универзитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 13:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Универзитетот во Тетово нуди 92 студиски програми за упис на нови студенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-nudi-92-studiski-programi-za-upis-na-novi-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-nudi-92-studiski-programi-za-upis-na-novi-studenti/#respond Wed, 26 Apr 2023 13:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=827901

Универзитетот во Тетово денеска организираше „Отворен ден“ со цел да се промовираат можностите за студирање на оваа високообразовна институција за академската 2023/2024 година, а воедно имаше и Саем на кариера. Во универзитетските простории беа поставени штандови на сите 13 факултети, со цел матурантите да се запознаат со потребните информации за студирање. -Студентите и вработените ги презентираа понудите за новата академска година, начинот на настава, како се одвива процесот на настава, лабараториите, распоред на предавални, предавања со цел матурантите што подобро да се насочат за нивниот понатамошен професионален развој и создавање кариера. Универзитетот во Тетово во учебната 2023/2024 нуди 92 студиски програми во првиот циклус. Има задоволителен број на матуранти кои покажале интерес за одблиску да се запознаат со академските понуди и студиски програми, истакна Ибрахим Незири од ДУТ. Според него, вообичено 2000 студенти се запишуваат во прва година, а заедно со втор циклус се 2500. -Минатата година имавме 30 отсто зголемување на бројот на студенти. Оваа година не знаеме колкав ќе биде бројот, но се надеваме дека ќе биде како минатата година. Има многу фактори што влијаат некаде околу 5 отсто од матурантите да го избираат УТ, но година од година се разликува, генерација од генерација се разликува, се надеваме дека идната година ќе имаме бројка на студенти која ја очекуваме, истакна Незири. На Саемот на кариера се претставија 35 компании со кои универзитетот има партнерство кои нудат поддршка за стипендирање или обука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-nudi-92-studiski-programi-za-upis-na-novi-studenti/feed/ 0
Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-mladite-mazhi-po-raspustot-se-vratija-na-univerzitetite-no-ne-i-devojkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-mladite-mazhi-po-raspustot-se-vratija-na-univerzitetite-no-ne-i-devojkite/#respond Mon, 06 Mar 2023 08:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=808457

Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат. Забраната за пристап до универзитет е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од талибанците откако дојдоа на власт во август 2021 година. Забраната предизвика бран осуди низ целиот свет, вклучително и од муслиманските земји.
– Срцето ми се крши кога гледам како момчињата одат на универзитет додека ние остануваме дома. Тоа е целосна сексуална дискриминација кон девојчињата, бидејќи исламот ни дозволува да се образуваме и да бидеме дел од општеството, изјави 22-годишната Рахела. Авганистанското Министерство за високо образование кон крајот на декември соопшти дека универзитетите се затворени за жени со образложение дека не го почитуваат важечкиот кодекс на облекување, кој бара од нив целосно да го покријат телото и лицето. Сепак, универзитетите веќе усвоија нови правила по враќањето на талибанците на власт, особено со намера да ги раздвојат девојчињата и момчињата за време на часовите. Затоа, на жените им беше дозволено да учат само од наставници од ист пол или постари мажи. Неколку талибански претставници изјавија дека забраната за студирање на жените е само привремена, но не кажаа кога ќе биде укината. Година и пол и средните училишта се затворени за девојки. Забраната за студирање беше изненадување за авганистанските жени кои полагаа приемни испити на универзитет помалку од три месеци порано. И покрај ветувањата дека ќе бидат пофлексибилни, талибанците се вратија на строгото толкување на исламот што го означи нивното прво доаѓање на власт (1996-2001) и ги зголемија мерките против жените. За неколку месеци жените беа исклучени од многу јавни работни места или им е платено да останат дома. Исто така, им е забрането да патуваат без придружба на машки роднина и мора целосно да бидат покриени кога ги напуштаат своите домови. Во ноември минатата година, талибанците исто така им забранија влез во паркови, градини, спортски сали и јавни бањи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-mladite-mazhi-po-raspustot-se-vratija-na-univerzitetite-no-ne-i-devojkite/feed/ 0
Шаќири: Универзитетот во Тетово е расадник на квалитетни кадри кои успешно се интегрираат во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shakjiri-univerzitetot-vo-tetovo-e-rasadnik-na-kvalitetni-kadri-koi-uspeshno-se-integriraat-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shakjiri-univerzitetot-vo-tetovo-e-rasadnik-na-kvalitetni-kadri-koi-uspeshno-se-integriraat-vo-opshtestvoto/#respond Fri, 16 Dec 2022 20:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=776811

