унеско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 18:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png унеско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пецаков: Ниту ова ниту било кое раководство на Охрид не се дрзнало да не се грижи за статусот на регионот во УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/#respond Thu, 05 Oct 2023 18:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=885731

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, реагираше на денешните изнесени забелешки од страна на Општина Струга, дека Општината Охрид и нејзините раководители се најодговорни за проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион и во крајна линија неговиот статус во УНЕСКО. Според соопштението на Општина Струга, најголем дел од проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион произлегле од Општината Охрид и нејзините раководители кои, како што е наведено, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Општина Струга за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“. Пецаков во одговорот на соопштението до јавноста посочува дека ниту ова, ниту било кое претходно раководство на Општина Охрид до далечното минато, се дрзнало да не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. -Што се однесува до случувањата во Охридскиот регион, а се поврзани со УНЕСКО, треба секој еден практикант на функција да знае дека тука се надлежни повеќе институции централни и локални и дека ниедна од овие институции не може самостојно да ги пишува заклучоците во извештаите кои го носи УНЕСКО. А за да увидиш во извештајот кои се забелешките треба да го прочиташ, а не да чекаш некој да ти го прераскаже, вели тој. Тој наведе дека Општина Охрид и тој како нејзин градоначалник, со сите надлежни институции домашни и меѓународни имале одлична комуникација на поле УНЕСКО. -Тоа се потврдило и го потврдиле многубројните посети и работни состаноци. Иако, Општина Охрид која територијално е најопфатена со УНЕСКО, своите задолженија ги извршува редовно и навремено и во ниеден момент не бара кривец во други општини, бидејќи нема потреба да бараш кривец кога си ја работиш работата согласно Закон“, вели Пецаков. Што се однесува до наводното поткупување медиумите, организациите и лобистите, тој се воздржува од коментар, остава самите да дадат одговор доколку се чувствуваат повикани. Претходно денеска струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имал средба со претставници на Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Северна Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/feed/ 0
УНЕСКО: Венеција вон листата на загрозено културно наследство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-venetsija-von-listata-na-zagrozeno-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-venetsija-von-listata-na-zagrozeno-kulturno-nasledstvo/#respond Fri, 15 Sep 2023 08:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=878298

Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации - УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство - спротивно на очекуваното. Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката вчера на тековниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија. Сепак, Комитетот ја повтори својата загриженост за правилно зачувување на овој град во северна Италија, признат како светско наследство во 1987 година. При закани од масовниот туризам и климатските промени, се вели дека мора да се постигнува и натамошен напредок. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро го изрази своето задоволство по одлуката на УНЕСКО, нагласувајќи дека се направени напори за заштита на таа област. - Венецијанците го сакаат својот град и веруваат во неговата иднина, изјави Бруњаро. Италијанскиот министер за култура, Џенаро Санџулијано ја нарече одлуката „голема победа за Италија и здравиот разум“. Тој рече дека градот Венеција презел храбри чекори за управување со туризмот и обезбедување заштита на статусот на неговото наследство. Градскиот совет на Венеција претходно одлучи да воведе такса од пет евра за туристи. Надоместокот првично пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу посетители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-venetsija-von-listata-na-zagrozeno-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
УНЕСКО предупредува на прекумерна употреба на најновите технологии во училиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-predupreduva-na-prekumerna-upotreba-na-najnovite-tehnologii-vo-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-predupreduva-na-prekumerna-upotreba-na-najnovite-tehnologii-vo-uchilishtata/#respond Thu, 27 Jul 2023 06:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=860527

