унхцр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 20:01:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png унхцр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-poradi-konfliktot-vo-sudan-se-raseleni-nad-chetiri-milioni-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-poradi-konfliktot-vo-sudan-se-raseleni-nad-chetiri-milioni-litsa/#respond Tue, 08 Aug 2023 19:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=864794

Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер. Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети. Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години. -Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија квалитетот на здравствената заштита низ целата земја, рече Спиндлер. Конфликтот меѓу меѓународно признатата влада и паравоените Сили за брза поддршка се интензивираа во источниот дел на Картум и Омдурман. Конфликтот во Судан почна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група РСФ на генералот Мохамед Хамдан Дагл.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-poradi-konfliktot-vo-sudan-se-raseleni-nad-chetiri-milioni-litsa/feed/ 0
УНХЦР: Во европските земји има над осум милиони украински бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-vo-evropskite-zemji-ima-nad-osum-milioni-ukrainski-begaltsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-vo-evropskite-zemji-ima-nad-osum-milioni-ukrainski-begaltsi/#respond Thu, 25 May 2023 06:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=838383

Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека вкупно 8.249.055 украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина. Според податоците на УНХЦР, само изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766. Во периодот од 24 февруари 2022 година до 23 мај 2023 година, дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија. Потоа следува Полска со 1.605.738, Германија 1.061.623, Чешка 520.234, Велика Британија 204.700, Шпанија 179.884, Италија 175.107, Бугарија 159.225, Романија 132.382,1918, Словачка 1819, Словачка 132.362. 889, додека во другите земји, бројот на бегалци не е над 100.000. - Дури 5.246.661 бегалец се вклучени во националните програми за привремена заштита и поддршка, наведува УНХЦР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-vo-evropskite-zemji-ima-nad-osum-milioni-ukrainski-begaltsi/feed/ 0
УНХЦР: Над 800.000 луѓе би можеле да побегнат од Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-nad-800-000-luge-bi-mozhele-da-pobegnat-od-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-nad-800-000-luge-bi-mozhele-da-pobegnat-od-sudan/#respond Tue, 02 May 2023 06:16:22 +0000 https://kurir.mk/?p=829536

Директорот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди предупреди дека над 800.000 луѓе би можеле да побегнат од Судан поради конфликтот помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), што почна на 15 април. Според УНХЦР најмалку 73.000 луѓе пристигнале во земјите во близина на Судан. УНХЦР, заедно со владите и партнерите, се подготвува за можноста повеќе од 800.000 луѓе кои бегаат од борбите во Судан да пристигнат во соседните земји, напиша Гранди на Твитер. Поголемиот број бегалци пристигнаа во Чад и во Јужен Судан. Но, нема информации колку Суданци побегнале во соседните Египет, Етиопија, Еритреја, Либија и Централноафриканската Република. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-nad-800-000-luge-bi-mozhele-da-pobegnat-od-sudan/feed/ 0
УНХЦР „длабоко загрижен“ за предлог-законот за азил во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-dlaboko-zagrizhen-za-predlog-zakonot-za-azil-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-dlaboko-zagrizhen-za-predlog-zakonot-za-azil-vo-velika-britanija/#respond Wed, 08 Mar 2023 07:17:42 +0000 https://kurir.mk/?p=809331

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) објави дека е „длабоко загрижен“ поради нацрт-законот за азил што го претстави владата на Велика Британија. Во соопштението на УНХЦР се посочува дека законот, во неговата сегашна форма, „го принудува британскиот министер за внатрешни работи да одбие пристап до системот за азил на Велика Британија на оние кои нерегуларно ќе влезат во државата“, пишува лондонски Гардијан. Агенцијата на ОН во соопштение предупреди дека барателите на азил ќе бидат приведени во Британија додека се прават аранжмани за нивно префрлање во друга земја. „Ефектот на нацрт-законот (во таа форма) би бил да им се ускрати заштита на многу баратели на азил на кои им е потребна безбедност и заштита, па дури и да им се оневозможи можноста да го презентираат својот случај. Тоа ќе ја прекрши Конвенцијата за бегалци и ќе ја поткопа долгогодишната хуманитарна традиција со која британскиот народ со право се гордее“, се вели во соопштението на УНХЦР. Повеќето луѓе кои бегаат од војна и прогон едноставно не можат да добијат пасоши и визи, а не им се достапни безбедни и „легални“ патишта, според УНХЦР. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhtsr-dlaboko-zagrizhen-za-predlog-zakonot-za-azil-vo-velika-britanija/feed/ 0
УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-vo-2022-godina-100-milioni-lugje-bea-prinudeni-da-gi-napushtat-svoite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-vo-2022-godina-100-milioni-lugje-bea-prinudeni-da-gi-napushtat-svoite-domovi/#respond Mon, 26 Dec 2022 18:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=780798

