уписи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 05:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уписи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshi-na-23-te-fakulteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshi-na-23-te-fakulteti/#respond Wed, 30 Aug 2023 05:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=872259

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/ Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма. Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет - 775, Медицинскиот - 760, Економскиот факултет - 700, Машинскиот - 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ - 570... Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии. -Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска. Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ. Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshi-na-23-te-fakulteti/feed/ 0
Почнаа уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-upisite-na-univerzitetot-gotse-delchev-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-upisite-na-univerzitetot-gotse-delchev-shtip/#respond Mon, 21 Aug 2023 10:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=869083

Почнаа уписите на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип информираше на прес-конференција проректорот за настава Мишко Џидров. Посочи дека најголемиот интерес за студирање и оваа година е на Факултетот за медицински науки, насока Општа медицина. Посочи дека од денеска, па до 24 август, студентите и официјално може да ги донесат документите во некои од центрите на УГД во Скопје, Штип, Струмица, Кавадарци и Гевгелија. Тоа може да го сторат во најблискиот центар, без разлика на тоа во кој град ќе студираат. -Сите кандидати коишто се заинтересирани ќе може да влезат во нашиот систем за пријавување на УГД, да направат профил, да ги внесат своите основни податоци, своите оцени од средното образование и нивниот успех и потоа во текот на овие четири дена може да ни ги достават документите во еден од центрите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Конкурсот беше објавен во текот на јули, во истиот период беше отворен и нашиот систем и сите кандидати кои го завршиле првиот дел, ги повикувам во овој период да ги достават документите во еден од нашите центри, вели Џидров. Тој истакна дека на најдобрите студентите, кои ќе се запишат во прва година, овозможено има ослободување од партиципација, и тоа секој факултет има определена бројка студенти кои ќе ги стипендира. Филолошкиот факултет, пак, се издвојува со тоа што ги стипендира сите студенти на програмата за Македонски јазик и книжевност, Германски и Турски јазик, како и по 20 најдобри студенти на Англиски и Италијански. -По 20 на Земјоделски факултет, Факултет за природни и технички науки, Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултет за туризам и бизнис логистика, по 10 на Електротехнички факултет, Машински факултет, Техничко-технолошки факултет, Факултетот за информатика има ослободување на прворангираните 30 студенти, Факултетот за образовни науки на 10, Музичка академија на 10 и Филмска и Ликовна академија со по пет прворангирани кандидати коишто ќе се пријават во првиот уписен рок, рече Џидров. Проректорот за настава на УГД-Штип, Џидров додаде дека е активна и Програмата на англиски јазик, а Џидров вели дека е актуелна и за студентите. Очекуваат годинава бројот на студенти на оваа програма да биде поголем. -Од минатата година видовме дека има интерес за студирање од најразлични земји од Европа, имаше од Германија, Шведска, Америка, коишто се запишаа на студиската програма на Англиски јазик, така што претпоставувам дека во наредниот период ќе се измеша таа процентуална застапеност на турски студенти, вели Џидров. Тој на прес-конференцијата информираше дека во моментов актуелни се и конкурсите за префрлување од други универзитети, како и за уписи на втор и трет циклус на студии. За прв циклус вториот уписен рок ќе биде на 6 и 7 септември, а третиот на 18 и 19 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-upisite-na-univerzitetot-gotse-delchev-shtip/feed/ 0
Универзитетот за туризам и менаџмент ве очекува! https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/#respond Wed, 31 Aug 2022 15:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=726846

Уписите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се отворени. Тим составен од професори и студенти секој ден ги пречекува заинтресираните идни академски граѓани пред самиот Универзитет, со одговор на сите прашања поврзани со уписите на некоја од студиските програми на Универзитетот. Универзитетот нуди можност за додипломски и магистерски студии на пет факултета, но и можност за допонително дооформување на образованието до 240 ЕКТС (завршување четврта година). Првата година на додипломските студии чини само 699 евра. Уписите за сите видови студии се во тек. Тие што ќе одлучат да се запишат на прв циклус студии на некој од факултетите на Универзитетот, по четиригодишно студирање, ќе може да се стекнат со едно од следните звања: Дипломиран менаџер во туризмот Дипломиран економист: финансии, банкарство и осигурување Дипломиран економист: менаџмент на човечки ресурси Дипломиран економист: меѓународен маркетинг менаџмент Дипломиран инженер по информатика: софтверско инженерство Студентите со завршен прв циклус студии, може да го продолжат своето образование на магистерските студии на Универзитетот и да се стекнат со некое од следните звања: Магистер по туризам Магистер по економија, насока: финансии Магистер по економија, насока: менаџмент на човечки ресурси Магистер по економија, насока: меѓународен маркетинг менаџмент Магистер по информатика: софтверско инженерство Тимот на Универзитетот ве очекува да ви помогне да го направите вистинскиот избор на еден од неговите пет факултети!]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-ve-ochekuva/feed/ 0
Уписи на УКИМ: Четири факултети имаат по над илјада слободни места за бруцоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/#respond Tue, 23 Aug 2022 05:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=722384

