универзитетски професори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 11:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзитетски професори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од септември планирано зголемување на платите на универзитетските професори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-planirano-zgolemuvanje-na-platite-na-univerzitetskite-profesori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-planirano-zgolemuvanje-na-platite-na-univerzitetskite-profesori/#respond Fri, 27 May 2022 11:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=682413

Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“. Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено од универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор. – Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука, рече Ковачевски. Премиерот Ковачевски посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза. – Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите, додаде Ковачевски. На одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“ покрај премиерот Ковачевски присуствуваа министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-planirano-zgolemuvanje-na-platite-na-univerzitetskite-profesori/feed/ 0