УНЕСКО предупредува дека прекумерното потпирање на технологијата во образованието може да биде непродуктивно, па дури и штетно, доколку се меша во стекнувањето основни вештини, како што е читањето. Учениците треба да учат за технологијата во светот, но наставниците треба да внимаваат претерано да не користат „технолошки помагала“ во наставата, предупреди УНЕСКО во својот извештај. Тие додаваат дека има малку цврсти докази за додадената вредност на дигиталната технологија во образованието. Во извештајот, УНЕСКО силно предупредува на технологијата во стекнувањето на традиционални клучни вештини кои всушност би можеле да им помогнат на децата да избегнат некои од замките на современиот дигитален свет. На пример, учениците со развиени вештини за читање се многу поотпорни на измами преку е-пошта, рече Мансо Антонис, главниот автор на извештајот на УНЕСКО. „Ако научите да читате добро, да читате со разбирање, тоа исто така ве прави подобро подготвени да се движите низ дигиталниот свет, а ние често го забораваме тоа“, додаде Антонис. Технологијата во училницата „може да има штетно влијание ако е несоодветна или прекумерна“, се вели во извештајот. Антонис посочи и дека 20 години по воведувањето на лаптопите во училиштата, јасно е дека таквите политики се успешни само доколку се комбинираат со солидна педагошка рамка. Сепак, само „неколку земји беа доволно трпеливи и имаа доволно енергија да одат во таа насока“, посочи Антонис, предупредувајќи дека „не е доволно само да се дистрибуираат уреди“. Во исто време, УНЕСКО забележа растечки тренд на забрана на паметни телефони во училниците. Секоја четврта земја веќе има донесено закони и прописи во оваа насока. „Присуството на телефони во училницата може да биде многу вознемирувачко“, рече Антонис. Забранувањето на паметните телефони во училиштата, дури и во либералните земји како Холандија, беше „интересно и изненадувачко откритие“ за истражувачите на УНЕСКО, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-predupreduva-na-prekumerna-upotreba-na-najnovite-tehnologii-vo-uchilishtata/feed/ 0
САД се повторно примени во УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povtorno-primeni-vo-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povtorno-primeni-vo-unesko/#respond Fri, 30 Jun 2023 17:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=851354

САД се повторно примени во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), која ја напуштија во времето на претходниот претседател Доналд Трамп. Многу очекуваната одлука беше донесена денеска на крајот од дводневната специјална сесија на Генералната конференција на УНЕСКО. САД ја напуштија организацијата со седиште во Париз пред речиси пет години, која администрацијата на Трамп ја обвини за анти-израелска пристрасност и лошо управување. Актуелниот американски претседател Џо Бајден прекина со поизолационистичката политика на неговиот претходник. Генералната конференција на УНЕСКО ја усвои резолуцијата за враќање на членството на САД со поддршка од 132 земји, 15 земји гласаа „воздржани“, а 10 - „против“. Меѓу противниците беа Сирија, Иран, Кина и Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povtorno-primeni-vo-unesko/feed/ 0
Бетонизација на Охридско езеро на албанска страна, нафтена дамка во Студенчишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=827763

Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата. Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. - Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека уништувањето продолжува со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел, потенцираат од „Охрид SOS“. Истовремено, во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, предизвикано од човечки фактор. На површината на водата се појави мрсна дамка, од непознато потекло. Според информациите од надлежните, вчера попладнето извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, изготвена е фото-документација, а согласно регулативата ќе се покрене соодветна постапка. За да видат каква е ситуацијата со био-резерватот Охридско Езеро во земјава престојуваат претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, на Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска Конвенција) и на УНЕСКО. Тие денеска ќе имаат средби со претставници на Општина Охрид, а предвидено е да ги посетат уште Националниот парк „Галичица“, Општина Струга, како и теренски посети на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро. Експертите од УНЕСКО и Бернската конвенција вчера имаа средба и со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Таа по средбата изрази очекување дека гостите ќе дадат реална оценка за ситуацијата на терен, како и препораки за одржливо управување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/feed/ 0
УНЕСКО вети дополнителна помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-veti-dopolnitelna-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-veti-dopolnitelna-pomosh-za-ukraina/#respond Wed, 05 Apr 2023 12:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=820511

