унмик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 15:34:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png унмик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефицата на УНМИК во ОН: Треба да се врати довербата во дијалогот меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefitsata-na-unmik-vo-on-treba-da-se-vrati-doverbata-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefitsata-na-unmik-vo-on-treba-da-se-vrati-doverbata-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/#respond Thu, 27 Apr 2023 15:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=828394

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк изјави дека лидерите во Белград и Приштина мора да преземат одговорни чекори за обнова на довербата во процесот на нормализирање на односите, пренесе Бета. За време на дискусијата за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „без видлива посветеност на политичките лидери, може да има директни последици за регионалната стабилност“. На седницата на која се разгледува извештајот на Гутереш за периодот од 16 септември 2022 до 18 март 2023 година, Зијаде рече дека „континуираното фокусирање на вниманието“ на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од февруари 27 и неговиот Апел за спроведување од 18 март „треба да биде придружен со смело лидерство и акција“. „Напредокот во односите бара оние кои станаа сомнителни во намерите на другата страна да ја обноват довербата“, рече Зијаде. Таа ги охрабри лидерите да комуницираат јасно и континуирано со граѓаните за прашања што влијаат на животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefitsata-na-unmik-vo-on-treba-da-se-vrati-doverbata-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
УНМИК побара ослободување на неговите двајца службеници уапсени во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unmik-pobara-osloboduvanje-na-negovite-dvajca-sluzbenici-uapseni-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unmik-pobara-osloboduvanje-na-negovite-dvajca-sluzbenici-uapseni-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 28 May 2019 13:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=202925

Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) побара ослободување на своите двајца службеници кои се уапсени во денешната акција на косовската полиција во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од УНМИК за телевизијата КТВ информираат дека уапсените меѓународни службеници се Русинот Михаил Красночеков и Србинот Дејан Димовиќ. Медиумот ја пренесе и информацијата дека Руската амбасада во Белград побарала итно ослободување на нејзиниот државјанин и одговорност од лицата кои го извршиле, како што вели, „флагрантниот инцидент“. УНМИК во соопштение до медиумите вели дека со вознемиреност ги следи последните настани во северно Косово. – УНМИК го следи со голема вознемиреност развојот на настаните на север од Митровица денеска, вклучително и приведувањето во текот на полициската акција на две лица кои се вработени на ОН. Двајцата припадници на УНМИК се префрлени во болница за третирање на раните. Ние ги разгледуваме прецизно околностите во целосна координација со сите меѓународни организации на терен, се вели во соопштението. Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин повика двајцата приведени службеници веднаш да бидат ослободени и нагласи дека „секое повредување на припадници на УНМИК ќе добие висок законски, дипломатски и меѓународен одговор“. – Ги повикувам сите страни да се раководат од владеењето на законот и достоинството за живот и слобода и да помогнат во враќање на мирот и безбедноста во овој дел, порача Танин преку соопштението на УНМИК. Претседателот на Косово Хашим Тачи, по состанокот со челниците на безбедносните структури, изјави дека има информација оти меѓу уапсените е и еден руски државјанин, кој се претставувал како дипломат и се обидувал да ја спречи полицијата во вршењето на својата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/unmik-pobara-osloboduvanje-na-negovite-dvajca-sluzbenici-uapseni-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Харадинај соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со УНМИК https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-soopshti-deka-kosovo-ja-prekinalo-komunikacijata-so-unmik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-soopshti-deka-kosovo-ja-prekinalo-komunikacijata-so-unmik/#respond Wed, 06 Feb 2019 19:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=160998

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) додавајќи дека писмата што Мисијата ги праќа до ОН не ја отсликуваат реалноста. Изјавата на Харадинај следува кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочи дека најголем проблем во односите помеѓу Белград и Приштина е таксата од сто отсто на српските производи што се увезуваат во Косово. Ние не комуницираме повеќе со УНМИК. Тие ги пишуваат овие писма и ги праќаат таму, а писмата не се одраз на вистината. Тензиите помеѓу Косово и Србија ги создаде војната, нанесените штети и големата болка, како и нерешавањето на односите со договор за признавање, рече Харадинај. Премиерот на Косово повтори дека нема да има корекции на границата меѓу Косово и Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-soopshti-deka-kosovo-ja-prekinalo-komunikacijata-so-unmik/feed/ 0
Форум на УНМИК во Љубљана за изградба на довербата во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forum-na-unmik-vo-ljubljana-za-izgradba-na-doverbata-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forum-na-unmik-vo-ljubljana-za-izgradba-na-doverbata-vo-kosovo/#respond Mon, 07 May 2018 14:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=51117

Во Љубљана денеска почна тридневен форум посветен на изградба на довербата меѓу заедниците во Косово, во рамките на Мисијата на ОН (УНМИК), а повеќе од 100 учесници на овој собир ги разгледуваа позитивните примери на соработка кои ги намалуваат потенцијалните непријателства и ги уриваат стереотипите. Форумот дава и прилика за дискусии меѓу заедниците од тој простор, на основа на активностите на граѓанското општество, лидерите и носителите на одлуки, кои помагаат во изградба на довербата, соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија, кое го истакна значењето на дијалогот Белград и Приштина. Денешниот собир го отворија специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин, помошникот на генералниот секретар за мировни операции Бинта Кејт и шефот на директоратот на словенечкото Министерство за надворешна политика за заедничка надворешна и безбедносна политика Матеј Марн. Марн го истакна потенцијалот на регионот и на Косово во врска со новите идеи и желба за иградба на соработка, но предупреди дека тоа ќе биде неопходно за да се решат отворените прашања од минатото и да се зајакне владеењето на правото економијата. Тој нагласи дека Словенија останува силен поддржувач на регионот, вклучително и Косово, на патот кон ЕУ и НАТО. Билатералните прашања меѓу земјите мораат да се решат на тој пат, а меѓународните договори мора да се исполнуваат, се заклучува во соопштението од собирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forum-na-unmik-vo-ljubljana-za-izgradba-na-doverbata-vo-kosovo/feed/ 0