универзитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 13:35:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на македонски кандидати за студии на универзитетите во Франција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/#respond Mon, 30 Oct 2023 13:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=894543

За над 40 проценти има зголемување на бројот на кандидати од земјава кои сакаат да запишат прва година студии во Франција и за 20 отсто повеќе корисници на стипендиите за извонредност на почетокот на оваа академска 2023/2024, соопшти францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, на отворањето на 16. Саем на студии во Франција, што денеска се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје. Покрај овие стипендии, рече тој, има и други поволности благодарение на потпишаниот Договор меѓу Францускиот институт-Скопје и Универзитетот во Каен. Наведе и два, како што рече, „опипливи резултати во универзитетската соработка“ меѓу двете земји – вклученоста на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Универзитетот од Ле Ман во рамки на Алијанса на европски универзитети. -Во тек е уште еден таков проект и се надевам дека ќе успее бидејќи оваа е последната година да се одговори на повикот за проекти... Постои и друг проект што го спроведува ИНАЛКО, за основање докторска школа на Западен Балкан во рамки на Франкофонската универзитетска агенција, рече Бомгартнер. Саемот во НУБ, што го организираат Францускиот институт во Скопје и Француската агенција за високо образование „Кампус Франс“, е можност македонските средношколци, студенти, универзитетски професори да се запознаат со можностите за високо образование во Франција или за остварување универзитетска соработка, да се информираат за понудата на студиските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција. „Кампус Франс“ е достапен за високообразовните установи и за студентите во текот на целата година во просториите на Францускиот институт-Скопје. Амбасадорот ги повика да го посетат и порача универзитетите да ги користат и придобивките од европската образовна програма „Еразмус плус“. - Последната сума што беше доделена во износ од осум милиони евра за 2023 година само за Северна Македонија, зборува дека средствата се зголемени за дури 20 проценти споредено со 2022 година. Среќен сум што француските високообразовни институции денес се двојно повеќе присутни овде споредено со минатата година. Ви посакувам на сите, плодни размени, а особено на вас, драги студенти, не двоумете се да соберете што е можно повеќе информации за да ги реализирате вашите проекти за мобилност во Франција и да ја подготвите вашата иднина, истакна францускиот амбасадор. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на Саемот оцени дека Северна Македонија и Франција имаат традиционално добра соработка што се потврдува и во сферата на образованието. -Сите оние на кои им е предизвик да студираат во една од најразвиените европски земји, на овој саем може да се информираат за студиските програми на француските државни универзитети, бизнис-школите, специјализираната школа за инженери, како и за Универзитетот за политички науки чии претставници ќе им ги појаснат процедурите за упис, можностите за стипендии и се друго поврзано со студентскиот живот, рече Шаќири. Истакна дека неколку француски универзитети се високорангирани на Шангајската листа  и тоа говори, рече, за високиот образовен квалитет. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, Марко Ѓоргиевски, на отворањето на Саемот соопшти дека во периодот  2017-2022 универзитетите од Северна Македонија реализирале 32 студентски мобилности во Франција, најчесто во областа на општествените науки. -Ова значи дека може да се искористат можностите за образование и истражување во една од најпрестижните земји во светот. Овие мобилности во Франција на студентите им овозможија унапредување на нивното знаење и развој на нови вештини. Можеме да се пофалиме дека за овие проекти беа доделени повеќе од 60 илјади евра за поддршка на студентите во реализација на нивните академски и истражувачки амбиции, рече Ѓоргиевски. Покрај студенти, и 12 професори од нашите универзитети, успешно реализирале наставни ангажмани во Франција и придонесуваат, рече за збогатување на нашите студиски програми и за квалитетот на образованието. Ѓоргиевски  посочи и дека македонските универзитети успешно соработуваат со универзитети од Франција, нагласувајќи дека Битолскиот универзитет првпат влегол во Алијансата на европски универзитети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/feed/ 0
На универзитетите симболично одбележување на почетокот на новата академска 2023/2024 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-univerzitetite-simbolichno-odbelezhuvane-na-pochetokot-na-novata-akademska-2023-2024/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-univerzitetite-simbolichno-odbelezhuvane-na-pochetokot-na-novata-akademska-2023-2024/#respond Mon, 02 Oct 2023 05:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=883974

