упис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 13:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png упис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од утре онлајн-аплицирање за упис во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/#respond Fri, 09 Jun 2023 13:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=844073

За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање. -Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk Упатството за логирање / најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање / најава, соопштува МОН. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023, во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 гнајдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици. Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 на интернет- страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Учениците одат на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=688588

За околу 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со КОВИД-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК. Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март 2020 поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата за заразни болести оваа мерка за нив веќе не беше задолжителна. Новина во учебната 2021/2022 беше Концепцијата за основно образование која почна да се применува во прво и четврто одделение. Во наредната 2022/2023 година таа ќе продолжи да се воведува во второ и петто одделение за што Бирото за развој на образованието изработи нови наставни програми. Планот на МОН е етапно да биде воведена во сите одделенија и за пет години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано. Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата. Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште. Речиси 16 илјади матуранти, пак, в понеделник, 13 јуни, ќе го полагаат вториот дел од државната матура – изборниот екстерен испит од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски јазик, Француски јазик, Руски јазик, Филозофија или Естетика. Првиот екстерен испит – задолжителниот Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски) матурантите го полагаа во саботата. Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите од двата испита најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога екстерните испити ќе се полагаат на 10 и на 12 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-zapishuvanje-vo-sredno-obrazovanie-za-uchebnata-2022-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-zapishuvanje-vo-sredno-obrazovanie-za-uchebnata-2022-2023-godina/#respond Thu, 31 Mar 2022 08:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=656117

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година. Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот. Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15 јуни 2022, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022, а третото пријавување на 28 јуни 2022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-zapishuvanje-vo-sredno-obrazovanie-za-uchebnata-2022-2023-godina/feed/ 0
Почнува запишувањето во средните училишта, слободни 30.053 места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-slobodni-30-053-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-slobodni-30-053-mesta/#respond Mon, 14 Jun 2021 05:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=522985

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска и ќе трае во наредните три дена. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата.  Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата на 21 јуни 2021 година и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување овој месец е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, односно на 23 август 2021. Од вкупниот број слободни места во прва година средно, 19 602 се во стручно образование во 604 паралалеки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 места во 35 паралелки се за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и за математичко-информатичка гимназија. Во фокусот на МОН годинава е средното стручно образование и затоа пролетта организираше кампања „Учи паметно, работи стручно“ во општините низ земјава, во соработка со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта, за да се утврди кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување. Целта на проектот беше да се креира уписна политика која им одговара на сите, а најмногу ќе придонесе за намалување на младинската невработеност и за развој на економијата во државата. Со  годинашниот Конкурс, отворени се 97 дуални паралелки (во 46 средни училишта во 25 општини), кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование и зголемен обем на практична обука за 2001 ученик. Од нив, 11 паралелки се од веќе постојните програми, а 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразиле подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место. За да се мотовираат учениците да се запишат во средно стручно образование, воведени се и стипендии во текот на деветте месеци од идната учебна година: две илјади стипендии во вредност од 3.500 денари за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка или во тригодишно стручно образование, а 200 стипендии од 2.200 денари ќе им бидат доделени на ученици запишани во прва година во дефицитарните струки, како електротехничката, машинската, угостителско-туристичката, градежно-геодетската, земјоделско-ветеринарната и текстилно-кожарската струка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-slobodni-30-053-mesta/feed/ 0
На 14 јуни започнува уписот во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-14-juni-zapochnuva-upisot-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-14-juni-zapochnuva-upisot-vo-srednite-uchilishta/#respond Mon, 31 May 2021 11:22:44 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517199

