универзитет „Мајка Тереза“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 07:27:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитет „Мајка Тереза“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаќири на средба со ректорската управа на Универзитетот „Мајка Тереза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-na-sredba-so-rektorskata-uprava-na-univerzitetot-majka-tereza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-na-sredba-so-rektorskata-uprava-na-univerzitetot-majka-tereza/#respond Thu, 19 May 2022 07:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=678761

Најмладиот државен универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје ќе продолжи да расте и да станува препознатлива високообразовна установа не само во земјава, туку и пошироко во регионот, за што ја има потребната поддршка од Министерството за образование и наука, особено во делот на обезбедување кадровски капацитети и средства за наука и истражувања. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири со ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири и со повеќе други членови на ректорската управа и претставници на наставниот и научен кадар од овој универзитет. Шаќири изрази задоволство од ангажманот на раководството и вработените во високообразовната установа, затоа што за релативно краток период од основањето, односно за период од 5 години, овозможиле добра основа за понатамошен развој на универзитетот на кој во моментов студираат околу 3000 студенти. Тие, како што рече министерот, ќе дадат значаен придонес за севкупниот напредок на државата. Претставниците на универзитетот потенцираа дека во време на бројни предизвици, многу е важно поддршката од МОН кон високообразовните установи да продолжи, не само заради нивно надминување, туку и постигнување на позитивни резултати кои ќе бидат над оптимумот и ќе значат напредок на образовните установи на скалилото на квалитет. Како што рекоа, приоритет на УМТ ќе биде јакнење на студиските програми и нивна ориентација кон нови иновативни и истражувачки области, како и размена на студенти и академски кадар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-na-sredba-so-rektorskata-uprava-na-univerzitetot-majka-tereza/feed/ 0
Зеќири на местото на Положани како ректор на универзитетот „Мајка Тереза“, министерот Шаќири на церемонијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-na-mestoto-na-polozani-kako-rektor-na-univerzitetot-majka-tereza-ministerot-shakjiri-na-ceremonijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-na-mestoto-na-polozani-kako-rektor-na-univerzitetot-majka-tereza-ministerot-shakjiri-na-ceremonijata/#respond Tue, 26 Apr 2022 13:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=668105

Заслугата за сите успеси и достигнувања на најмладниот, но и најбрзо растечкиот државен универзитет „Мајка Тереза“ е на целиот персонал кој тука работи од 2016 година, предводен од првиот и досегашен ректор, проф. д-р Азиз Положани, кој всушност покажа и докажа како се води и насочува во вистински правец еден универзитет. Од мое лично име и од името на Министерството за образование и наука му благодарам за сиот досегашен труд и му честитам за сите постигнати резултат. На новиот ректор, проф. д-р Изет Зеќири му посакувам да ја продолжи успешната приказна и да ја предводи оваа високообразовна установа кон нови достигнувања. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната церемонија по повод примопредавањето на функцијата ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. „Верувам дека проф. д-р Положани и натаму ќе биде целосно на располагање за сите вработени тука, за совети и препораки и секако ќе биде пример за посветеност и пожртвуваност во извршувањето на функцијата ректор. Од друга страна пак, знам дека и новиот ректор, проф. д-р Зеќири добро ги знае состојбите во оваа високообразовна установа и воопшто во високото образование во државата, така што сигурен сум во квалитетно раководење и во добра иднина на овој универзитет“, рече Шаќири. Министерот потенцираше дека со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во 2016 година, се реализираше уште една голема идеја во рамки на заложбите за унапредување и проширување на можностите за едукација на сите граѓани, особено на албанската популација во земјата, но и во регионот, затоа што овој универзитет сé повеќе станува избор и на студенти од околните држави. “УМТ дава голем придонес кон реализација и унапредување на високообразовната и научно - истражувачката дејност. Веќе создава академски генерации кои се потврдува дека се добро подготвени и успешно се интегрираат во функционирањето на општествените системи, но и се предводници на промените кон подобро“, потенцираше Шаќири, додавајќи дека МОН останува отворено за соработка, а универзитетот секогаш ќе ја има поддршката која ќе му биде потребна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-na-mestoto-na-polozani-kako-rektor-na-univerzitetot-majka-tereza-ministerot-shakjiri-na-ceremonijata/feed/ 0