универзитет за туризам и менаџмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 18:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитет за туризам и менаџмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Македонска опера и балет свечена промоција на дипломци и магистри на Универзитетот за туризам и менаџмент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonska-opera-i-balet-svechena-promocija-na-diplomci-i-magistri-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonska-opera-i-balet-svechena-promocija-na-diplomci-i-magistri-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/#respond Fri, 07 Oct 2022 18:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=742625

На 8-ми октомври, во просториите на Македонската опера и балет, ќе се одржи пригодна свеченост по повод промоцијата на 14-тата генерација дипломци и 12-тата генерација магистри на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На свеченоста, која ќе започне во 19:00 часот, своето присуство го потврдија претставници на дипломатскиот кор во Македонија, ректори на универзитети од Македонија и од странство, претставници на државни институции, градоначалници и директори на средни училишта, како и многу други пријатели и соработници на Универзитетот. Со интересна и богата културна програма, на новите дипломци и магистри ќе им бидат доделени заслужените дипломи. Пригодно обраќање до гостите ќе има ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги поканува своите дипломци, магистри, нивните родители, своите пријатели и соработници заедно да го прослават овој голем успех.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonska-opera-i-balet-svechena-promocija-na-diplomci-i-magistri-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/feed/ 0
Прв свечен академски час на Универзитетот за туризам и менаџмент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-svechen-akademski-chas-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-svechen-akademski-chas-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/#respond Mon, 03 Oct 2022 17:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=740575

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес, на 3 октомври, 2022 година, се одржа Првиот свечен академски час, со што беше одбележан почетокот на наставата за студентите запишани на прв циклус студии во учебната 2022-2023 година. Во амфитеатарот на Универзитетот, по интонирањето на македонската химна и на студентската химна Gaudeamus Igitur, со пригоден говор на студентите им се обрати ректорот на Универзитетот, Миленковски. Тој го претстави својот тим – проректорите, деканите, професорите и административниот кадар на Универзитетот и од името на сите свои соработници им посака топло добре дојде на новите студенти. Во своето обраќање, Миленковски особено ја истакна посветеноста на наставниот кадар на Универзитетот во реализацијата на квалитетна настава со примена на методологијата на студирање по системот на трансфер на кредит според Болоњската декларација (ЕКТС-систем), потенцирајќи ја посебноста на УТМС како единствен универзитет во државата што доследно го спроведува овој систем со примена на дигиталните технологии, кои истовремено овозможуваат и непристрасна мерливост на знаењето. Миленковски нагласи дека студентите, освен што треба да се стремат кон усвојување на компетенции што ќе им овозможат професионалните кариери, треба пред сѐ да се одликуваат со висока етика и морал во животот и во работењето. Осврнувајќи се на двата столба што се во основата на развојот на секоја цивилизација – здравјето и образованието, Миленковски им порача на новите академски граѓани дека овие две вредности треба да се испреплетени во нивното секојдневно дејствување бидејќи се токму тие иднината на државата. По обраќањето, ректорот на Универзитетот, заедно со проректорите за настава и за наука, свечено им ги врачија првите три индекса на новозапишаните студенти во оваа академска година. По завршувањето на свечениот академски час, студентите од секој факултет имаа одделни средби со деканите на кои беа информирани за идни активности во академската 2022-2023 година, примената на дигиталната технологија во процесот на студирање, наставните програми, распоредот на настава, како и за користењето на Е-индекс, Е-студент и Е-библиотека. Тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент им посака успешна академска година на своите нови колеги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-svechen-akademski-chas-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment/feed/ 0
Универзитетот за туризам и менаџмент на концертот на Меморија во Битола! https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-na-koncertot-na-memorija-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-na-koncertot-na-memorija-vo-bitola/#respond Sat, 03 Sep 2022 15:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=728297

Вечерва, легендарната македонска група Меморија ќе ги забавува битолчани на концертот што ќе се одржи во Ракометното игралиште во градот со почеток во 19:30 часот. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, секогаш со поддршка за културата во државата, е еден од главните партнери на бендот и за овој настан. Денеска претпладне, тимот на Универзитетот заедно со членовите на Меморија, беа во кафе Пајтон, а тие што им се придружија имаа можност да го завртат тркалото на среќата и да освојат карти за вечерашниот концерт или некоја друга од многуте вредни награди што ги доделува Универзитетот. Во рамките на Универзитетот работат вкупно 5 факултета со студиски програми во областа на туризмот, економијата, маркетингот, управувањето со човечките ресурси и информатиката. Тимот на Универзитетот секојдневно ги очекува идните академски граѓани пред својот објект да одговори на секое прашање во врска со студиите на оваа препознатлива високообразовна институција. Уписите на Универзитетот се во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-na-koncertot-na-memorija-vo-bitola/feed/ 0
Универзитетот за туризам и менаџмент ве очекува! https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/#respond Wed, 31 Aug 2022 15:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=726846

