унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Jun 2021 13:15:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција: Одлуките на лидерите на Унијата се далеку од очекуваното https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/#respond Fri, 25 Jun 2021 13:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=527989

Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори. Министерството, во писмена реакција на одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ вчера во Брисел, наведе дека Турција направила повеќе отколку што и следува во контекст на намалувањето на тензиите, интензивирање на дијалогот и соработката. Во соопштението е коментиран и новиот пакет финансиска помош од Унијата. – Новиот пакет финансиска помош на ЕУ не е насочен кон Турција, туку кон сириските бегалци и тој всушност претставува чекор кон обезбедување на благосостојба и безбедност на Унијата. Сведувањето на соработката во областа на миграцијата исклучиво на финансиска основа е голема грешка. Би било корисно за сите да постои интензивна соработка на ова поле, се порачува во соопштението. Турското Министерство за надворешни работи исто така нагласи дека одлуките од самитот на лидерите на ЕУ во врска со Кипар се само повторување на грчките ставови и дека ЕУ продолжува да ги игнорира кипарските Турци и нивните права. Исто така, се додава дека со инсистирање на такви позиции, ЕУ нема да може да даде конструктивен придонес во решавањето на кипарското прашање. – Во тој контекст, уште еднаш ја повикуваме ЕУ конечно да ја увиди реалноста на островот Кипар, да ги признае правата на кипарските Турци и да ги исполни ветувањата дадени во 2004 година, се заклучува во соопштението од Анкара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/feed/ 0