Свечености и симболично означување на почетокот на новата академска 2023/2024 за денеска најавуваат универзитетите. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова по повод првиот академски час ќе се обратат пред студентите на Медицинскиот факултет. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на церемонија на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, додека на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи прв академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“. Од УКИМ е најавено дека ректорката проф. д-р Ангелова ќе ги посети и Економски факултет во 10:00 часот, Правен факултет „Јустинијан Први“ во 11:00 часот, Машински факултет 12:30 часот и ФИНКИ во 18:00 часот. На 3 октомври (вторник), ректорката ќе има обраќање во периодот од 10:15 до 11:15 часот на Факултетот за земјоделски науки и храна. На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип првиот академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“, ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет) со почеток во 11.30 часот. Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе ја пречека осмата генерација на студенти, на свеченост која ќе почне во 11:00 часот. На церемонијата ќе присуствува министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој ќе им се обрати на новите студенти. На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип првиот академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“, ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет) со почеток во 11.30 часот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-univerzitetite-simbolichno-odbelezhuvane-na-pochetokot-na-novata-akademska-2023-2024/feed/ 0
Гутереш изрази загриженост поради забраната жените во Авганистан да студираат на универзитети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-izrazi-zagrizenost-poradi-zabranata-zenite-vo-avganistan-da-studiraat-na-univerziteti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-izrazi-zagrizenost-poradi-zabranata-zenite-vo-avganistan-da-studiraat-na-univerziteti/#respond Wed, 21 Dec 2022 10:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=778514

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради одлуката на талибанците да им забранат на жените да студираат на универзитети во Авганистан. Гутереш апелираше до талибанските власти да „обезбедат еднаков пристап до образование“ на сите нивоа, рече неговиот портпарол Стефан Дижарик. – Генералниот секретар повторува дека со ускратување на образованието не само што се кршат еднаквите права на жените и девојчињата, туку ќе има разорно влијание врз иднината на земјата, се вели во изјавата на портпаролот.
Талибанските власти вчера одлучија да им забранат на жените да одат на универзитет до понатамошно известување. – Известени сте да ја спроведете наредбата за прекин на образованието на жените до понатамошно известување, се вели во дописот на Министерството за високо образование упатен до универзитетите. Забраната дојде за помалку од три месеци откако неколку илјади девојки и жени полагаа приемен испит на универзитетите низ земјата. Претходно на средношколките им беше забрането да одат на училиште. Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-izrazi-zagrizenost-poradi-zabranata-zenite-vo-avganistan-da-studiraat-na-univerziteti/feed/ 0
САД ги осудија талибанците затоа што на жените им забранија пристап до универзитетите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=778387

Соединетите Американски Држави го осудија потегот на Министерството за образование на талибанските власти на Авганистан, кое вчера им забрани пристап на жените до универзитетите на неодреден период. – САД се во контакт со сојузниците во врска со одлуката од вторникот на талибанското Министерство за образование да го забрани пристапот на студентките до понатамошно известување. САД ја осудуваат необјаснивата одлука на талибанците да ги спречат авганистанските жени да добијат универзитетско образование, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон. Талибанските власти вчера им забранија на неодредено време на жените да студираат на универзитетите во Авганистан, соопшти Министерството за високо образование во писмо упатено до сите јавни и приватни високообразовни установи во земјата. – Со ова сите сте информирани да ја спроведете спомнатата наредба за прекин на образованието за жените до нова одредба, се вели во писмото што го објави министерот за високо образование Неда Мохамад Надеем. Портпаролот на Министерството, Зиаулах Хашими исто така ја потврди таа вест. До забраната за високо образование дојде по помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја. Оваа рестриктивна мерка на талибанците во областа на образованието на жените е најнова во серијата ограничувања воспоставени против жените и најверојатно ќе предизвика загриженост кај меѓународната заедница, јавија западни медиуми. Девојките веќе биле лишени од пристап во средните училишта. Кога се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците ветија дека ќе биде пофлексибилни, но во голема мера се вратија на ултраригорозната интерпретација на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт (1996-2001). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/feed/ 0
Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-obrazovanie-gi-povika-univerzitetite-da-ja-prekinat-sorabotkata-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-obrazovanie-gi-povika-univerzitetite-da-ja-prekinat-sorabotkata-so-rusija/#respond Wed, 09 Mar 2022 08:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=643785

Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија. Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да ги разгледаат поединечните контакти. Во изјавата, Поласек укажа на напорите на австриската влада да им помогне на Украинците кои ја напуштиле својата земја. Министерството за образование ја укина наплатата за студии за околу 2.300 украински студенти во Австрија за летниот семестар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-obrazovanie-gi-povika-univerzitetite-da-ja-prekinat-sorabotkata-so-rusija/feed/ 0
Кипар: Се затвораат моловите, угостителските објекти, црквите, универзитетите и дел од средните училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/#respond Wed, 09 Dec 2020 13:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=440918