Директорката на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), Одре Азулај при денешната посета на Киев вети дополнителна помош за Украина. - Од првите денови на војната, УНЕСКО застана зад Украинците за да им помогне да ги заштитат културата, наследството, образованието и безбедноста на новинарите, изјави Азулај, која е во дводневна посета на Украина. Таа посочи дека УНЕСКО во Украина достави материјалите за зачувување на спомениците и уметничките дела, како и 50.000 компјутери за да се овозможи учење на далечина, како и обезбедена е заштитна опрема за новинарите. Азулај наведе дека помошта од УНЕСКО изнесува 30 милиони долари. Таа најави дека помошта ќе продолжи и ќе се зголемува во 2023 година и во наредните недели УНЕСКО ќе додели повеќе од десет милиони долари за образование, главно за да обезбеди дополнителна помош од психолозите за учениците. - Штетата од војната е огромна, посочи Азулај, додавајќи дека ќе бидат потребни уште 6,9 милијарди долари во следните десет години за обнова на културниот сектор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-veti-dopolnitelna-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
УНЕСКО и Европската комисија почнуваат образовна кампања против антисемитизмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-i-evropskata-komisija-pochnuvaat-obrazovna-kampana-protiv-antisemitizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-i-evropskata-komisija-pochnuvaat-obrazovna-kampana-protiv-antisemitizmot/#respond Mon, 03 Apr 2023 16:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=819666

УНЕСКО и Европската комисија денеска започнаа двегодишен проект за борба против антисемитизмот во Европа преку образование, во време кога еврејските заедници чувствуваат зголемена закана. Новото партнерство е предводено од УНЕСКО и финансирано од Европската комисија со поддршка на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти УНЕСКО. Проектот ќе се спроведува во 12 земји-членки на ЕУ, меѓу кои Хрватска, Словенија, Италија, Австрија, Франција и Германија. УНЕСКО ќе соработува со локалните власти за обука на наставници, креатори на политики и граѓански организации за борба против антисемитизмот преку образовниот систем, соопшти агенцијата на Обединетите нации. „Изградбата на Европа без омраза и антисемитизам започнува во училницата“, рече по тој повод комесарот на Европската комисија Маргаритас Схинас. Целта е да се зајакне капацитетот на образовните системи за справување со проблеми како што се теории на заговор, антисемитски предрасуди и стереотипи и говор на омраза на Интернет и да се одговори на антисемитски инциденти. Извештајот од март оваа година на еврејската организација B'nai B'rith International, основана во 1843 година, покажува дека „агресивните собири шират антисемитски и екстремистички идеологии“ низ Европската Унија, глорифицирајќи ги злосторствата на Холокаустот. На интернет се шират и антисемитизам и искривување на холокаустот, а статистиката е „алармантна“, предупредува организацијата. Студијата на УНЕСКО од 2022 година покажува дека во просек 16 отсто од објавите на социјалните мрежи за Холокаустот ја фалсификуваат историјата, а процентот се зголемува на 49 отсто на немодерираната апликација Телеграм. Истражувањето на ЕУ помеѓу 2020 и 2021 година покажа седумкратно зголемување на антисемитските објави на франкофонските кориснички сметки на социјалните мрежи и тринаесеткратно зголемување на сметките на германски јазик, се вели во соопштението на УНЕСКО. Новото истражување на технолошката компанија CASM Technology и институтот ISD од март 2023 година покажува дека бројот на антисемитски објави на Твитер се удвоил за само три месеци откако се променила сопственичката структура на социјалната мрежа. Мултимилијардерот Илон Маск го купи Твитер на крајот на октомври минатата година. Како агенција на ОН со мандат да ја заштити слободата на изразување, УНЕСКО затоа ќе спроведе серија глобални консултации со владите, регулаторните тела, граѓанското општество и приватниот сектор за да развијат упатства за регулирање на дигиталните платформи, се вели во соопштението. Целта е да се санкционира ширењето на дезинформации, теории на заговор и говор на омраза на Интернет, а истовремено да се заштити слободата на говорот и другите човекови права. УНЕСКО ќе спроведе истражување и на темата јудаизам и антисемитизам во училишните учебници и ќе ја испита подготовката на наставниците за оваа тема, по што ќе даде препораки до европските членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-i-evropskata-komisija-pochnuvaat-obrazovna-kampana-protiv-antisemitizmot/feed/ 0
Средба на Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-generalnata-direktorka-na-unesko-odre-azule/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-generalnata-direktorka-na-unesko-odre-azule/#respond Tue, 21 Mar 2023 10:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=814473

