универзална сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 08:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзална сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сагата за Универзалната https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sagata-za-univerzalnata/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sagata-za-univerzalnata/#respond Mon, 03 Apr 2023 17:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=818250

Веќе станува смешно се она што се случува со Универзалната сала. Сагата која трае повеќе од десетина години, веќе се губи поентата за истото да се зборува. Ајде да направиме еден рекапитулар на се она што се случуваше околу неa. Објектот е изграден само две години по скопскиот земјотрес, во 1965 година. Објектот е платен со средства од донација од 35 земји, а е купен од бугарска фирма од Софија, а не како што многумина шират муабет дека салата е донација од Бугарија. Значи, салата е платена со пари од 35 земји во светот, а изработена и изведена од бугарска фирма. Во следните скоро 50 години во истата се организирале на 5000 настани со над 6 милиони посетители. Универзална сала ќе остане запаметена како објект во кој се одржуваа бројни изданија на Златно славејче, Скопски фестивал, манифестации како Дванаесет величенствени, Златна буба мара на популарноста, концерт, претстави, политички митинзи и конвенции... Објектот полека но полека „се трошеше“, и почна иницијативата за промена, надградба, рушење, промена. Идејата за надградба или реконструкција почна уште во времето на градоначалникот Трифун Костовски. Потоа, Министерството за култура распиша конкурс за изградба на нов објект на истата локација во периодот 2012-2013 година. Победи решението Јајце на „Стоун дизајн“ на архитектите Стојан Павлески и Иван Симеонов, кое според мене е одличен проект со фантастични карактеристики и функционалност, но сепак не соодветен за локацијата, каде би се угушил во просторот, и затворил и соседните објекти, и каде неговата импозантност не би дошла до израз. Истиот би можел да се изведе на простор како оној на Паркови и зеленило на Илинденска, или малку потаму на делот кај салата Борис Трајковски, доколку некој генијалец не реши и таму да гради станбени згради. Би дишел истиот, и имал и пристап од сите страни, а и би имал паркинг. Проектот тогаш беше наведено дека нема да се гради поради високата потребна цена за изведба (чинам се спомна износ над 60 милиони евра), по што градоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе се гради објект со друга форма и според кој истиот ќе чини околу 15 милиони евра, а Институцијата беше преименувана во Конгресен центар „Александар Македонски“, за да на крајот и тој проект се напуши и да се оди на реконструкција и надградба на објектот, преку проект на ГИМ кој истиот беше промовиран пред изборите во 2017 година. Цели 4 години во мандатот на Шилегов се зборуваше за тоа што тој ќе направи за Универзална, па дури и се одеше на идеја објектот да се сруши и дислоцира, што наиде на револт на скопјани, по што Шилегов ретерираше и пред избори почна со реконструкција, која еве веќе две години е заглавена а не оддава впечаток дека ќе се добие нешто подобро, постабилно и поубаво туку само една обична крпеница, која ќе чини милиони. Самиот објект е вон функција веќе 9 години. Претходно со години беше на раб на функционалност, запуштен и безбедносно несигурен. За крај ќе го презентирам мојот личен став без оглед на тоа што советниците на Град Скопје, градоначалничката Арсовска или Министерството за култура ќе одлучат да прават. Според мене, Универзална сала треба да биде на местото како што е и сега, но срушена до темел, со две нивоа на подземни гаражи со широки и комотни влезови, за да може да ги впие возилата при настани. Треба да биде изградена повторно на ист начин со челични конструкции, со ист изглед и идентичен или нешто поголем габарит, со внатрешност која ќе потсетува на оригиналниот објект, но секако по современ и функционален, со поголем комодитет и придружни простории. Ова што почна да се прави е една грда крпеница, како дел од надградуваните згради во Карпош и Кисела вода, ќе делува ново, а пак ќе е старо и скапано од внатре. Срушете го, направете паркинг и за еден два камиони и автобуси во него, и барем 200 коли, а потоа нов објект во ист стил и ист изглед. Јајцето или доколку се одлучи за нешто друго перспективно, Градот и државата е паметно да го изградат на локациите кои веќе ги споменав. Навистина е несериозно за град со оваа големина да единствени сали кои имаат едвај илјада седишта му се оние на Филхармонија и Опера и балет. Ваква каква што е Универзална, и овој карикатура проект кој почна да се прави во време на Шилегов, доколку Владата сака да го продолжи и истурка ќе биде невидена утка и промашување, а нема да смени ништо, само ќе замачка, залаже и ќе купи година две. На Скопје му треба и сеќавањето за објектот и локацијата, но и функционалност, практичност и попратна инфраструктура. Универзална е дел од колективната меморија на Скопје.     Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sagata-za-univerzalnata/feed/ 0
Советот на Град Скопје не го усвои отстапувањето на Универзална сала https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ne-go-usvoi-otstapuvaneto-na-univerzalna-sala/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ne-go-usvoi-otstapuvaneto-na-univerzalna-sala/#respond Thu, 30 Mar 2023 13:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=818161

