. Од Канцеларијата на УНДП во државава информираат дека иновативни алатки се креирани и ставени во функција во изминатите три години, во рамки на заложбата „Воспоставување нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“. – Најобемната активност резултираше со креирање електронска алатка која на општините им овозможува да им ги прикажат на граѓаните финансиското работење и реализацијата на буџетот на разбирлив начин. Досега, вкупно 39 општини ја препознаа ефикасноста и практичноста на оваа алатка, а податоците за сите овие општини се достапни на веб страницата на Министерството за финансии, се вели во соопштението. Од УНДП додаваат дека Министерството за локална самоуправа е носител на оваа заложба со којашто се имплементираат нови и иновативни алатки за брз и лесен пристап до податоците за реализацијата на општинските буџети. Граѓаните имаат пристап до информирање за што се користат нивните пари, а со тоа општините ја зголемуваат транспарентноста и отчетноста. Министерството за локална самоуправа оценува оти оваа заложба е корисна за сите и со тоа граѓаните имаат влијание, а претставниците во Советот на општината носат одлуки врз основа релевантни и достапни податоци. Национален координатор на иницијативата Отворено владино партнерство, која се спроведува од 2011 година, е Министерството за информатичко општество и администрација. Заложбата пак за транспарентни општини ја спроведува Министерството за локална самоуправа во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Министерството за финансии, ЗЕЛС, UN Women, Здружението на финансиски работници и партнерските општини, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. Доколку заложбата за потранспарентни Општини биде избрана меѓу највлијателните во Европа, од УНДП информираат дека ќе учествува на Глобалниот самит за Отворено владино партнерство, кој ќе се одржи во Јужна Кореја кон крајот на годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/undp-inovativnite-alatki-za-potransparentni-opshtini-vo-konkurencija-za-najvlijatelna-zalozba-vo-evropa/feed/ 0
УНДП повикува на воведување привремен основен приход за 2,7 милијарди луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-povikuva-na-voveduvanje-privremen-osnoven-prihod-za-2-7-milijardi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-povikuva-na-voveduvanje-privremen-osnoven-prihod-za-2-7-milijardi-lugje/#respond Fri, 24 Jul 2020 05:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=380603

Агенцијата на Обединетите нации УНДП побара воведување на привремен основен приход за 2,7 милијарди сиромашни луѓе во светот во услови на пандемија на коронавирусот. ОН соопшти дека ваквите мерки може да го запрат ширењето на вирусот со тоа што ќе им дозволат да останат дома на оние што се близу или над границата на сиромаштијата во 132 земји во развој. Седум од десет работници во посиромашните земји во моментов заработуваат приходи преку неформални пазари и не можат да си дозволат да останат дома, истакнува УНДП. – Невидени времиња бараат невидени социјални и економски мерки. Воведувањето на привремен основен приход за најсиромашните во светот се појави како една од опциите. Пред само неколку месеци, ова можеби се чинеше незамисливо, изјави шефот на УНДП Ачим Стајнер во соопштение за медиумите. – Привремениот основен приход може да им овозможи на владите да им обезбедат на луѓето во карантини спасителна финансиска помош, да инјектираат пари во локалните економии за да им помогнат на малите бизниси да преживеат и да го забават катастрофалното ширење на Ковид-19, додава тој. УНДП проценува дека обезбедувањето таков привремен, загарантиран основен приход би чинел најмалку 199 милијарди долари месечно. Се додава дека ова би можело да се финансира преку пренаменување на постојните средства, како што се субвенциите за фосилните горива. Земјите, според УНДП, годинава би можеле средствата што ги користат за да ги сервисираат долговите да ги пренаменат за исплата на тој грант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/undp-povikuva-na-voveduvanje-privremen-osnoven-prihod-za-2-7-milijardi-lugje/feed/ 0