За упис во средно образование наредниот месец ќе има три пријавувања, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, поточно на 23 август, за што ќе достават доказна документација. Конкурсот за упис во прва година во учебната 2021/2022 година, кој беше објавен на крајот на март, предвидува во 109 средни училишта вкупно 30 053 слободни места во 913 паралелки. Од нив, 19 602 во стручно образование во 604 паралелки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија. Фокусот е ставен на стручното образование за кое МОН со поддршка од проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@мк) и Швајцарската агенција за развој и соработка ја спроведе кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за да се утврдат потребите од занимања/струки на пазарот на трудот и во консултации со училиштата, локалните самоуправи и компаниите да се договори уписната политика и да се отворат паралелки за одредени профили во секоја од општините. -Идните средношколци имаат доволно време да размислат каде ќе продолжат да се образуваат. Препораката на Министерството за образование и наука е одлуката да се носи исклучиво согласно личните убедувања и афинитети на учениците, но предвид секогаш да се имаат и информациите за тоа каков кадар е потребен во стопанството, а согласно кои средното стручно образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, информираше денеска МОН. Министерството соопшти дека низ дијалог во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ се оформени 97 паралелки во 46 средни училишта во 25 општини, кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование. Тоа е интересен за младите, наведува МОН, затоа што се фокусира повеќе на практична обука на работно место, наместо на изучување теорија во училница. – Во меѓувреме, МОН креираше целосно нова политика на стипендирање на средношколците,така што за новата учебна година се предвидени 2000 стипендии во вредност од 3.500 денари месечно за девет месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка или во тригодишно стручно образование. Двесте стипендии во износ од 2.200 денари месечно за девет месеци во годината ќе им бидат доделени на ученици запишани во прва година во дефицитарните струки, како електротехничката, машинската, угостителско-туристичката, градежно-геодетската, земјоделско-ветеринарната и текстилно-кожарската струка. Ова е одличен мотив за учениците додека се едуцираат, истовремено и да остваруваат дополнителен приход, посочува Министерство за образование и наука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-14-juni-zapochnuva-upisot-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Започнува уписот на првачиња во Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-upisot-na-prvachinja-vo-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-upisot-na-prvachinja-vo-karposh/#respond Mon, 03 May 2021 08:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=504809

Започнува уписот на деца во прво одделение, во сите десет основни училишта, за учебната 2021/2022 година. Во општина Карпош, запишувањето на новите ученици ќе се одвива во две фази: Доставување на потребни документи до училиштето, по електронски пат на gov.mk или директно до Комисијата за упис на деца во I одделение (составено од секое основно училиште); Средба (разговор) со детето, на закажан термин во согласност со Протоколот за упис на ученици. Од оваа година, доставувањето на документи може да се прави и по електронски пат, со цел да се намали метежот по образовните установи, но и да се избегне групирање и ширење на вирусот КОВИД – 19. Физичкото присуство останува како задолжително за да се спроведе интервјуто со ученикот кој се запишува. Сепак, генерално, ако дозволуваат временските услови, овие разговори ќе се спроведуваат во отворените еко – училници на сите училишта. Апелираме до сите чинители во процесот (наставници, деца, родители, административно – технички кадар) на зголемена претпазливост при работењето и грижа за заштита на јавното здравје. Општина Карпош посакува успешен упис и нов почеток за нашите најмлади жители, како и за нивните родители и наставен кадар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-upisot-na-prvachinja-vo-karposh/feed/ 0
Јавен повик за полагање приемен испит за упис во Математичко-информатичката гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-polaganje-priemen-ispit-za-upis-vo-matematichko-informatichkata-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-polaganje-priemen-ispit-za-upis-vo-matematichko-informatichkata-gimnazija/#respond Thu, 01 Apr 2021 16:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=490949

Министерството за образование и наука објави повик за полагање приемен испит на ученици заинтересирани да се запишат во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во учебната 2021/2022 година. Учениците што ќе се запишат ќе бидат втора генерација во МИГ, новото државно средно училиште кое беше отворено во оваа учебна година. Според Конкурсот за запишување ученици во прва година средно образование, кој МОН го објави вчера, за МИГ се предвидени слободни места за 68 ученици во две паралелки, по една на македонски и на албански наставен јазик. Приемниот испит ќе се полага во просториите на СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје и ќе опфати две тестирања – по предметот математика на 2 јуни и по физика на 4 јуни 2021. Тестовите што ќе се полагаат се во согласност со наставните програми по математика од VI до IX одделение и по физика за VIII и IX одделение. Во МИГ се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, стекнале општ успех од најмалку 4.5 од шесто до деветто одделение и оценка 5 по наставните предмети математика – од шесто до деветто одделение, и физика – од осмо и деветто одделение, и имаат доставено потврда со бројот на освоени бодови од приемниот испит. Во објавениот повик на веб-страницата на МОН е достапно и Писмо на интерес за полагање на приемниот испит, кое заинтересираните ученици треба да го пратат најдоцна до 31 мај 2021, на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со наслов „За јавен повик за полагање приемен испит за запишување во Математичко-информатичката гимназија“ и електронски на е-адресата: [email protected]. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-polaganje-priemen-ispit-za-upis-vo-matematichko-informatichkata-gimnazija/feed/ 0
Почнува пријавувањето за упис на Скопскиот универзитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/#respond Mon, 31 Aug 2020 05:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=397019