Сто милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во 2022 година, што е за 10 милиони повеќе од минатата година, објави денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) на својата веб-страница. УНХЦР наведува дека избувнувањето насилство или долготрајните конфликти биле клучни фактори за миграцијата во многу делови од светот, вклучувајќи ги Украина, Етиопија, Буркина Фасо, Сирија и Мјанмар. Како што додаваат, илјадници очајни мигранти кои се упатиле кон Европа ги ставиле своите животи во рацете на трговците со луѓе и се движеле на опасни патувања низ Медитеранот, кои премногу често завршуваа со трагедија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-vo-2022-godina-100-milioni-lugje-bea-prinudeni-da-gi-napushtat-svoite-domovi/feed/ 0
УНХЦР стравува дека во потонатиот чамец во близина на Родос загинале десетици бргалци и мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unhcr-stravuva-deka-vo-potonatiot-chamec-vo-blizina-na-rodos-zaginale-desetici-brgalci-i-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unhcr-stravuva-deka-vo-potonatiot-chamec-vo-blizina-na-rodos-zaginale-desetici-brgalci-i-migranti/#respond Fri, 12 Aug 2022 14:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=717766

Откако во средата потона брод со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Родос, Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) стравува дека загинати се десетици лица во Егејското Море, со оглед на тоа што два дена подоцна, бројот на спасени останува непроменет, јави дописничката на МИА од Атина. Крајбрежната служба на Грција, веднаш по потонувањето на чамецот спаси 29 лица, додека според УНХЦР уште пет лица биле спасени од турската крајбрежна служба. Според сведоштвата на преживеаните, во чамецот имало од 60 до 80 лица, што значи дека најмалку 26 лица се исчезнати. Бродот потона во средата на 10 август на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување, а според сведоштвата на бегалците и мигрантите, како што соопшти УНХЦР, чамецот од Турција тргнал кон Италија. Претставничката на УНХЦР во Грција Марија Клара Мартин вели дека треба да се стави крај на зголемените смртни случаи на границите на Европа. -Оваа континуирана загуба на животи е неприфатлива. Без алтернативни безбедни патишта, бегалците и мигрантите продолжуваат да ги ризикуваат своите животи. Сите луѓе имаат право да бараат безбедност ако бегаат од војни и прогони. Треба да се стави крај на зголемените смртни случаи на границите на Европа, вели Мартин Од УНХЦР соопштија дека нивните процени се дека во првата половина на 2022 година речиси 1.200 лица ги загубиле нивните животи или се водат за исчезнати во море, во обид преку Медитеранот и северозападниот африкански поморски пат да стигнат до Европа, а „оваа бројка вклучува најмалку 25 загинати или исчезнати во источниот Медитеран“. Минатата година, загинале или исчезнале 3.100 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unhcr-stravuva-deka-vo-potonatiot-chamec-vo-blizina-na-rodos-zaginale-desetici-brgalci-i-migranti/feed/ 0
УНХЦР: Бесмислената војна на Русија предизвика неподносливи страдања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-besmislenata-vojna-na-rusija-predizvika-nepodnoslivi-stradanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-besmislenata-vojna-na-rusija-predizvika-nepodnoslivi-stradanja/#respond Wed, 06 Jul 2022 05:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=700695