Советниците на Советот на Град Скопје на денешната 27. седница не ја усвоија иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, односно на Министерството за култура. Иницијативата, што беше поднесена од страна на коалицијата предводена од советничката група на СДСМ, не беше прифатена откако за неа гласаа само 15 советници од Советот на Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска, на прес –конференцијата пред започнувањето на седницата на Советот, одговарајќи на новинарско прашање рече дека иницијативата е покрената од советниците и дека тие треба да одлучат. - Тоа не е одлука којашто јас како градоначалник можам или сакам да ја направам. Иницијативата беше покрената од советниците, како што впрочем тие ги покренуваат сите иницијативи и за тоа тие самите треба да одлучат. Да видиме во која насока ќе се движи дискусијата и кое е всушност барањето што претендираат да го постават на дневен ред на денешната седница на Советот, рече Арсовска. Од друга страна, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, неколку пати досега апелираше да се реши статусот на Универзалната сала во Скопје, бидејќи Град Скопје е влезен во најтесниот круг за Европски град на културата во 2028 година. - Владата е подготвена со сите свои ресурси да ја реализира оваа апликација, бидејќи се работи за прашање од национален интерес, изјави неколкупати досега министерката Костадиновска-Стојчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ne-go-usvoi-otstapuvaneto-na-univerzalna-sala/feed/ 0
Министерката за култура ќе иницира нова средба со градоначалничката на Скопје за Универзалната сала https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-kje-inicira-nova-sredba-so-gradonachalnichkata-na-skopje-za-univerzalnata-sala/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-kje-inicira-nova-sredba-so-gradonachalnichkata-na-skopje-za-univerzalnata-sala/#respond Fri, 23 Dec 2022 10:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=779574

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска апелира да се реши статусот на Универзалната сала во Скопје и најави дека по празниците ќе иницира нова средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. На денешната прес-конференција во Владата, министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека до денес немаат добиено информација од Градот Скопје до каде се активностите околу Универзалната сала. – Морам да апелирам и да напомнам дека Градот Скопје е влезен во најтесниот круг за Европски град на културата во 2028 година. Бидејќи Универзалната сала се јавува како апликант на тој конкурс, апелирам и ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Данела Арсовска, затоа што мораме заедно (Град Скопје и Министерството за култура) да работиме на таа програма која е од национален интерес, рече Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање. Министерката нагласи дека Владата е подготвена со сите свои ресурси да ја реализира оваа апликација, бидејќи се работи за прашање од национален интерес.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-kje-inicira-nova-sredba-so-gradonachalnichkata-na-skopje-za-univerzalnata-sala/feed/ 0
Владата ќе и ја одземе Универзална сала на Арсовска – ќе ја доправа министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-kje-i-ja-odzeme-univerzalna-sala-na-arsovska-kje-ja-doprava-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-kje-i-ja-odzeme-univerzalna-sala-na-arsovska-kje-ja-doprava-ministerstvoto-za-kultura/#respond Wed, 16 Nov 2022 13:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=761703

Последната владина седница била донесена одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат. Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата. Денеска за оваа тема закажан е состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска. Доколку Арсовска не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје. Но, доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренции, тогаш Владата ја одземе со прогласување за објект од национален интерес. САКАМДАКАЖАМ.МК изминатава година неколку пати пишуваше дека симболот на Скопје стои разурнат и нема абер да се продолжи реконструкцијата за која пари се обезбедени. Арсовска не ни им одговараше на нивните прашање зошто не ги продолжува градежните работи почнати од нејзиниот претходник Шилегов. Таа лани пред Универзална сала се искара со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти. Обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-kje-i-ja-odzeme-univerzalna-sala-na-arsovska-kje-ja-doprava-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Со пари наменети за реконструкција на Универзална сала се исплаќале плати https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-pari-nameneti-za-rekonstrukcija-na-univerzalna-sala-se-isplakjale-plati/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-pari-nameneti-za-rekonstrukcija-na-univerzalna-sala-se-isplakjale-plati/#respond Fri, 29 Apr 2022 14:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=669849