Уписите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се отворени. Тим составен од професори и студенти секој ден ги пречекува заинтресираните идни академски граѓани пред самиот Универзитет, со одговор на сите прашања поврзани со уписите на некоја од студиските програми на Универзитетот. Универзитетот нуди можност за додипломски и магистерски студии на пет факултета, но и можност за допонително дооформување на образованието до 240 ЕКТС (завршување четврта година). Првата година на додипломските студии чини само 699 евра. Уписите за сите видови студии се во тек. Тие што ќе одлучат да се запишат на прв циклус студии на некој од факултетите на Универзитетот, по четиригодишно студирање, ќе може да се стекнат со едно од следните звања: Дипломиран менаџер во туризмот Дипломиран економист: финансии, банкарство и осигурување Дипломиран економист: менаџмент на човечки ресурси Дипломиран економист: меѓународен маркетинг менаџмент Дипломиран инженер по информатика: софтверско инженерство Студентите со завршен прв циклус студии, може да го продолжат своето образование на магистерските студии на Универзитетот и да се стекнат со некое од следните звања: Магистер по туризам Магистер по економија, насока: финансии Магистер по економија, насока: менаџмент на човечки ресурси Магистер по економија, насока: меѓународен маркетинг менаџмент Магистер по информатика: софтверско инженерство Тимот на Универзитетот ве очекува да ви помогне да го направите вистинскиот избор на еден од неговите пет факултети!]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/feed/ 0
Првиот Меѓународен форум за градоначалници на Универзитетот за туризам и менаџмент со конкретен резултат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-megjunaroden-forum-za-gradonachalnici-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-so-konkreten-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-megjunaroden-forum-za-gradonachalnici-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-so-konkreten-rezultat/#respond Tue, 16 Aug 2022 15:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719399

Како што објави Општина Битола на своја официјална страница на Фејсбук, делегација на градот Бат Јам од Израел, преводена од заменик-градоначалникот Ури Бускила, престојуваше во работна посета на општината. При посетата, тој оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, по што најави дека двата града ќе започнат иницијатива за збратимување, на задоволство на жителите и на бизнис-заедницата во двата града. На средбата, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека заедничкото минато на градот Битола со еврејската заедница е неразделив дел од неговата историја. Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства што се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Вечерва, во рамките на Бит фест, во Офицерскиот дом, преку музичка и видео разгледница наречена „Бат Јам – ќерката на морето“, ќе биде претставен овој израелски град, со што битолчани ќе добијат поширока слика за медитеранската ќерка на морето. Градоначалникот на Бат Јам, г-н Цвикa Брот, беше гостин на Првиот меѓународен форум за градоначалници, организиран од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на почетокот на јуни оваа година. На самиот форум, како и во своето ексклузивно интервју за Магазинот за туризам и менаџмент на Универзитетот, тој им порача на своите колеги да ги согледаат работите низ очите на жителите, зашто креаторите на политиките, јавните службеници и избраните функционери не знаат секогаш сè. Тој истакна дека еврејскиот народ и Израел како земја имаат долга историја, па оттука зачувувањето на историјата им е особено важно. „Да не заборавиме што се случило во минатото, да ја зачуваме нашата разновидна култура и да учиме од минатото за да се развиваме и да имаме корист за иднината“, изјави градоначалникот на Бат Јам во своето ексклузивно интервју за јунскиот број на магазинот. Електронските изданија на списанието се достапни на https://magazinturizam.mk/e-izdanija.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-megjunaroden-forum-za-gradonachalnici-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-so-konkreten-rezultat/feed/ 0
Светски градоначалници идната недела ќе дебатираат на Меѓународен форум на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-gradonachalnici-idnata-nedela-kje-debatiraat-na-megjunaroden-forum-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-gradonachalnici-idnata-nedela-kje-debatiraat-na-megjunaroden-forum-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-vo-skopje/#respond Mon, 23 May 2022 11:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=680450

Франција, Израел, Словачка, Бугарија-градоначалници од овие земји идната недела во Скопје ќе ги споделат искуствата со менаџирањето на нивните општини. Универзитетот за туризам и менаџмент ќе биде домаќин на Меѓународен форум на градоначалници од целиот свет. Како македонските општини да станат модерни?  Што е клучно за стратешко планирање на финансиите и како да се креираат нови проекти за граѓаните? Ова се темите кои ќе се отворат на Меѓународниот форум, на кој покрај странските гости, ќе учествуваат и домашни градоначалници, универзитетски професори и реномирани експерти. Домашната јавност од близу ќе може да ги слушне меѓународните искуства од докажани професионалци во оваа област. Од најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп ќе ги слушнеме предизвиците кои ги совладал на патот до успехот на градот со кој менаџира. Во Скопје доаѓа и специјалистот за меѓународни односи од Париз, д-р Жан-Ив Ками кој е специјален советник на градоначалникот на француската престолнина и професор на престижниот универзитет Џорџ Вашингтон од САД. Градоначалникот на општината Поважска Бистрица, Словачка, проф. д-р Карол Јанас кој е реномиран универзитетски професор, ќе ги пренесе искуствата од неговиот трет градоначалнички мандат. На Меѓународниот форум ќе се зборува и за туризимот како сектор преку кој се прави најдобра меѓународна промоција на општините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-gradonachalnici-idnata-nedela-kje-debatiraat-na-megjunaroden-forum-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-vo-skopje/feed/ 0