Заев ветуваше земја на еднакви можности, а УНДП покажа колку е очајна состојбата во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vetuvashe-zemja-na-ednakvi-moznosti-a-undp-pokaza-kolku-e-ochajna-sostojbata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vetuvashe-zemja-na-ednakvi-moznosti-a-undp-pokaza-kolku-e-ochajna-sostojbata-vo-makedonija/#respond Wed, 18 Dec 2019 09:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=279073

Македонија и понатаму е на последните места во регионот според индексот на човеков развој. Нашата земја е рангирана на лошата 82-ра позиција во извештајот на УНДП за нееднаквиот развој. Според последниот извештај на УНДП, Македонија е на третото место од дното во Европа а 82 во светот, од вкупно 189 земји опфатени во извештајот. Во овој извештај Македонија, е групирана во т.н региони во развој и е само од неколкуте европски држави во друштво на земји од Азија, Африка, Латинска Америка, Блискиот исток. Статистиката, за нас, е поразителна. Пред Македонија се Словенија на 24-то место, Грција на 32-ро, Хрватска на 46-то, Црна Гора и Бугарија на 52-ро место, Србија на 63-то, Албанија на 69-то и Босна и Херцеговина на 75-то место. Претставникот на УНДП за Европа и Евроазија, Бен Сјел, рече дека индексот за Македонија покажува на кои конкретни прашања треба да се ангажира земјата. „Потребно е ресурсите да се инвестираат на вистински места, не само да произведете дипломи, туку да создадете добро образование и способни луѓе. Не само да градите болници туку да им овозможите на луѓето да живеат подолго и да имаат квалитетен живот. Оние се тие предизвици и за ова е и извештајот“. Врз основа на анализи на извештајот, издвоени се факторите кои влијаат врз нееднаквиот развој во Македонија. Клучен е нееднаквиот пристап до можности, како што е пристапот до здравствена заштита, пристапот до пазарот на труд, пристапот до образование. Во однос на образованието, во извештајот се забележува дека жените од Западен Балкан имаат подолг животен век од мажите и се пообразовани. Но, во работните места од наука, технологија и инженерство, сепак мажите се уште предничат, па тука бројот е над половина. Постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарине Сахакјан, нагласи дека Програмата за развој е посветена да оди надвор од границите на човековиот развој, неоставајќи никого изоставен. Исто така, да поттикнува локални акции за глобални промени и да влијае на начинот како размислуваме, испорачуваме, инвестираме и како се справуваме со прогресот кон остварувањето на глобалните цели за одржлив развој. -Годинешниот извештај покажува дека нееднаквостите се широко распространети, некои се однесуваат на животот и смртта, другите на пристапот до знаењето и технологиите кои го менуваат животот. Разликата во животниот век меѓу земјите со низок и многу висок човеков развој и покрај тоа што значително се намали, се уште е 19 години. Нееднаквоста не е надвор од решенијата – таа подразбира поширок круг на политики надвор од приходот, надвор од просечноста и од денешницата, истакна Сахакјан. Додаде се појавува нова генерација нееднаквости околу образованието, технологиите и климатските промени. Извештајот јасно покажува дека Македонија не е земја на еднакви можности. По индексот на човеков развој, во друштво сме со земји како Оман и Тринидат и Тобаго. Премиерот Зоран Заев, како и за многу други работи, така и за ова ветуваше сосема поразлична приказна. Во предизборието тој ветуваше дека ќе ја направи Македонија земја на еднакви можности за сите. Во трката по гласови од граѓаните, Заев ветуваше еднаков развој и можности за сите граѓани на земјава. Тој на митинг во Шутка, во 2016-та година вети дека Македонија ќе биде земја на еднакви можности за сите нејзини граѓани. Им вети на граѓаните Роми дека ќе има достоинствен живот за нив, еднаков со оној на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, Власите.
-Македонија е земја мајка еднаква за сите нејзини граѓани. Понижувањата на ромскиот народ ќе завршат на 11-тидекември, затоа што овој народ е решен да си го врати животот. Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права, рече меѓу другото тогаш Заев.
Извештајот на УНДП, кој за Македонија е поразителен, обелодени како живеат македонските граѓани и со што се соочуваат, но му предочи и на премиерот дека наместо да ја води кон напредок, ја уназадува државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vetuvashe-zemja-na-ednakvi-moznosti-a-undp-pokaza-kolku-e-ochajna-sostojbata-vo-makedonija/feed/ 0