Извештајот на Државната ревизија за успешноста на шесте пакет економски мерки на Владата покажа дека дел од институциите ги користеле парите за други цели, иако биле наменети за проекти. Дел од институциите добиле средства во износ од 67.780 илјади денари, а г искористиле за исплата на плата на вработените, без никаков законск основ. Финансиските средства биле доделени за реконструкција на Универзална сала, набавка на механизација и товарни возила, подмирување на обврски настанати пред периодот на прогласување на пандемијата, но не биле искористени за нивната цел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-pari-nameneti-za-rekonstrukcija-na-univerzalna-sala-se-isplakjale-plati/feed/ 0
„Универзална сала се гради и ќе се поправат сите грешки“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/univerzalna-sala-se-gradi-i-kje-se-popravat-site-greshki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/univerzalna-sala-se-gradi-i-kje-se-popravat-site-greshki/#respond Thu, 10 Mar 2022 20:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=645126

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на телевизија Телма, на прашањето за проектот за Универзална страна, градоначалничката потенцираше дека проектот не е застанат иако некој така сака да го профилира во јавноста. Напротив проектот продолжува само се изнаоѓа начин тоа да биде со безбедно решение кое е во интерес на граѓаните за кое очигледно претходно не се водело грижа. „За забавената динамика не сум виновна јас, туку претходното раководство кое знаело за грешките кои биле направени. Јас ја поканив на состанок министерката за култура за да ги соочиме фактите и аргументите. Таа не се одзваа на поканата и реши да излезе пред Универзална сала и ме нападна ширејќи невистини. Јас морав да се бранам затоа што јавноста ги заслужува сите факти а не само делумни податоци. Уште еднаш потенцирам дека Универзална сала продолжува да се гради” додаде Арсовска.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/univerzalna-sala-se-gradi-i-kje-se-popravat-site-greshki/feed/ 0
Арсовска: Универзална сала ќе има и скопјани ќе се гордеат со неа, но пред се мора да знаеме дека објектот е безбеден за сите нас https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-univerzalna-sala-kje-ima-i-skopjani-kje-se-gordeat-so-nea-no-pred-se-mora-da-znaeme-deka-objektot-e-bezbeden-za-site-nas/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-univerzalna-sala-kje-ima-i-skopjani-kje-se-gordeat-so-nea-no-pred-se-mora-da-znaeme-deka-objektot-e-bezbeden-za-site-nas/#respond Mon, 07 Mar 2022 09:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=642468

Универзална сала ќе има и скопјани ќе можат во иднина да се гордеат со објектот кој е синоним за Скопје и за скопјани, но исто така, граѓаните треба да се добро запознаени со целиот процес на реконструкција во изминатиот период, кој за жал не се одвивал според законите и прописите за изградба на еден таков објект, за што сведочат и забелешките од бројни архитекти кои што се запознаени со проектот, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во утринската емисија „Здраво Македонијо”. Арсовска додаде дека во овој момент е активиран цел државен апаратус за задскривање на грешките кои што поранешното градско раководство ги направило при проектирањето и отпочнувањето на реконструкцијата на Универзална сала. „Реконструкцијата на Универзалната сала не е стопирана, туку се одвива со мал интензитет и се работи само онаму каде што проектот гарантира безбедност за работа. Не можеме да дозволиме да се работи на објект кој најпрво не гарантира безбедност ниту за работниците, ниту за граѓаните кои во иднина ќе ја посетуваат Универзална сала. Не е во ред целата централна власт да се вклучена во криењето на деталите од проектот за реконструкцијата, па дури и да напаѓа за нешто што го згрешиле оние кои што го отпочнале проектот”, вели Арсовска. Градоначалничката Арсовска потенцираше дека Градот Скопје нема да ја допре изградбата на Универзална сала, туку ќе настојува истата да се реконструира согласно сите правила кои што ќе гарантираат безбедност, а потоа и финализација на проектот онака како што граѓаните заслужуваат. Универзалната сала е лицето на Скопје и тука не смее да се експериментира, туку да се работи на издржано решение кое што ќе обезбеди непречена реконструкција на Универзалната сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-univerzalna-sala-kje-ima-i-skopjani-kje-se-gordeat-so-nea-no-pred-se-mora-da-znaeme-deka-objektot-e-bezbeden-za-site-nas/feed/ 0
Министерката за култура не дојде на средбата со Арсовска за Универзална сала https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-ne-dojde-na-sredbata-so-arsovska-za-univerzalna-sala/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-ne-dojde-na-sredbata-so-arsovska-za-univerzalna-sala/#respond Thu, 24 Feb 2022 10:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=635910