Универзитетот во Тетово е расадник на квалитетни кадри кои успешно се интегрираат во сите сегменти на општеството и голем дел од нив покажувајќи лидерски способности, учествуваат во креирање на позитивни промени и придвижувањето на државата напред, истакна денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на манифестацијата по повод 28 години од основањето на Универзитетот. На манифестацијата учествуваа претставници на академската и научната фела во државата, студенти претставници на извршната и законодавната власт во државата, како и претставници на дипломатскиот кор. -Со основањето на Универзитетот во Тетово, првиот државен универзитет со настава на албански наставен јазик се оствари идејата на многу наши предци, интелектуалци и луѓе со мисија и визија да направат нешто за да се унапреди образованието на Албанците во Северна Македонија. Нивниот некогашен сон денес е реалност во која сите живееме, рече Шаќири во своето обраќање. Тој изрази благодарност до сите кои имаат придонес во основањето на Универзитетот во Тетово и до сите кои се трудат тој да напредува и да прераснува во еден од најсилните столбови на високообразовниот систем во државата. -Денеска студии на сите три циклуси се организираат во современ објект, модерни амфитеатри, читални, лаборатории. Универзитетот има добро развиена мрежа на соработка со други образовни установи, со бизнис секторот и разни организации. На располагање се различни видови стипендии за студентите, како и средства за спроведување на научно истражувачки проекти. Најважно, Универзитетот има добро подготвен наставно – научен кадар од кој чест е да се учи и акумулира знаење, нагласи Шаќири. Тој потсети дека Министерството за образование и наука неодамна изгради нов студентски дом за потребите на студентите од овој Универзитет и по завршување на неколку формалности, тој ќе биде предаден на користење. Како што рече, оваа нема да биде последна инвестиција на државата во Универзитетот. -Државната поддршка од сите аспекти ќе продолжи и во иднина, не само за овој, туку и за сите други државни универзитети, затоа што, немаме друга алтернатива освен да им понудиме квалитетно образование на граѓаните, додаде Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shakjiri-univerzitetot-vo-tetovo-e-rasadnik-na-kvalitetni-kadri-koi-uspeshno-se-integriraat-vo-opshtestvoto/feed/ 0
Универзитетот во Тетово со проект за перцепција на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/#respond Mon, 12 Dec 2022 14:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=774494

Студентите и професорите од Правниот факултет од Универзитетот во Тетово пред колегите го претставија проектот „Мерење на перцепциите за нивото на корупција во јавните институции во Полошкиот регион“, кој е заеднички проект спроведен во соработка со академскиот кадар и студентите од холандскиот Врије Универзитет од Амстердам. Во претставените главни наоди од испитувањето на мислењето на граѓаните на прашањето „Кои се секторите кои се најмногу погодени од корупција“ – испитаниците најмногу ги посочиле судскиот систем (74,3 отсто), политичките партии (72,8 отсто) и образованиот систем (41,5 отсто). Над 75 отсто од испитаниците сметаат дека во последните пет години нивото на корупција е зголемено. Над 46 отсто од луѓето рекле дека во случаи кога не било потребно им било побарано дополнително да платат или да дадат подарок, најмногу при посета на лекар. Од испитаните 90 отсто никогаш не пријавиле корупција. Деканот на Правиот факултет Јусуф Зејнели во изјава за медиумите рече дека со ваквите анализи важно е тоа што како академска заедница даваат придонес во подобрување на состојбите. -Ние знаеме дека ова е една актуелна тема на нивото на нашата држава и поради тоа ние сакаме да дадеме придонес- да се надминат состојбите, но знаеме и од јавноста и од меѓународните организации, дека има малку измени во нивото на перцепција на ова нешто што е лошо за нашата држава. Треба да се промени менталитетот, сите служби да работат постручно, да се почитуваат и сите закони за да функционираме точно таксативно како правна држава и конечно да бидеме дел од ЕУ. Бидејќи како граѓани тоа го заслужуваме, изјави деканот Зејнели. Според него важен дел од промена во перцепцијата е информирањето на младите за корупцијата.Воедно и дека има потреба за промени во институциите за да се избегне сомневањето дека во одредени установи има корупција. -И тоа е една од нашите цели, младите, граѓаните сите да се информираат и да соработуваат и да знаат дека ова е нешто лошо, што треба задолжително да се надмине. Сега чекаме да почнеме преговори со ЕУ и да бидеме дел од ЕУ и да бидеме и економски и како образовен систем поразвиени. Перцепцијата е таква што се мисли дека има сомнителни кај институциите но не кај сите. И тоа значи дека овие заклучоци можат да се користат од јавните институции и тие да гледаат каде треба да се менуваат, како треба да се менуваат политиките, на почитување и спроведување на законите. Знаеме дека не може да се надмине преку еден ден, сите како општество треба да работат и да земат голема одговорност секој да биде еднаков пред законите и да се надмине тоа прашања, рече Зејнели. Студентите со анкети на граѓани пополниле 400 прашалници во деветте општини во Полошкиот регион, вклучително и сите етнички групи кои живеат таму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/feed/ 0
ПРОБИЕНО Е ДНОТО: Каква држава – такво рангирање (ДЕТАЛИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probieno-e-dnoto-kakva-drzava-takvo-rangiranje-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probieno-e-dnoto-kakva-drzava-takvo-rangiranje-detali/#respond Mon, 15 Aug 2022 11:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=718767