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле ја осуди „бесмислената војна“ во Украина и повика на прекин на неподносливите страдања на цивилите во руската инвазија. „Како што влегуваме во петтиот месец од војната, продолжува да расте неподносливиот данок од војната во Украина. Во името на секоја жртва на оваа бесмислена војна, барам да престанат убиствата, мачењата, произволните затворања“, пренесува лондонски „Гардијан“ делови на обраќањето на Башеле пред Советот за човекови права на ОН. Башеле вчера пред Советот го претстави извештајот на УНХЦР за состојбата со човековите права во Украина, за периодот од почетокот на руската инвазија на 24 февруари заклучно со 15 мај. „Големиот број цивилни жртви и обемот на уништување на цивилната инфраструктура продолжуваат да предизвикуваат голема загриженост. Нападите извршени од руските оружени сили не се во согласност со меѓународното хуманитарно право“, рече Башеле, нагласувајќи дека ниту украинските сили целосно се придржувале на меѓународните хуманитарни норми при нивните воени активности во источните делови на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-besmislenata-vojna-na-rusija-predizvika-nepodnoslivi-stradanja/feed/ 0
УНХЦР: Испратени тони хуманитарна помош во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-isprateni-toni-humanitarna-pomosh-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-isprateni-toni-humanitarna-pomosh-vo-avganistan/#respond Fri, 24 Jun 2022 13:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=695280

Агенции на ОН итно испратија тони хуманитарна помош во Авганистан, каде што оваа недела се случи земјотрес во кој загинаа 1.036 лица, а бројот на жртвите се очекува да биде уште поголем, изјави денеска портпаролката на ОН Шабија Манту во Женева. Како што рече, Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) испрати 600 шатори и 1.200 соларни светилки, како и потрошен материјал за домаќинството за околу 4.200 преживеани. „УНХЦР распореди персонал за да организира засолништа за бездомниците и да воспостави услови за транспорт на помош од Кабул“, рече Манту, додавајќи дека постои сериозен ризик од болести кои се пренесуваат преку вода. Мохамед Ајоја, претставник на УНИЦЕФ во Авганистан, истакна дека во земјотресот биле уништени или оштетени неколку илјади домови. „Децата и адолесцентите се крајно ранливи и изложени на ризик да бидат одвоени од нивните семејства и да доживеат емоционален и психолошки стрес, злоупотреба, експлоатација и други форми на насилство“, рече Ајоја. Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала се случи во средата рано наутро, на околу 160 километри југоисточно од Кабул, во планините преполни со мали населби во близина на границата со Пакистан.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-isprateni-toni-humanitarna-pomosh-vo-avganistan/feed/ 0
УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-nad-osum-milioni-lica-ja-napushtija-ukraina-od-pochetokot-na-konfliktot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-nad-osum-milioni-lica-ja-napushtija-ukraina-od-pochetokot-na-konfliktot/#respond Thu, 23 Jun 2022 06:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=694441

Досега, над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари, соопштија од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР). Станува збор за најнови податоци, објавени синоќа, јавија британски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-nad-osum-milioni-lica-ja-napushtija-ukraina-od-pochetokot-na-konfliktot/feed/ 0
УНХЦР: Кризата со храна дополнително ќе го зголеми бројот на раселени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=691445

Кризата со храна предизвикана од војната во Украина ќе принуди многу луѓе во сиромашните земји да емигрираат, што дополнително ќе го зголеми глобалниот број на раселени, кој моментално е на рекордно високо ниво, нагласи шефот на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Извештајот на УНХЦР покажа дека до крајот на 2021 година, 89,3 милиони луѓе биле присилно раселени ширум светот поради прогон, конфликт, злоставување и насилство. Оттогаш, милиони Украинци се раселени, а порастот на цените поврзан со блокадата на извозот на жито ќе поттикне поголема миграција на други места. – Ако имате криза со храна над се што опишав, како што се војната, човековите права, климата, тоа само ќе ги забрза трендовите наведени во овој извештај, изјави шефот на УНХЦР Филипо Гранди, опишувајќи ги бројките како „неверојатни“. – Јасно е дека ако ова не се реши наскоро, влијанието ќе биде доста поразително, додаде тој. Веќе има повеќе раселени лица поради зголемените цени и насилните немири во регионот на Сахара. Генерално, бројот на раселени лица се зголемува секоја година и сега е повеќе од двојно поголем од 2012 година кога изнесуваше 42,7 милиони. Гранди, исто така, го критикуваше, како што рече, „монополот“ на ресурсите достапни на Украина, додека другите програми за помош на бегалците се недоволно финансирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/feed/ 0