УНКТАД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 15:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png УНКТАД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНКТАД: Конверзијата во CO2 неутрални горива на транспортната инфраструктура ќе чини милијарди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-konverzijata-vo-co2-neutralni-goriva-na-transportnata-infrastruktura-ke-chini-milijardi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-konverzijata-vo-co2-neutralni-goriva-na-transportnata-infrastruktura-ke-chini-milijardi/#respond Wed, 27 Sep 2023 15:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=882376

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) очекува високи трошоци за конверзија на транспортната и пристанишната инфраструктура во CO2 неутрални горива. Според телото на ОН, дополнителни трошоци до околу 111 милијарди евра (118 милијарди долари) ќе бидат направени до 2050 година. До 26 милијарди евра ќе бидат потрошени за самите бродови, а меѓу 26 и 85 милијарди евра за инфраструктурата, објави денеска организацијата на ОН со седиште во Женева во својот извештај за поморскиот транспорт 2023 година. Во својот труд, кој беше објавен пред Светскиот ден на поморството во четврток, УНКТАД повикува на праведна транзиција кон итно потребната декарбонизирана бродска индустрија. УНКТАД верува дека префрлањето на CO2 неутрални горива може да ги зголеми нивните трошоци за помеѓу 70 и 100 проценти, што може да има влијание врз малите островски држави во развој, како и особено сиромашните земји кои во голема мера се потпираат на поморскиот транспорт. Затоа, УНКТАД повикува на универзална регулаторна рамка која ќе се применува на сите бродови, без оглед на нивното знаме на регистрација, сопственост или области на работа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-konverzijata-vo-co2-neutralni-goriva-na-transportnata-infrastruktura-ke-chini-milijardi/feed/ 0
УНКТАД: Светската трговија се очекува да достигне рекордно ниво оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-svetskata-trgovija-se-ochekuva-da-dostigne-rekordno-nivo-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-svetskata-trgovija-se-ochekuva-da-dostigne-rekordno-nivo-ovaa-godina/#respond Wed, 01 Dec 2021 07:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=602260

Светската трговија се очекува да достигне рекордно ниво оваа година, и покрај пандемијата со коронавирусот, јави ДПА. Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD) предвидува зголемување на вредноста на трговијата за 11 отсто над нивото пред пандемијата во 2019 година, се вели во извештајот објавен во Женева. Вкупната вредност за 2021 година се очекува да достигне 28 трилиони. долари. Позитивниот тренд во меѓународната трговија во 2021 година во голема мера е резултат на силно закрепнување на побарувачката поради укинувањето на пандемските ограничувања, пакетите за стимулирање и зголемувањето на цените на суровините, според УНКТАД. Трговијата со стоки порасна значително повеќе од трговијата со услуги. Тајван се очекува да има најсилен трговски раст – за 23 отсто во споредба со 2019 година. Двоцифрен раст очекуваат и Кина, Виетнам, Бразил и Австралија. За некои земји, сепак, трендот е негативен. Најсилниот пад веројатно ќе го прикаже Велика Британмија – минус 23 проценти. Покрај пандемијата, британската трговија беше погодена и од излегувањето на земјата од ЕУ. Јапонија, Мексико и Канада се следните земји со најсилен трговски пад, според проценките на УНКТАД, а САД се на шестото место со минус 4 отсто. ЕУ е на десеттото место во негативното рангирање со намалување на вредноста на трговските текови за минус 3 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unktad-svetskata-trgovija-se-ochekuva-da-dostigne-rekordno-nivo-ovaa-godina/feed/ 0