Градот Скопје истакнува дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со одбивањето на поканата за отворена работна средба за презентација на сериозните недостатоци во проектот Универзaлна сала, единствено докажува дека таа ги потврдува наводите од сите записници и техничка документација дека СДСМ и Шилегов, свесни за неправилностите во проектот за реконструкција на Универзалната сала минатата година, продолжиле со градежни активности иако знаеле и биле свесни за сериозноста на проблемите. -Бегањето на министерката од соочување со фактите и со повикот да потпише изјава за лична одговорност за безбедноста на скопјани и за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзална сала, ги фрла во вода сите досегашни партиски исценирани напади и политички паради од страна на централната власт и СДСМ, кои со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста преку соопштенија и прес конференции за политички поени сакаат да ја покријат својата неспособност. Проектот за реконструкција на Универзална сала е со сериозни импликации по текот на активностите што се одвивале, но пред се, овој проект одобрен од СДСМ и Шилегов е далеку од безбеден, реагираат од Град Скопје. Според нив, ова го покажуваат сите записници и техничката документација, изготвени уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје. -Уште еднаш апелираме до СДСМ да престанат со манипулирање на јавноста и секојдневните напади кон Град Скопје и градската администрација злоупотребувајќи ја ситуацијата во која ја довеле тие самите Универзална сала, за политички поени, а на штета на скопјани. На Скопје и скопјани им требаат реални, одржливи, но пред се, решенија кои ќе ја гарантираат нивната сигурност и безбедност, велат од Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ministerkata-za-kultura-ne-dojde-na-sredbata-so-arsovska-za-univerzalna-sala/feed/ 0
Арсовска: Претходното раководство знаело за пропустите и грешките во реконструкцијата на Универзална сала https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prethodnoto-rakovodstvo-znaelo-za-propustite-i-greshkite-vo-rekonstrukcijata-na-univerzalna-sala/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prethodnoto-rakovodstvo-znaelo-za-propustite-i-greshkite-vo-rekonstrukcijata-na-univerzalna-sala/#respond Tue, 22 Feb 2022 12:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=634849

Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци, истакна Арсовска. Во денешната изјава градоначалничката Арсовска посочи дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов се одвива фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел. Овие информации се јасно наведени и во извештаите за текот на активностите во врска со реконструкција и адаптација на Универзалната сала. По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично. Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и да се изведуваат градежни активности по него, веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект не би имало, изјави Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prethodnoto-rakovodstvo-znaelo-za-propustite-i-greshkite-vo-rekonstrukcijata-na-univerzalna-sala/feed/ 0
Арсовска: Власта да реши дали поважни им се политичките поени да ги маскираат сопствените грешки или безбедноста на граѓаните? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vlasta-da-reshi-dali-povazni-im-se-politichkite-poeni-da-gi-maskiraat-sopstvenite-greshki-ili-bezbednosta-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vlasta-da-reshi-dali-povazni-im-se-politichkite-poeni-da-gi-maskiraat-sopstvenite-greshki-ili-bezbednosta-na-gragjanite/#respond Tue, 22 Feb 2022 12:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=634844

Апелирам до министерката за култура како претставник на Владата, но и гласноговорниците на владејачката СДСМ во советот на Град Скопје да престанат со изнесување на информации кои единствено служат за манипулирање и извртување на фактичката состојба и покрај тоа што самите тие се запознаени и учествувале во креирање на проблемот во реализацијата на овој проект, изјави Арсовска на денешната прес конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска. -Градоначалничката Арсовска истакна дека власта треба да реши дали нападите за собирање политички поени се поважни од безбедноста на граѓаните. Дали за претходното градско раководство отпочнувањето на активностите за реконструкцијата и покрај нецелосната техничка проектна документација и сознанијата за сериозни проблеми во објектот со цел политички поени во време на изборен циклус, беа поважни од детектираната опасност за реконструкцијата на Универзална сала, истакна Арсовска. Сведоци сме на половични решенија од претходното раководство, на избрзани проекти без имплементација. Проектот нема да застане, туку се ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните, изјави Арсовска, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vlasta-da-reshi-dali-povazni-im-se-politichkite-poeni-da-gi-maskiraat-sopstvenite-greshki-ili-bezbednosta-na-gragjanite/feed/ 0