Каква држава – такво рангирање. Ниеден Универзитет или Колеџ или Факултет од С. Македонија не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети. Да повториме, НИЕДЕН не е рангиран. НИЕДЕН. На Шангајската листа за 2022, рангирани се 2,500 универзитети. Најдобри во свет се Harvard, Stanford, MIT, Cambridge, UC-Berkeley, Pricenton, Oxford, Columbia. Универзитетите во Белград, Загреб, Љубљана се од 401 до 500 место. На ОВОЈ ЛИНК целата листа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probieno-e-dnoto-kakva-drzava-takvo-rangiranje-detali/feed/ 0
Вооружен напад на универзитет во Манила – убиени три лица, меѓу нив и поранешна градоначалничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-na-univerzitet-vo-manila-ubieni-tri-lica-megju-niv-i-poraneshna-gradonachalnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-na-univerzitet-vo-manila-ubieni-tri-lica-megju-niv-i-poraneshna-gradonachalnichka/#respond Sun, 24 Jul 2022 13:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=709550

Три лица се убиени денеска во вооружен напад на универзитет во Манила, а се чини дека станува збор за убиство со цел, соопштија филипинските власти. Инцидентот се случи на Универзитетот Атенео де Манила додека студентите по право и нивните семејства пристигнуваа на церемонијата на дипломирање, на која требаше да присуствува и претседателот на Врховниот суд. -Во нападот се убиени Роуз Фуригеј, поранешна градоначалничка на јужната провинција Басилан, нејзиниот помошник и чуварот на универзитетот, изјави локалниот претставник Џој Белмонте. Роуз Фуригеј, чија ќерка е една од матурантите, доаѓала да присуствува на церемонијата на дипломирање. Престрелките во училиштата и универзитетите се ретки на Филипините, и покрај благите закони за оружје. Но, целните убиства на политичари се доста чести, особено за време на избори, наведуваат западните агенции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-na-univerzitet-vo-manila-ubieni-tri-lica-megju-niv-i-poraneshna-gradonachalnichka/feed/ 0
Студентите по музика на Универзитетот во Тетово на протест поради професорката Бесиана Мехмеди (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studentite-po-muzika-na-univerzitetot-vo-tetovo-na-protest-poradi-profesorkata-besiana-mehmedi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studentite-po-muzika-na-univerzitetot-vo-tetovo-na-protest-poradi-profesorkata-besiana-mehmedi-foto/#respond Thu, 14 Apr 2022 15:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=663096