Од 23-те факултети кои се во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, четири нудат по над илјада слободни места за студенти кои би се запишале во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10 918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година. ПМФ има најмногу слободни места (1275), нуди 28 студиски програми на кои може да се запишат бруцоши – 655 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти. -Најголем интерес во последните неколку години постои за студиите по биологија, посебно за студиските програми Биохемија и физиологија и Молекуларна биологија со генетика. Постои растечки тренд и во бројот на студенти кои се одлучуваат да студираат хемија на студиската програма Применета хемија – аналитичка биохемија, изјави за МИА проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ. Од оваа учебна година на студиите по биологија се нуди нова студиската програма по Екологија и животна средина (тригодишни студии). Минатата учебна (2021/2022) година започна со реализација студиската програма Менаџмент и заштита на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија. -Голем дел од студиските програми кои беа акредитирани во 2016 и 2017 година поминаа низ процес на реакредитација, па и покрај тоа што тие ги задржаа своите називи, нивните наставни програми и планови се освежени и модернизирани, додава деканот на Природно-математичкиот факултет. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ може да прими 1125 студенти во прва година на 22 студиски програми – 555 редовни во државна квота, 430 редовни со школарина и 140 вонредни. Студиските програми на Филолошкиот факултет опфаќаат области од македонскиот јазик, македонската книжевност и култура, општа и компаративна книжевност, преведување и толкување, други национални јазици, како и петнаесетина странски јазици. -Нови програми, како и постојните, но редизајнирани ќе нудиме следната година со новата акредитација, вели деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска. За МИА изјави дека континуирано најголем интерес има за програмата Англиски јазик и книжевност, потоа следуваат Преведување и толкување, и Германски јазик и книжевност. За студиската програма Македонски јазик има 80 слободни места, бројот е ист и оваа година како и на ланскиот конкурс, но, вели проф. Дучевска, не се пополнуваат сите слободни места. -Минатата година забележавме поголем интерес од претходните неколку години, кога имавме значително намален интерес. Очекуваме да се одржи, или да се зголеми, минатогодишната тенденција, додаде деканката на Филолошкиот факултет. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој од основањето пред 11 години секоја година е сѐ поатрактивен за младите, располага со 1080 места (550 за редовни во државната квота и 530 редовни кои ќе плаќаат школарина) во седум студиски програми. Деканот, проф. д-р Иван Чорбев за МИА вели дека поради големиот интерес за упис на ФИНКИ, речиси сите места кои се обезбедени во квотата, се пополнуваат при уписот, на сите понудени насоки. -Интересот за упис генерално е отсликан во самите квоти кои ни се обезбедени поединечно по студиските програми. Согласно законот, 60 проценти од предметите се задолжителни на студиските програми, додека 40 отсто се изборни. Поголем дел од задолжителните предмети се заеднички за сите студиски програми, па изборот на конкретна програма при упис не е критичен. Заради големиот процент на изборност и високиот број изборни предмети кои ги нудиме, благодарение на поголемиот број вработени професори, студентите може да изберат супспецијалност и фокус со внимателно избирање изборни предмети соодветни на нивните желби, интереси и капацитети. Бројни се можностите за вработување по дипломирање од која било наша студиска програма и секоја нуди своја специфичност за која има интерес и кај матурантите, и кај работодавачите, истакнува деканот на ФИНКИ. Во однос на новините од оваа академска година, Факултетот работи на враќање во поголем обем на настава со физичко присуство, но и задржување на некои од бенефициите на хибридната настава со онлајн-интеракции. -Со оглед на зголеменото физичко присуство, од оваа година ФИНКИ планира значително унапредување на соработката со индустријата што ќе им овозможи на идните студенти уште попрактични знаења и вештини и со тоа и сигурно работно место и конкурентни плати, како и досега. Исто така, ФИНКИ континуирано работи на зголемување на сопствените капацитети за научно-истражувачка дејност во насока на зголемување на квалитетот на постдипломските и докторските студии, додава проф. д-р Чорбев. Според Конкурсот на УКИМ, Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди 1055 места во пет студиски програми – 440 места за редовни во државната квота, 560 за редовни со школарина и 25 места за вонредни студенти. Од вкупниот број слободни на овој факултет, 725 се за програмата Правни студии. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, за МИА изјави дека во тек е реформирање на повеќе студиски програми на студиите во пресрет на нивната реакредитација наредната година. За студиската програма Правни студии, за која има најмногу слободни места, минатата година имало зголемен интерес од претходната. За студиите за Новинарство, пак, за кои според Конкурсот се предвидени 70 слободни места, Георгиевски вели дека во изминатите години, како и на другите студии, квотата не се пополнува. Според Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти. Пријавувањето на кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе биде на 30 и 31 август во првиот рок, иако на факултетите е веќе отворен системот за електронско аплицирање пред официјалните датуми. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. Оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување е на 25 и 26 август во првиот рок, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/feed/ 0
За утрешниот втор уписен рок, во гимназиите во Дебарско слободни места на претек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/#respond Sun, 21 Aug 2022 20:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=721807

