универзитетски кампус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 17:30:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитетски кампус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Терористичката „Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во универзитетскиот кампус во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichkata-islamska-drzava-prezede-odgovornost-za-napadot-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichkata-islamska-drzava-prezede-odgovornost-za-napadot-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-kabul/#respond Mon, 02 Nov 2020 17:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=423908

Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за денешниот напад во универзитетски кампус во Кабул, каде во повеќечасовна престрелка со авганистанските сили се убиени најмалку 19 лица, јави ДПА. Авганистанските медиуми објавија дека најмалку 10 лица од убиените се студенти. Според дел од европските медиуми, во нападот се убиени 22 лица. Крвопролевањето почна со самоубиствен напад на напаѓач кој во кампусот активирал експлозивна направа. Потоа двајца вооружени мажи почнале да пукаат кон студентите, кои во паника се криеле и бегале преку ѕидовите на кампусот. Некои студенти под опсада биле повеќе часови. Откако влегле во кампусот, облечени во воена униформа, напаѓачите зазеле позиција на еден од факултетите и почнале да разменуваат оган со авганистанските елитни сили со часови. Американски воен претставник потврди дека мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО обезбедува поддршка на авганистанските безбедносни сили за време на операцијата, но одби да даде специфични детали. Стотици студенти, професори и административен персонал на универзитетот бегаа преку sидовите на комплексот, додека стотици други беа спасени од безбедносните сили, според официјалните лица и очевидците. Во нападот се повредени најмалку 22 лица. Напаѓачите пукаа кон студентите кои бегале кон просториите во кампусот. – Пукаа во сите студенти кои ќе ги видеа, изјави очевидецот Фатула Моради, кој појасни дека со група пријатели успеал да побегне преку еден од излезите на кампусот. Претставникот на НАТО во Авганистан Стефано Понтекорво го осуди нападот. – Ова е втор напад врз образовна институција во Кабул во десет дена. Авганистанските деца и млади мора да се чувствуваат безбедни додека се образуваат, порача тој. Минатиот месец, 24 лица, претежно студенти, беа убиени во напад на образовен центар во Кабул. Насилството го погодува Авганистан во време кога владата и талибанските преговарачи се состануваат во Катар за да постигнат мировен договор што ќе резултира со повлекување на американската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichkata-islamska-drzava-prezede-odgovornost-za-napadot-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-kabul/feed/ 0
Во напад на универзитетски кампус во Кабул убиени најмалку 20 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-univerzitetski-kampus-vo-kabul-ubieni-najmalku-20-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-univerzitetski-kampus-vo-kabul-ubieni-najmalku-20-lica/#respond Mon, 02 Nov 2020 14:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=423806

Најмалку 20 лица се убиени, а 22 беа ранети откако тројца вооружени напаѓачи денеска упаднаа во кампусот на универзитетот во Кабул и почнаа престрелка со авганистанските елитни сили во траење од шест часа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Авганистански медиуми јавуваат дека најмалку 10 од убиените се студенти. Операцијата за расчистување сè уште трае, според портпаролот на министерството Тарик Аријан, јави германската агенција ДПА. Откако влегоа во кампусот, облечени во воена униформа, напаѓачите зазедоа позиција на еден од факултетите и почнаа да разменуваат оган со авганистанските елитни сили со часови, изјавија очевидци. Хеликоптери летаат над кампусот, а одвреме-навреме се слушаше звук на спорадични експлозии и престрелки. Американски воен претставник потврди дека мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО обезбедува поддршка на авганистанските безбедносни сили за време на операцијата, но одби да даде специфични детали. Стотици студенти, професори и административен персонал на универзитетот бегаа преку sидовите на комплексот, додека стотици други беа спасени од безбедносните сили, според официјалните лица и очевидците. Напаѓачите пукаа кон студентите кои бегале кон просториите во кампусот. – Пукаа во сите студенти кои ќе ги видеа, изјави очевидецот Фатула Моради, кој појасни дека со група пријатели успеал да побегне преку еден од излезите на кампусот. Талибанските борци тврдат дека не стојат зад нападот, а засега за него никој не презеде одговорност. Авганистанските медиуми јавија дека денеска на Универзитетот се одржува авганистанско-иранскиот саем на книгата и дека кога почнала престрелката, во кампусот имало неколку функционери, меѓу кои и иранскиот амбасадор во Авганистан. Претставникот на НАТО во Авганистан Стефано Понтекорво го осуди нападот. – Ова е втор напад врз образовна институција во Кабул во десет дена. Авганистанските деца и млади мора да се чувствуваат безбедни додека се образуваат, порача тој. Минатиот месец, 24 лица, претежно студенти, беа убиени во напад на образовен центар во Кабул. Насилството го погодува Авганистан во време кога владата и талибанските преговарачи се состануваат во Катар за да постигнат мировен договор што ќе резултира со повлекување на американската војска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-univerzitetski-kampus-vo-kabul-ubieni-najmalku-20-lica/feed/ 0