уништена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Jul 2022 12:55:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уништена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинската воена база во близина на Киев уништена од руски ракети, соопшти украинскиот Генералштаб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=711413

Руски крстаречки ракети погодија воена база во близина на главниот град Киев и делумно ја уништија, соопшти денеска украинскиот Генералштаб. – Околу 5:00 часот по локално време, непријателот изврши напад со истрелување на шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената единица Лиутиј во регионот на Киев, изјави Олексиј Громов, висок функционер на Генералштабот. Главната зграда е уништена, а уште две се оштетени, рече тој, додавајќи дека украинската воздушна одбрана погодила еден од шесте проектили. – Ракетите беа истрелани од Крим, полуостров анектиран од Москва во 2014 година, додаде Громов. Вторите бомбардирања во четвртокот ги извршија Русите во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов. Друго бомбардирање Русите денеска изведоа и во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов. Тој посочи дека украинската војска притоа претрпела загуби. Има „жртви“ меѓу украинската армија, рече тој. Според него, руските сили продолжуваат да напредуваат кон Сиверск и Бахмут во Донбас, индустриски регион кој Москва сака целосно да го освои. Ситуацијата таму е „тешка, но целосно под контрола“, рече тој. Во окупираната област Херсон на југ, каде што украинските сили спроведуваат контраофанзива, во последните две недели успеаја да вратат под нивна контрола три села окупирани од Русите. Други украински официјални лица денеска известија за руски бомбардирања во неколку региони. – Денешното утро е бурно. Повторно руските ракети сеат терор, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. Киев „нема да се предаде или да потклекне, рече тој. Најмалку едно лице загина, а две други се ранети во напад на областа Дњепропетровск, објави гувернерот на таа покраина Валентин Резниченко. Гувернерот на регионот Миколаев на југ пријавил „големо ракетирање“ во кое е уништено училиште и при што е рането најмалку едно лице. Градоначалникот на Харков, друг град на североистокот, пријави два ракетни напади С-300 кои предизвикаа пожари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-voena-baza-vo-blizina-na-kiev-unishtena-od-ruski-raketi-soopshti-ukrainskiot-generalshtab/feed/ 0
Пожарите во Шпанија за една недела уништија најмалку 60.000 хектари шума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/#respond Tue, 19 Jul 2022 14:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=707452

Мадрид, 19 јули 2022 (МИА) – Пожарите што беснеат во Шпанија од минатата среда уништија најмалку 60.000 хектари шума, јави телевизијата RTVE, цитирајќи власти во различни региони. – Ова е најлошата огнена катастрофа откако се води евиденција, изјави директорот за цивилна одбрана Леонардо Маркос за радио станицата „Кадена Сер“. Еден од факторите кои придонесуваат е силниот топлотен бран предизвикан од климатските промени предизвикани од човекот, рече тој. Како што пренесе ДПА, ситуацијата е особено лоша во Замора, во близина на границата со Португалија, и во Авиља, северозападно од Мадрид. Во овие две провинции, од неделата околу 10.000 луѓе од околу 50 села мораа да бидат евакуирани. Во Замора две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени, додека 30.000 хектари шума се изгорени до темел. „Замора се претвора во пекол“, гласи насловот на онлајн весникот Замора њуз. Од почетокот на годината, пламените јазици веќе уништија повеќе од 100.000 хектари во Шпанија, што е за речиси 13.000 хектари повеќе отколку во целата 2021 година, информира RTVE.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/feed/ 0
Уништена спомен-плоча на бранителите кај тетовско Гајре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/#respond Sat, 19 Jun 2021 14:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525462

Уништена е спомен-плочата поставена на патот над тетовско Гајре на 5 јуни во чест на петмината армиски бранители убиени во 2001 година, информираат денеска од Одборот на бранители. Членовите на Одборот извршиле увид на местото по што констатирале дека плочата поставена пред две недели веќе ја нема. -Сквернавење на спомен белезите на загинатите бранители и натаму продолжува. Како што е познато овде загинаа петмина бранители во конфликтот во 2001 година. Одборот на бранители како и на други места и овде постави спомен плоча и по кој знае кој пат на дрзок начин истата е отстранета. Обврска е на органите на државата да ги заштитуваат и чуваат истите. Меѓутоа овде тоа не е случај. Згрозени сме од настанот и по којзнае кој пат ги повикуваме органите да посериозно си ја извршуваат оваа обврска. Многу чудно е што досега ништо не е откриено, иако секогаш сме укажувале и апелирал на заштита на спомен белезите. Иако оваа спомен плоча издржа најдолго од поставувањето сепак вандализмот и врз неа не изостана. Трпението кај бранителите, родителите на загинатите и граѓаните се исцрпува. Ова нека биде последен повик до органите да си ја извршуваат својата службена обврска, да се стават во заштита на спомен обележјата и чувствата на граѓаните, изјави претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов. Во 2001 година кја Гајре загинаа Исак Руфати од тетовско Одри, Влатко Миленковски и Благојче Сиљанов од Битола, Пеце Матичевски од битолско Новаци, Кољо Китанов од струмички Сарај. Претходно, на 14 мај, беше констатирано дека се оштетени и уништени двете плочи за убиените осум припадници на Армијата и полицијата кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/feed/ 0
Во Мјанмар уништена запленета дрога вредна 839 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-unishtena-zapleneta-droga-vredna-839-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-unishtena-zapleneta-droga-vredna-839-milioni-dolari/#respond Fri, 26 Jun 2020 17:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=363702

