универзум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Feb 2021 08:54:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png универзум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова се дел од најчудните појави во Вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-del-od-najchudnite-pojavi-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-del-od-najchudnite-pojavi-vo-vselenata/#respond Mon, 01 Feb 2021 08:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=462504

Универзумот е исполнет со најразлични појави, од коишто само некои се откриени од човекот, а бесконечно многу допрва треба да се откријат. Следуваат неколку кои само покажуваат колку е бесконечна Вселената. Најголемиот ураган во Сончевиот Систем Оваа Голема Црвена Дамка на Јупитер е, всушност, непрестајна бура, вртлог со висок притисок, за кој се знае дека е стотици пати поголем и помоќен од оние на Земјата. Најголемото водено тело во Вселената Најголемото водено тело во универзумот е откриено 2011 година. Опкружува едно друго, т.н. квази-ѕвездено тело (квазар). Станува збор за моќна црна дупка именувана како „АПМ 08279+5255“, што е оддалечена околу 12 милијарди светлосни години од Земјата и, според интернет-страницата „Квиз-клаб“, е 20 милијарди пати помоќна од Сонцето. Водата, т.е. пареата што ја опкружува црната дупка е во агрегатна состојба на гас. Уште една џиновска црна дупка Квазарот „J-0100+2802“, најобемната и најголемата црна дупка што научниците некогаш ја откриле е забележан 2015 година. Неговата маса е 12 милиони пати поголема од Сонцето и е околу 420 милијарди пати помоќен и „посјаен“ (со поголема светлосна енергија) од нашата ѕвезда. Дијамантската планета „55 Канкри“ Се работи за планета од нашиот Млечен Пат, од соѕвездието Рак, за којашто се верува дека е околу една третина дијамант. Првпат откриена 2004 година, „55 Канкри“ е двапати поголема од Земјата и со осум пати поголема маса. Иако оваа планета е непогодна за живот, се проценува дека има вредност од 26,9 нонилиони долари (со 30 нули). Облакот „Стрелец Б2“ Станува збор за огромен молекуларен облак од гас и, најверојатно, мириса на малина и рум. Односно, науката претпоставува дека ова тело содржи огромни количества етил формат, кои му го даваат тој мирис. Всушност, „Стрелец Б2“ содржи милијарди литри алкохол, што би било доволно за производство на најмалку 400 трилиони литри пиво! Планетата со „врел мраз“ Планетата „Глисе 436-б“ е првпат откриена 2004 година. Феноменот тука е тоа што ова тело содржи вода во облик на т.н. „мраз-Х“. Освен тоа, планетата има прилично високи температури – од над 250 Целзиусови степени. Но, и покрај тоа, екстремните гравитациски сили, како и надворешниот слој на планетата составен од хелиум и водород – ја држат таа вода во цврста агрегатна состојба. Гравитацијата спречува испарување на течните молекули со компресија на водата, слично на начинот на којшто дијаманти се формираат од јаглерод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-del-od-najchudnite-pojavi-vo-vselenata/feed/ 0
Универзумот има сродна душа за секого: Еве како да ја сретнете, а никогаш да не погрешите! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/univerzumot-ima-srodna-dusha-za-sekogo-eve-kako-da-ja-sretnete-a-nikogash-da-ne-pogreshite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/univerzumot-ima-srodna-dusha-za-sekogo-eve-kako-da-ja-sretnete-a-nikogash-da-ne-pogreshite/#respond Sat, 15 Aug 2020 18:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=391074

Универзумот знае кои луѓе се сродни души и знае кога вие ќе ја сретнете вашата. Па затоа, кога ќе ја сретнете, ќе се чувствувате како да ја знаете сто години. Следете ја својата интуиција и никогаш не го потценувајте вашиот инстинкт, бидејќи, навистина, тој никогаш не греши. Занемарете ја логиката, бидејќи инстинктот е многу посилен од што мислите. Дури и ако сте имале лошо искуство во љубовта, не очајувајте. Секоја случка во вашиот живот носи одредена порака. Ништо не се случува без причина. Не можете да ги промените чувствата на другите луѓе. Немате право некого да присилите на љубов. Лошите искуства во минатото не се ништо друго освен процес на учење. Во секоја врска знаете колку сте силни. Мора да знаете една работа: драгоцените лекции од искуствата од лошите односи се клуч за идниот избраник со кој ви е судено да бидете. За да ја најдете вистинската, ‘космичка’ љубов, мора да бидете верни на себе. Потребно е да се познавате и да се прифатите себеси. Сите грешиме, тоа е човечки. Впрочем, токму поради тие грешки станувате посилни. Најважно е во животот да се пронајдете себеси. Да се запознаете какви сте и кои сте. Кога ќе почнете да живеете поради себе, тогаш ќе ја најдете сродната душа. Запознавајќи ја својата душа, ќе знаете што и кој ви одговара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/univerzumot-ima-srodna-dusha-za-sekogo-eve-kako-da-ja-sretnete-a-nikogash-da-ne-pogreshite/feed/ 0
Универзумот ќе се распарчи и ќе се рециклира, тврди истакнат астрофизичар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/#respond Tue, 18 Dec 2018 16:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=141984

Астрофизичар тврди дека ќе се случи деструктивен инцидент од космички размери кој можеби нема да стави крај на животот каков што го знаеме, но ќе резултира со космичка инфлација и евентуално – нова Голема експлозија. Итан Сигел, астрофизичар и професор на колеџот Луис&Кларк во Орегон, вели дека „Големото распарчување“ (The Big Rip), космички настан сличен на Големата експлозија (The Big Bang), може да се случи околу 22 милијарди години од сега и дека буквално ќе го распарчи универзумот. Концептот за „Големото распарчување“ прв пат го спомнаа Роберт Калвел, Марк Камионковски и Невин Вајнберг во 2003 година во нивниот есеј насловен „Фантомска енергија и всленскиот Суден ден“, во кој претпоставуваат дека ако нашиот универзум продолжи да се шири, еевнтуално ќе стигне до точка во која „сите сили што го држат заедно ќе бидат обземени од темна енергија“. „Ако е точно дека ќе се случи Големото распарчување, сѐ во универзумот ќе биде распарчено до најосновни честички, до некоја мера како во раните фази на Големата експлозија“, вели Сигел. Иако некои поборници на теоријата за Големото распарчување сметаат дека тоа ќе биде крај на универзумот каков што го знаеме, Сигел смета дека тоа нема да се случи, туку дека универзумот ќе се „рециклира“. „Ако темната енергија се зајакне, тоа е всушност енергија со исто потекло како основниот материјал на самата вселена и може да го повтори раниот период на историјата на нашиот универзум, кога вселената се раширила во огромни размери, предизвикувајќи космичка инфлација“, објаснува тој. „Инфлацијата ја отстранува целата претходна материја и енергија од универзумот и го остава само материјалот од кој е создадена вселената. По периодот на инфлација, таа енергија некако се претвора во честички, античестички и радијација, што води до Големата експлозија.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/feed/ 0