употреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 15:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png употреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Столтенберг: Ако Русија искористи нуклеарно оружје значи дека се преминува важна граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ako-rusija-iskoristi-nuklearno-oruzje-znachi-deka-se-preminuva-vazna-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ako-rusija-iskoristi-nuklearno-oruzje-znachi-deka-se-preminuva-vazna-granica/#respond Thu, 13 Oct 2022 15:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=744935

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека употреба на било каков вид на нуклеарно оружје од страна на Русија ќе предизвика сериозни последици, но не можеше да даде детали, јави дописничката на МИА од Брисел. Руските заплашувања со нуклеарно оружје ќе ја променат природата на војната во Украина, се согласија денеска сите земји членки на НАТО. -Ако Русија употреби нуклеарно оружје против Украина тоа ќе има многу сериозни последици, и ова е нешто што Русија го знае, сојузниците и го соопштија тоа на Русија на разни начини, и нема да навлегувам каков точно ќе биде нашиот одговор, но ќе ја промени природата на конфликтот, тоа ќе значи дека е премината многу важна граница, дури и ако е мало нуклеарно оружје, природата на конфликтот ќе биде изменет, Русија знае дека ќе има последици, ова денеска на прес конференција во Брисел го соопшти генералниот секретар на НАТО. Тој повеќе пати повтори дека Северноатлантската алијанса е само одбранбен сојуз и дека нејзината цел е да спречи употреба на нуклеарно оружје, и да ги заштити нејзините членови. Тоа значи дека и најмал напад на земја членка ќе го активира членот пет на НАТО за колективна одбрана. -Еден за сите, сите за еден, рече Столтенберг. Во случајот на Украина генералниот секретар меѓутоа остана јасен дека во оваа војна НАТО само пружа поддршка, но не е дел од конфликтот. Тоа нема да ги спречи земјите членки да продолжат да и помагаат на Украина економски, хуманитарно и со оружје. Шпанија на министерскиот состанок за одбрана овие два дена најавила исто така дека ќе испраќа дополнителна вооружена помош за да се зајакне противвоздушната одбрана на Киев во момент кога Москва ги засилува нападите врз украинските градови и таргетира цивили и критична инфраструктура. Запрашан за коментар по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата од евентуален дијалог со Русија и дали со ова Франција го поткопува НАТО, Јенс Столтенберг кусо одговори дека “темелната цел на НАТО е нуклеарно спречување и спречување на агресија“ и дека ризикот од напад е многу далечен. На состанокот на министрите за одбрана се одржа дискусија за потребата да се наполнат залихите на оружје на земјите членки, кои полека се празнат поради војната во Украина, и донесена е заложба за соработка со воената индустрија за зголемување на производството на потребно оружје. Министрите се осврнале и на ситуацијата на Западен Балкан, посебно во Босна и Херцеговина и Косово. Во однос на Босна и Херцеговина НАТО изрази надеж дека мисијата Алтеа во БиХ ќе добие продолжување на својот мандат од страна на Обединетите Нации. Што се однесува до Косово, генералниот секретар укажа на заострувањето на реториката и од српска и од косовска страна и побара од сите да се воздржат. За НАТО најдобро и единствено решение за Србија и Косово е дијалогот под водство на ЕУ. Ова е кажано денеска на седница на министрите со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ako-rusija-iskoristi-nuklearno-oruzje-znachi-deka-se-preminuva-vazna-granica/feed/ 0
Девет начини на кои можете да го искористите кокосовото млеко https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devet-nachini-na-koi-mozete-da-go-iskoristite-kokosovoto-mleko/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devet-nachini-na-koi-mozete-da-go-iskoristite-kokosovoto-mleko/#respond Sun, 18 Jul 2021 13:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=538307