Во трите гимназии, колку што функционираат во Дебарско, за утрешното, второ пријавување за упис во прва година, слободни се 338 ученички места, откако во трите пријавувања од првиот, јунски, уписен рок, се запишале само 70 ученици или 17,1 отсто од предвидените 408 со Конкурсот на министерството за образование и наука. Во дебарската гимназија „28 ноември“, во прва година, предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто. Запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик. -Врз основа на конкурсот на МОН, можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелки, од кои три, со 102 ученика, за настава на македонски и пет, со 170 ученици на албански наставен јазик, велат од управата на училиштето. И во двете останати гимназии слободни места има многу. Во гимназијата “АТА” во Центар Жупа планираната бројка за упис е 68 односно по 34 ученици на македонски и турски наставен јазик. Пополнети се само 18 ученички места од нив 17 за настава на турски и само едно на македонски наставен јазик. Од предвидените 68 ученички места, во две паралелки на македонски наставен јазик, во гимназијата ” Маврово-Ростуше” во Ростуше пополнети се само 15. Пријавувањето, кое е по електронски пат, ќе се врши во текот на утрешниот ден до 24 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/feed/ 0
Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-ovaa-godina-kje-moze-da-se-zapishuvaat-elektronski-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-ovaa-godina-kje-moze-da-se-zapishuvaat-elektronski-vo-srednite-uchilishta/#respond Wed, 06 Apr 2022 10:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=659157

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија. Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња. Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири, ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес. -Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќир и. Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата. Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски. -Поддршката во овие реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј. Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието. -Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска. Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто. Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-ovaa-godina-kje-moze-da-se-zapishuvaat-elektronski-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-kje-prezentira-nova-digitalna-usluga-elektronski-upisi-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-kje-prezentira-nova-digitalna-usluga-elektronski-upisi-vo-srednite-uchilishta/#respond Wed, 06 Apr 2022 05:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=658949

Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе ја претстави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на настанот ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-kje-prezentira-nova-digitalna-usluga-elektronski-upisi-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Уписи на факултетите на Скопскиот универзитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-fakultetite-na-skopskiot-univerzitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-fakultetite-na-skopskiot-univerzitet/#respond Tue, 31 Aug 2021 05:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=556951

За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. За оние кои се рангираа според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења, пријавувањето беше на 26 и 27 август. Вкупно 10 678 места се слободни во прва година додипломски студии на факултетите на Скопскиот уиверзитетот во учебната 2021/2022 година. Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра. Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура и за критериумите и потребните документи за упис. Вториот рок за пријавување на кандидатите за запишување на УКИМ е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-fakultetite-na-skopskiot-univerzitet/feed/ 0
Почнува уписот на УКИМ, слободни над 10 600 места за идни студенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-10-600-mesta-za-idni-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-10-600-mesta-za-idni-studenti/#respond Thu, 26 Aug 2021 05:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=555069

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е денеска и утре (26 и 27 август 2021). Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021. Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра. Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура, критериумите за упис и за потребните документи за пријавување и запишување на кандидатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-10-600-mesta-za-idni-studenti/feed/ 0
Во понеделник почнува уписот во средно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-pochnuva-upisot-vo-sredno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-pochnuva-upisot-vo-sredno-obrazovanie/#respond Sat, 12 Jun 2021 12:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=522421

Од понеделник почнува запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно изготвен распоред од страна на училиштето.  Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата на 21 јуни 2021 година и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување овој месец е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, односно на 23 август 2021. Од вкупниот број слободни места во прва година средно, 19 602 се во стручно образование во 604 паралалеки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 места во 35 паралелки се за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и за математичко-информатичка гимназија. Во фокусот на МОН годинава е средното стручно образование и пролетта организираше кампања „Учи паметно, работи стручно“ во општините низ земјава, во соработка со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта, за да се утврди кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување. Целта на проектот беше да се креира уписна политика која им одговара на сите, а најмногу ќе придонесе за намалување на младинската невработеност и за развој на економијата во државата. Со  годинашниот Конкурс, отворени се 97 дуални паралелки (во 46 средни училишта во 25 општини), кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование и зголемен обем на практична обука за 2001 ученик. Од нив, 11 паралелки се од веќе постојните програми, а 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразиле подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место. За да се мотовираат учениците да се запишат во средно стручно образование, воведени се и стипендии во текот на деветте месеци од идната учебна година: две илјади стипендии во вредност од 3.500 денари за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка или во тригодишно стручно образование, а 200 стипендии од 2.200 денари ќе им бидат доделени на ученици запишани во прва година во дефицитарните струки, како електротехничката, машинската, угостителско-туристичката, градежно-геодетската, земјоделско-ветеринарната и текстилно-кожарската струка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-pochnuva-upisot-vo-sredno-obrazovanie/feed/ 0