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се спроведува пријавување за упис во прва година во студиската 2020/2021 година. Според  Конкурсот за прв циклус студии кој УКИМ го објави пред два месеца, на 23-те факултети во негов состав се слободни вкупно 10 798 места за идни студенти. Од нив, 5300 места се за студии во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4438 се за кофинансирање на студиите и 1060 слободни места има за вонредни студенти. Надоместот за студии за редовни студенти останува како и во изминатите години 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра. Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг-листа на 7 септември, а  запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и 11 септември. Поради пандемијата со КОВИД-19, оваа година, првпат од воведувањето во 2007, не се организираше државна матура. Матурантите добија диплома за завршено средно образование која ќе има важност на диплома за државна матура, училишна матура или завршен испит. Во Конкурсот на УКИМ се наведени условите и критериумите за упис и начинот на бодирање за селекција на матурантите кои ќе бидат примени на факултетите, како и информации за потребните документи. Вториот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 15 и 16 септември, а третиот  е на 28 септември на факултетите на кои ќе останат места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/feed/ 0
Прв уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/#respond Thu, 27 Aug 2020 08:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=395959

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го реализира првиот уписен рок за студенти бруцоши. За студирање во прва година на сите универзитетски единици огласени се 2 697 слободни места, а од нив 1 450 се за редовни студенти кои ќе студираат во рамки на државната квота, 790 места се за категоријата редовни студенти со школарина во студиите, а 457 места се за вонредни студенти. Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис. Во новата академска година, во прва година на Економскиот факултет во Прилеп ќе може да студираат 248 студенти, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, исто така членка на УКЛО, има можност за студирање на 75 студенти, а Факултетот за безбедност во Скопје може да запише 350 студенти. Денеска, во понеделник и во вторник пријави за студирање во прва година ќе се примаат и на Правен факултет, каде може да се запишат 220 студенти во трите категории за студирање, на Факултетот за биотехнички науки има 150 места, Ветеринарен факултет објави 45 слободни места, Педагошки факултет објави 215, додека Високата медицинска школа во новата академска година може да запише 280 студенти бруцоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/feed/ 0
Ранг-листите со запишани ученици во средно ќе бидат објавени денеска по 15 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rang-listite-so-zapishani-uchenici-vo-sredno-kje-bidat-objaveni-deneska-po-15-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rang-listite-so-zapishani-uchenici-vo-sredno-kje-bidat-objaveni-deneska-po-15-chasot/#respond Fri, 19 Jun 2020 05:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=359669

Ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната  2020/2021 година училиштата ќе ги објават  денеска по 15 часот. Пријавувањето беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот,  а во некои училишта пријавување има и денеска од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, организираа пријавување само во вторникот и средата (16 и 17 јуни). За прием на ученици во прва година средно образование треба да бидат исполнети условите наведени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби. Уписот беше организиран и спроведен согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести. Според протоколот, документите се поднесуваа по азбучен ред на презимето, според распоредите кои училиштата ги објавија во петокот и по интерено одреден временски период. Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот. Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. За учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили), пак, ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште. Како што вчера соопшти МОН, конечните ранг-листи со резултатите од квалификациското тестирање ќе бидат објавени истиот ден, 22 јуни 2020. Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rang-listite-so-zapishani-uchenici-vo-sredno-kje-bidat-objaveni-deneska-po-15-chasot/feed/ 0