Кокосовото млеко е состојка што многумина ја користат за да додадат малку егзотични и малку слатки ноти во коктел. Особено добро оди во коктели рум кои содржат и лимета или сок од лимон. Ако веќе не сте набавиле, набавете си кокосово млеко и испробајте го на безброј различни начини. 1. За кари Можеби најкласичната употреба на кокосово млеко во готвењето е да се направи кари - но исто така оди добро со миризливи чорби од риба, месо или зеленчук. 2. Супи Можете да вклучите кокосово млеко како една од течните состојки кога правите супа. Можете исто така да додадете кокосово млеко или кокосов крем на самиот крај на подготовката, за да ја завршите супата и да додадете повеќе кремасност во неа. Во супите од брокула, морков или тиквички, кокосовото млеко оди најдобро. 3. Смути Едноставно изматете го кокосовото млеко во мешалка со свежо овошје. Особено добро оди со тропско овошје како манго и ананас, но исто така и бобинки или праски во сезоната. Доколку е потребно, додадете мед или некој друг засладувач, цеден сок од липа или лимон и малку мраз. 4. Заменете го со кравјо млеко Кокосовото млеко генерално е одлична замена за млечните производи ако сте чувствителни на лактоза, ако сакате да пробате некој вегански рецепт или едноставно сакате промена. Кокосовото млеко можете да го замените со шест проценти маснотии во повеќето рецепти за кои е потребно полномасно млеко. Но, бидете внимателни бидејќи тоа исто така ќе го внесе вкусот на кокосот во садот. 5. Шлаг од кокос Ова е одличен прелив за палачинки и колачи. Сè што ви треба е да ставите конзерва кокосово млеко наопаку во фрижидер преку ноќ, а потоа внимателно извадете го густиот крем што е зацврстен одозгора на ладените чинии. Додадете малку шеќер и енергично матете со жица за матење додека не се формираат цврсти врвови. 6. Сладолед Можете да направите инстант сладолед со ставање на две зрели, замрзнати банани, 200 грама замрзнати диви бобинки и 120 милилитри кокосово млеко во блендер. За една минута ќе добиете сладолед со мека текстура во кој ќе уживате по вечерата. 7. Коктели Кокосовото млеко е состојка што многумина ја користат за да додадат малку егзотични и малку слатки ноти во коктел. Особено добро делува во рум коктели кои содржат лимета или сок од лимон. 8. Лате од кокос Дали знаевте дека вкусовите на кафе и кокос одат одлично заедно? Можете да направите неверојатно кафе од кокос-лате мешајќи 480 ml (2 чаши) свежо сварено топло кафе со 80 ml (1/3 чаша) цело кокосово млеко или крем од кокос. Добро е да користите блендер ако имате (внимавајте на топлото кафе) бидејќи тоа ќе ви даде убав слој пена на врвот на кафето. 9. Производи за убавина Кокосово млеко може да се користи и во домашна козметика. Направете маска што ја храни сувата коса и го стимулира нејзиниот раст: измешајте 2 лажици кокосово млеко и 1 лажичка мед. Нанесете на сува, неизмиена коса, оставете да делува еден час, а потоа исплакнете, шампонирајте ја косата и исплакнете повторно. Повторете го овој третман еднаш месечно. Можете да додадете кокосово млеко во бањата кога ќе се бањате, тоа ќе делува како одличен навлажнувачки крем. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devet-nachini-na-koi-mozete-da-go-iskoristite-kokosovoto-mleko/feed/ 0
Во употреба пуштена уште една улица во општина Петровец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-upotreba-pushtena-ushte-edna-ulica-vo-opshtina-petrovec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-upotreba-pushtena-ushte-edna-ulica-vo-opshtina-petrovec/#respond Thu, 01 Jul 2021 15:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=530675

Во општина Петровец денеска свечено во употреба беше пуштена уште една улица. Имено, улицата со сечење на лента во употреба беше пуштена од страна на градоначалникот на општината Борче Митевски, директорот на ЈКП ,,Петровец,, Андрејчо Гроздановска, дел од советниците од Советот на Општина Петровец како и дел од жителите на ул. 2. -Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорот на ЈКП ,,Петровец,, Андрејчо Гроздановска, дел од советниците од Советот на Општина Петровец како и дел од жителите на ул. 2 , свечено со сечење лента ја пуштија во употреба улица ,, 2 ,, во населено место Ржаничино која е целосно асфалтирана. Улицата е во должина од 900 метри. Финансиските средства за изградба и асфалтирање на улицата се во износ од 4.200.000,00 денари, средства во целост обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Жителите кои присуствуваа на оваа свеченост,изразија голема благодарност до градоначалникот Митевски за остварувањето на предизборното ветување за асфалтирање на ул.2 во целост. Градежните активности поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во летниот период , во сите населени места каде тоа е потребно, пишува во објавата на својот Фејсбук профил Митевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-upotreba-pushtena-ushte-edna-ulica-vo-opshtina-petrovec/feed/ 0
Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ побараа дозвола за итна употреба на вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/#respond Fri, 05 Feb 2021 06:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=464449

Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ побара од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) да ја одобри за итна употреба нејзината вакцина од една доза. Барањето на компанијата следува по извештајот од 29 јануари, во кој се вели дека глобалното клиничко тестирање покажало оти ефективноста на оваа вакцина во спречување на заразата со коронавирусот е 66 проценти. Вакцината која се дава во една доза може да ја забрза испораката и да ја поедностави кампањата за имунизација во САД. За разлика од вакцините на Фајзер и Модерна, кои се даваат во две дози, вакцината на Џонсон и Џонсон не бара втора доза или транспорт на ниски температури. По барањето на компанијата за регистрација на вакцини, на регулаторите ќе им треба време да ги анализираат податоците и состанок на советодавниот комитет. САД имаат договор за купување на 100 милиони дози од оваа вакцина за милијарда долари, со можност за набавка на уште 200 милиони дози. Компанијата „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека е подготвена да достави вакцини веднаш по одобрувањето и планира да испорача една милијарда дози во 2021 година, кои би се произвеле во САД, Европа, Јужна Африка и Индија. Вакцината користи аденовирус тип 26 за да инјектира коронавирусни протеини во клетките на телото и да предизвика имунолошки одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/feed/ 0
САД и ЕУ со осуда за употребата на сила на протестите во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/#respond Sun, 24 Jan 2021 09:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=459093

САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. – Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението. Стејт департментот потсетува дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. САД ги повикаа руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на нивните универзални права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Исто така, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради „масовните апсења и употребата на прекумерна сила“. – Во понеделник ќе разговараме со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори, напиша Борел на Твитер. ЕУ побара Навални веднаш да биде ослободен. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки. И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување на Навални и „целосно и безусловно почитување на неговите права“, изразувајќи „сериозна загриженост“ на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/feed/ 0
Само половина од оружјето во германската армија е подготвено за употреба, предупреди Асоцијација на вооружените сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/#respond Mon, 28 Dec 2020 07:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=449224

Само половина од вооружените системи на германската војска се подготвени за употреба, предупреди шефот на Асоцијацијата на вооружените сили на земјата во забелешките објавени денеска, јави ДПА. „Политичарите со право препознаа дека глобалните ризици и закани по нашата безбедност бараат Бундесверот да биде целосно опремен“, изјави шефот на здружението Андре Вуестнер за конзервативниот дневен весник „Ди Велт“. „Но, ние сме на максимум 50 проценти“, додаде Вуестнер. „Со некои системи како хеликоптери или старите авиони Торнадо е уште полошо – ситуацијата е несигурна“. Во самопроценка на почетокот на овој месец, Министерството за одбрана соопшти за оперативни во просек 74 проценти од главните системи за оружје. „Таквите извештаи ги иритираат војниците и им даваат на граѓаните погрешен впечаток“, рече Вуестнер. Тој рече дека 74 отѕсто од цитираните „се засноваат на апсурдни математички модели“ и немаат никаква врска со секојдневната реалност на воениот живот. Вустнер додаде дека мажите и жените насекаде во армијата успеале да работат околу недостигот долго време, и покрај големите напори на креаторите на политиката во текот на годините да ја подобрат ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samo-polovina-od-oruzjeto-vo-germanskata-armija-e-podgotveno-za-upotreba-predupredi-asocijacija-na-vooruzenite-sili/feed/ 0
ЕУ ја засилува употребата на плазма во лекувањето на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-zasiluva-upotrebata-na-plazma-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-zasiluva-upotrebata-na-plazma-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/#respond Fri, 31 Jul 2020 13:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=384411

Европската комисија повика повеќе од 200 служби за собирање крв низ ЕУ да аплицираат за финансирање за набавка на опрема за плазмафереза која овозможува земање плазма од донатори. Целта на оваа акција е да се соберат резерви и да се поддржи лекувањето на нови пациенти со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени лица. Лекувањето се состои од трансфузија на реконвалесцентна плазма на болни пациенти за да се зголеми имунитетот и способноста за борба против болеста. Трансфузијата на плазма се користи и за прочистување на антитела за правење третман против Ковид 19 (имуноглобулин) како краткорочна алтернатива на вакцините. – Реконвалесцентната плазма може да биде ветувачки третман за Ковид 19. Со денешното финансирање, направивме чекор понатаму во собирањето плазма и ги повикувам сите релевантни чинители да го искористат ова. Ние ќе продолжиме да ги истражуваме сите можни опции за поддршка на развојот и пристапот до безбедни и ефикасни третмани на Ковид-19 за заштита на нашите граѓани, изјави комесарката за здравство, Стела Киријакидес. Претставници на Комисијата наведуваат дека овие грантови ќе бидат достапни за јавни и невладини организации за собирање крв, овластени за собирање плазма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-zasiluva-upotrebata-na-plazma-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/feed/ 0
Царовска во Валандово пуштила во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/#respond Sat, 14 Dec 2019 14:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=277553