Властите во Мјанмар денеска, по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари. Таа земја одамна е главен извор на нелегално производство и шверц на дрога. Само во главниот град, Јангон, во спектакуларен оган е запалена голема количина дрога во вредност од 144 милиони долари: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како „ајс“ или „кристална мета“. Различни видови дрога од десетина тони е запалена и во другите градови на Мјанмар. Владата и Службата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) соопштија дека во мај има рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-unishtena-zapleneta-droga-vredna-839-milioni-dolari/feed/ 0
Крајот на нашата планета: Земјата би била уништена на три начини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/krajot-na-nashata-planeta-zemjata-bi-bila-unishtena-na-tri-nachini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/krajot-na-nashata-planeta-zemjata-bi-bila-unishtena-na-tri-nachini/#respond Wed, 07 Nov 2018 19:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=124939

Британскиот космолог и астрофизичар, Мартин Рис, во својата најнова книга „On The Future: Prospects for Humanity“, меѓу другото, тврди дека Големиот хадронски судирач (LHC) во ЦЕРН, Швајцарија би можел да ја уништи Земјата на три начини. Тој истакнува дека човештвото треба да продолжи со иновации, но многу внимателно. LHC е најголемиот научен инструмент во светот, најмоќен забрзувач на честички. Рис во својата книга предупредува дека токму тој факт го прави потенцијално опасен. Тој посочува три начини на кои LHC може да го уништи светот. 1. Црна дупка која впива сè околу себе Според Рис, активноста на инструментот може да доведе до создавање на црна дупка која потоа вшмукува во себе сè што има некоја маса. 2. Земјата ќе се смали Според Рис, професор по космологија и астрофизика на Универзитетот Кембриџ, можно е Земјата да се стегне во суперзгусната сфера со пречник од 100 метри. Тоа би се случило кога инструментот би ги судирал честичките едни против други, би ги кршел и би дошло до создавање до субатомски кваркови. Сами по себе не би биле штетни, но создавањето на честички наречени „strangelet“, кои не се ниту докажани ниту теориски потврдени, туку хипотетски честички, сè што е на нивниот пат би го претвориле во суперкомпримиран облик на материја, земјата би била сведена на големина колку фудбалско игралиште. 3. Одделување на просторот-времето Пред 3 години Кина најави дека до 2040 година ќе изгради двојно поголем и седумпати посилен судирач на честички од LHC. Според Рис, постои шанса таквите судирачи да предизвикаат колапс на самиот простор. Рис објаснува дека вакуумот не е празен, туку е создаден од сите сили и честички кои владеат со физичкиот свет. Судирањето на честичките со голема брзина би довело до кинење на просторот. Дали навистина може сето ова да се случи? Иако постојат драматични предупредувања за LHC од првите моменти на постоење, од ЦЕРН истакнуваат дека целата работа што се обавува е безбедна, пишува BigThink.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/krajot-na-nashata-planeta-zemjata-bi-bila-unishtena-na-tri-nachini/feed/ 0
Опра Винфри во кал до колена: Мојата луксузна вила е уништена до темел, ја нема, земјата ја проголта! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/opra-vinfri-vo-kal-do-kolena-mojata-luksuzna-vila-e-unishtena-do-temel-ja-nema-zemjata-ja-progolta-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/opra-vinfri-vo-kal-do-kolena-mojata-luksuzna-vila-e-unishtena-do-temel-ja-nema-zemjata-ja-progolta-video/#respond Wed, 10 Jan 2018 20:14:34 +0000 http://kurir.mk/?p=9040

Американската водителка Опра Винфри овие денови е во центарот на вниманието поради својот говор кој многумина го сфатија како најава за кандидатура за претседателски избори. Но освен што поради овој говор таа се најде во центарот на вниманието и поради една не толку убава вест. Имено нејзината луксузна вила е уништена во големата природна катастрофа со што Калифорнија овие денови се бори. Најмалку 15 луѓе загинаа во јужна Калифорнија која ја погоди зимска бура која донесе рекордно ниво на дожд и предизвика поплави низ целата држава и лизгање на земјиштето. А она што најмногу ја погоди водителката Опра е тоа што таа има луксузна вила во Санта Барбара која целосно е оштетена во наносот на вода. -Повторно се молиме за нашата држава, напиша водителката и видеото го сподели со јавноста, погледнете. Инаку ова е втора катастрофа што ја погоди Калифорнија, претходно минатиот месец државата ја зафатија големи пожари кои беснееја неколку недели без престан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/opra-vinfri-vo-kal-do-kolena-mojata-luksuzna-vila-e-unishtena-do-temel-ja-nema-zemjata-ja-progolta-video/feed/ 0