„Були-јана Мехмеди“, „’81-ва не е далеку“, „Без студенти нема универзитет“… Ова беа само дел од паролите на студентите по музика на Универзитетот во Тетово кои денеска протестираа против, како што велат, заканите и уцените од професорката Бесиана Мехмеди и одлуката на деканот на Факултетот за уметности кој реагираше само со опомена за професорката. Студентите протестот го започнаа од центарот на градот кон Универзитетот, каде наидоа на затворени врати за да не влезат во дворот. Студентите порачаа дека нема да се предадат сè до оставка на професорката. Тие рекоа дека протестот е порака до сите студенти да не молчат за неправдите. - Нека биде порака до сите студенти на овој универзитет дека секој професор кој навредува, уценува, се заканува треба да биде осуден и замолчен. Гледам дека на протестите имаме и граѓански организации кои дојдоа да ги поддржат студентите. УТ е огниште на знаењето, основано со крвта на народот и нема да дозволиме никој да ги гази трудот и жртвите, изјави Арди Лена, студент. Протестот беше поддржан и од Форумот за промени во образованието. Бленди Ходаи од овој форум порача дека универзитетите не треба да имаат професори кои ги фаќаат студентите за гуша. Целата вест може да ја прочитате на Алсат-М.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studentite-po-muzika-na-univerzitetot-vo-tetovo-na-protest-poradi-profesorkata-besiana-mehmedi-foto/feed/ 0
Сирени и вонредна состојба на улиците: Оружен напад во универзитет (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-i-vonredna-sostojba-na-ulicite-oruzen-napad-vo-univerzitet-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-i-vonredna-sostojba-na-ulicite-oruzen-napad-vo-univerzitet-video/#respond Mon, 24 Jan 2022 17:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=622548

Непознат напаѓач отворил оган денес на универзитетот во германскиот град Хајделберг, при што неколку луѓе се ранети. Полицијата соопшти дека напаѓачот е мртов, а снимките на социјалните мрежи од тој град покажуваат дека вонредната состојба сè уште трае. На социјалните мрежи се појавија снимки од Хајделберг, каде денес се случи пукање. Иако напаѓачот е мртов, а сите ранети се примени во локалната болница, голем број безбедносни сили и понатаму се на улиците. Додека одекнуваат сирени, возила на полицијата и на брзата помош забрзано минуваат низ градот. Според германски Велт, непознат маж околу 12:35 часот влегол во салата на универзитетот. Пукал во присутните, при што потешко рани неколку луѓе. Полицијата соопшти дека веднаш по пријавата излегла на лице место, како и дека напаѓачот е мртов. Иако се претпоставува дека е неутрализиран во полициската акција, безбедносни извори кажале дека напаѓачот најпрво избегал и дека полицијата трагала по него. Тој набрзо бил најден мртов, поради што постои основан сомнеж дека извршил самоубиство. Според информациите на агенцијата ДПА, и самиот напаѓач е студент. Тој немал ни политички ни верски мотиви, наведуваат безбедносни извори. Полицијата соопшти дека е утврдено дека напаѓачот дејствувал сам, но дека истрагата ќе продолжи во следните денови. фото: epa-efe]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-i-vonredna-sostojba-na-ulicite-oruzen-napad-vo-univerzitet-video/feed/ 0
Пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-univerzitet-vo-luizijana-edno-lice-e-ubieno-a-sedum-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-univerzitet-vo-luizijana-edno-lice-e-ubieno-a-sedum-se-povredeni/#respond Mon, 18 Oct 2021 06:36:09 +0000 https://kurir.mk/?p=581208

Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот. Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ. Часовите на тој универзитет се откажани денеска и утре, а полициски час е воведен во кампусот од 21:30 часот до 6:00 часот наутро по локално време до дополнително известување. Пукањето се случи само неколку дена откако едно лице, кое не е студент, пукало и смртно рани друго лице, кое исто така не е студент, пред зградата на студентското здружение Фаврот, објави Универзитетот Грамблинг. Инцидентот, исто така, се случи околу еден по полноќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-univerzitet-vo-luizijana-edno-lice-e-ubieno-a-sedum-se-povredeni/feed/ 0
Универзитетот Харвард го зголеми богатството на 53,2 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-harvard-go-zgolemi-bogatstvoto-na-53-2-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-harvard-go-zgolemi-bogatstvoto-na-53-2-milijardi-dolari/#respond Fri, 15 Oct 2021 06:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=579336

Универзитетот Харвард, веќе најбогатиот во светот, вчера соопшти дека во фискалната година која заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари. Универзитетот го оствари зголемувањето на профитот, кое неговите службеници го нарекоа „извонредно“, со инвестирање во приватниот и јавниот сектор. Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по пандемиската криза, универзитетот соопшти дека остварил профит од 7,3 проценти. Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Харвард Менаџмент Компани (ХМЦ), Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестираше во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година. Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведе дека Харвард ризикувал многу помалку во изминатите години отколку другите универзитети. – Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично би ја зголемила заработката на ХМЦ, нагласи Нарвекар. На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) оствари 56 проценти профит оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Универзитетот Браун со 52 проценти добивка на 6,9 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-harvard-go-zgolemi-bogatstvoto-na-53-2-milijardi-dolari/feed/ 0