Без потпис од надзорот и без технички прием, локалната власт во Валандово со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пуштиле во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената која ја има и условите кои требало да овозможува градинката. Станува збор за објектот детската градинка "Калинка" во Валандово, чиј што проект за реконструкција на истата е поднесен на 22.04.2016 година. Општина Валандово е носител на овој проект од ИПА за меѓугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Грција-INTERREG,во кој учествуваат 5 партнери: Општина Валандово, Општина Серес, Општина Радовиш, Општина Лерин и CERTH-грчка државна лабораторија за испитување на хемиски и биолошки процеси. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.478.000 евра, од кои 390.000 евра се одобрени во месец април 2017 година,во време кога со општината сеуште раководи ВМРО-ДПМНЕ. Но, Реконструкцијата ДГ "Калинка" во Валандово не е изведена во согласност со проектот и предвидените позиции во проектната документација, а министерката Царовска изврши посета на објектот со цел промоција на успешно реализиран проект од локалната власт на СДСМ во општина Валандово. Дека не е извршена и изведена реконструкцијата за чија намена се дадени средства од европските фондови говорат неколку факти и тоа: -Целосно не е довршена кровната конструкција,наместо целосно да се замени парното греење со 2 нови котели на пелети и нови радијатори,старите радијатори се само префарбани и оставени се старите котели на нафта. -Не се поставени фотоволтаици на кровот кои се предвидени во проектната документација и дополнително,направени се многу отстапувања при градењето,односно реконструкцијата на објектот во однос на проектната документација со која објектот на детската градинка требаше да биде модернизирана во целосно енергетски ефикасен објект и да бидат извршени реконструкции на повеќе позиции во внатрешноста на градинката. -Објектот и дворното место се во катастрофална состојба и наместо дечињата да добијат еден нов современ простор за дневен престој,добија простор за сместување од кој нивните родители веќе почнаа да се сомневаатдека може да добијат одредени заразни болести. Царовска и општина Валандово ја пуштиле во употреба градинката најверојатно поради жестокиот притисок на родителите кои беа принудени своите деца да ги испраќаат со несоодветен превоз до градинките во другите населени места во општината. Општината со соработка со министерството не беа способни да реализираат и да ги запазат роковите дури и на обезбеден проект од претходната локална власт,па објектот го пуштија во употреба без да го завршат во целост,без да ја извршат реконструкцијата согласно проектната документација, без потпис од надзорот и без технички прием. Од галеријата на фотографии може да се увиди во каква состојба е градинката, па тука се поставува прашањето дали станува збор за злоупотреба на средства од европските фондови и дали општина Валандово ќе сноси одговорност доколку се утврди дека тоа е така? Надлежните институции треба да извршат надзор соодветно на нивните надлежности и да известат зошто се трошат европските пари за проект кој не е ни приближно оспособен од предвиденото во проектната документација, како и да утврдат дали навистина станува збор за злоупотребени средства за објект којшто не е реконструиран според превидените средства и документација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/feed/ 0
ЕУ пред договор за забрана на пластични производи за еднократна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-pred-dogovor-za-zabrana-na-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-pred-dogovor-za-zabrana-na-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/#respond Wed, 31 Oct 2018 15:16:07 +0000 https://kurir.mk/?p=121948

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за забрана на пластичните производи за еднократна употреба. Како што се наведува во соопштението од состанокот, ваквата одлука е донесена откако во прилог на забраната се изјасни и Европскиот парламент на своето заседание на 24 октомври. – Пластичниот отпад ги загадува нашите реки, нашите плажи и нашите океани. Токму затоа ние ќе ги забраниме пластичните производи за кои постои соодветна замена и ќе ги натераме производителите на пластика да платат за чистењето на пластичниот отпад, изјави австриската министерка за одржлив развој и туризам Елизабет Кестингер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. Како што јави ДПА, преговорите за забраната меѓу Европарламентот и земјите членки на ЕУ се очекува да почнат во следниве неколку дена, а конечната правна рамка би требало да биде одобрена да крајот на годината. Европската комисија во мај годинава предложи забрана на пластичните производи за еднократна употреба со непластични, како и намалување на користењето на пластични садови за чување храна. Според податоците на Еврокомисијата, повеќе од 80 проценти од отпадот во океаните отпаѓа на пластика. Европскиот парламент минатиот месец го поддржа предлогот на Комисијата за забрана на пластичните производи за еднократна употреба, надополнувајќи го со воведување обврзувачки цели за намалување на користењето на одредени предмети од пластика и со проширување на листата на производи што би требало да бидат забранети за употреба. Пластичниот отпад е главен загадувач на океаните и морињата во светот, бидејќи бавно се распаѓа. Многу често остатоци од пластика се наоѓаат и во телата на морските животни, како што се желките, рибите, китови и птици, но и во морската храна што ја конзумираат луѓето. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-pred-dogovor-za-zabrana-na-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/feed/ 0