Поради влошената епидемиолошка слика, кипарската Влада, наместо олабавување на постоечки, одлучи да воведе построги мерки и да ги затвори моловите, угостителските објекти, црквите, дел од средните училишта и универзитетите, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану, соопштувајќи ги новите рестрикции, рече во изминатите денови „влошени се епидемиолошките индикатори и се најлоши од почетокот на пандемијата“. – Новите случаи се зголемуваат, а на многу наши сограѓани им е потребно лекување. За жал, некои од нив ја загубија битката за живот. Постои стабилизација во однос на хоспитализираните пациенти, но не можеме да бидеме смирени. Загрижени сме за континуираното зголемување на „позитивноста“ што се регистрира со брзите антигени тестови низ Кипар. Резултатите покажуваат дека вирусот е насекаде, во сите градови, села, области, рече Јоану и додаде дека намерата е да се запре „дополнителното ширење на вирусот пред да биде доцна“ и затоа е донесена одлуката за прекин на работата на објектите на затворено, истакна Јоану. Од петок до 31 декември 2020 година, ќе бидат затворени сите молови, кафулиња, барови, таверни, ресторани, пабови итн. Литургиите во црквите ќе бидат зад затворени врати, без присуство на верници, додека пак на венчавките, крштенките и погребите дозволени се најмногу десет лица. Од понеделник, за дел од приватните и државните средни училишта (за ученици од 15 до 18 години) и за Универзитетите се воведува онлајн настава и предавања, а градинките, основните и остатокот од средните училишта ќе работата нормално со физичко присуство на учениците. Дополнително, продолжуваат да важат и мерките воведени пред 12 дена, меѓу кои и полицискиот час од 21 до пет часот наутро. Јоану на денешната прес-конференција објасни дека на 27 ноември 2020 година, при соопштувањето на мерките беше оставена отворена можност за олабавување на одредени рестрикции во пресрет на божиќните и новогодишните празници, но под услов да се подобри епидемиолошката слика. – Исто така предупредивме и за веројатноста да се вратат построги мерки, ако има влошување на податоците. Податоците што ги имаме пред нас, не ни оставаат многу опции, објасни министерот за здравство на Кипар. Тој рече дека земјата се подготвува за програмата за вакцинација на населението, а набргу ќе биде соопштен и процесот и повтори дека за сите граѓани кои ќе сакаат да се вакцинираат, вакцината ќе биде бесплатна. На Кипар вчера беа соопштени 419 нови случаи од 4.208 ПЦР тестови, што е рекорден број новозаразени на дневно ниво, а починаа пет лица. Од 6.702 брзи тестови, позитивни биле резултатите на 218, меѓутоа не се вклучени во дневната статистика, бидејќи праксата на Кипар е резултатот од рапид тестовите, да се провери со ПЦР тест. Во кипарските болници, хоспитализирани се 115 лица, од кои 21 се во сериозна состојба. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 68 смртни случаи и 13.286 заболени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/feed/ 0
Започнуваат предавањата на универзитетите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuvaat-predavanjata-na-univerzitetite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuvaat-predavanjata-na-univerzitetite-vo-grcija/#respond Mon, 05 Oct 2020 08:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=412414

Од денеска, до средината на месецов, постепено, ќе започнат предавањата на сите универзитети во Грција, а ќе бидат комбинирани, со физичко присуство или онлајн во зависност од бројот на студентите, јави дописничката на МИА од Атина. Според протоколите, маската е задолжителна, како за студентите, така и за професорите во сите простории на факултетите. Доколку групата е до 50 студенти, тогаш предавањата, семинарите и слично ќе бидат со физичко присуство, а во случај да се над 50 тогаш ќе се одвиваат онлајн. Заменик-министерот за образование на Грција надлежен за високото образование Василис Дигалакис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека и во однос на Универзитетите треба сите да се прилагодат на новата реалност и да се прилагодат на новите, но неопходни услови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuvaat-predavanjata-na-univerzitetite-vo-grcija/feed/ 0
Македонските универзитети повторно ги нема меѓу првите 1000 на Шангајската листа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-univerziteti-povtorno-gi-nema-megju-prvite-1000-na-shangajskata-lista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-univerziteti-povtorno-gi-nema-megju-prvite-1000-na-shangajskata-lista/#respond Sun, 16 Aug 2020 09:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=391245

Американските универзитети ја задржаа доминацијата на врвот на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Осумнаесетта година по ред, американскиот универзитет Харвард е неприкосновен на врвот на оваа листа, составена од независната консултантска агенција Шангај ранкинг консултанс. Универзитетот Стенфорд е втор на листата, а Кембриџ е трет. Македонските универзитети ни годинава не се најдоа на оваа листа, а ист е случајот и со универзитетите од Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Од регионот, Грција има 6 универзитети меѓу најдобрите 1.000, додека Србија и Хрватска по еден. Шангајската листа се објавува од 2003 година, каде според шест критериуми се рангираат 500 универзитети од 1.200 регистрирани ширум светот. Критериумите вклучуваат: број на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во специјализирани списанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-univerziteti-povtorno-gi-nema-megju-prvite-1000-na-shangajskata-lista/feed/ 0