Упатство за водење на матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 13:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Упатство за водење на матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уставен суд го поништи Упатството за водење на матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=882277

Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник. - Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска. Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство. - Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето. Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите, додаде Беловска. Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/feed/ 0
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Упатството за водење на матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-deneska-ke-odluchuva-za-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-deneska-ke-odluchuva-za-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/#respond Wed, 27 Sep 2023 08:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=882161

Уставниот суд денеска ќе одлучува за предметот У.бр.89/2023 во кој е поведена постапка за Упатството кое во јавноста е познато како Упатство за водење на матични книги. Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена. Како што информираат од Сидот, оспорено е Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги. Со оглед дека дискусијата за овој предмет е веќе завршена на денешната седница следува фазата на гласање и донесување на одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-deneska-ke-odluchuva-za-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/feed/ 0
Уставниот суд ќе поведе постапка, донесена времена мерка за неиздавање на новите изводи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ke-povede-postapka-donesena-vremena-merka-za-neizdavane-na-novite-izvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ke-povede-postapka-donesena-vremena-merka-za-neizdavane-na-novite-izvodi/#respond Wed, 05 Jul 2023 11:16:07 +0000 https://kurir.mk/?p=852986

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни. Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна. -Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив, рече Лога. Според него, Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови и дека дури и има непочитување и Уставниот суд. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека поранешна министерка за правда реагираше дека е неуставно упатството што тој го потпишал а се однесува на внесување на етничката припадност во изводот во матична книга, рече дека таа (Рената Дескоска ) не е компетентна да го кажува тоа, бидејќи „ги избегнала уставните измени и сама, како што рече, се номинирала за член на Венецијанската комисија. Лога не одговори и на прашањето кои држави во изводот има графа за етничка припадност, туку кажа контра прашање и тоа : во кои европски земји во Уставот стои „јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“. На денешната седница на Уставниот суд беше иницијативата на Павле Трајанов за една изборна единица, две иницијативи поврзани за бугарските клубови, иницијативата налидерот на Левица Димитар Апасиев за одлучување од страна на Џафери и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ke-povede-postapka-donesena-vremena-merka-za-neizdavane-na-novite-izvodi/feed/ 0