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во организацијата, како и за можностите за нејзино проширување преку реализација на проекти од областите на културата, образованието, науката, животната средина, информатичко- комуникациските технологии, програмите за млади, граѓанското општество и човековите права. Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава придава големо значење на соработката со УНЕСКО, ги промовира и учествува во нејзините активности и иницијативи, а реализира активна и конструктивна соработка со другите држави членки на оваа организација. Претседателот Пендаровски се заблагодари на генералната директорка Азуле што УНЕСКО го препозна значењето на македонскиот поет Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, оценувајќи го како признание за вредностите што Шопов ги промовирал преку неговото богато творештво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-generalnata-direktorka-na-unesko-odre-azule/feed/ 0
Пендаровски ќе се обрати на меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов во седиштето на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-megunaroden-simpozium-vo-chest-na-atso-shopov-vo-sedishteto-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-megunaroden-simpozium-vo-chest-na-atso-shopov-vo-sedishteto-na-unesko/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=814346

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање - „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Пендаровски ќе присуствува и на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов, а предвидено е да има средба и со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. Престојот во Франција, Пендаровски го почна вчера со посета на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со директорот на Институтот, Жан Франсоа-Хуше, со шефот на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО,Фроса Пејоска-Бушеро и со лекторот по македонски јазик на Институтот, Ѓоко Здравески. -Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов, што се одбележува со низа настани во текот на 2023 година. Чествувањето на големиот јубилеј е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО која, на иницијатива на Република Северна Македонија, го поддржа и се вклучи во одбележувањето на јубилејот, соопшти Кабинетот на Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-megunaroden-simpozium-vo-chest-na-atso-shopov-vo-sedishteto-na-unesko/feed/ 0
Генералната директорка на УНЕСКО бара построга регулација на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/#respond Wed, 22 Feb 2023 21:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=803897

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле денеска повика на глобален дијалог за да се најде начин да се регулираат активностите на компаниите кои поседуваат социјални мрежи и да се ограничи нивната улога во ширењето дезинформации. Азуле зборуваше на меѓународен собир на парламентарци, новинари и активисти на граѓанското општество за регулирање на социјалните мрежи како што е Твитер за да се направи интернетот побезбеден, а информациите засновани на факти. Дводневната конференција се обидува да постави насоки кои ќе им помогнат на регулаторните тела, владите и компаниите да се справат со содржината што ја поткопува демократијата и човековите права, истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување и зајакнување на пристапот до точни и веродостојни информации. Азуле изјави дека глобалниот дијалог треба да резултира со правни средства и принципи на одговорност за компаниите кои поседуваат социјални мрежи со цел тие да дејствуваат за јавното добро. - Тоа би ги намалило ризиците што ги гледаме денес, со кои живееме денес, со дезинформации и теории на заговор кои се шират побрзо од вистината, рече таа. Минатата година, Европската унија донесе регулатива која ќе ги принуди големите технолошки компании како Гугл и Мета построго да ги регулираат своите платформи, со цел да ги заштитат корисниците во Европа од говор на омраза, дезинформации и штетна содржина. Регулативата за дигитални услуги е еден од трите главни европски прописи насочени кон технолошката индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/feed/ 0