управа за финансиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 11:53:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png управа за финансиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Управа за финансиска полиција: Невистинити се изјавите на Русковска за побараните предмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uprava-za-finansiska-policija-nevistiniti-se-izjavite-na-ruskovska-za-pobaranite-predmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uprava-za-finansiska-policija-nevistiniti-se-izjavite-na-ruskovska-za-pobaranite-predmeti/#respond Fri, 19 Aug 2022 11:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=721053

Невистинити се изјавите на обвинителката Вилма Русковска дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала, реагираат од Управата. Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција, додаваат, се бараат сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето. – Во барањето за податоци даден ни е рок за постапување од 10 дена и истиот започна да тече од 18 јули 2022 година. Седум дена по претерсот и барањето, односно на 25 јули, кога Управата за финансиска полиција излезе со соопштение во јавноста во кое информиравме за претресот и поднесени претставки поради сомнение за злоупотреби од страна на обвинителката Вилма Русовска, во 14 часот во Управата пристигна допис со кој што се бараше Управата веднаш да ги достави дотогаш прибраните предмети и списи. Управата за финансиска полиција во тој момент располагаше со обезбедени 35 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето“ и тие предмети беа веднаш доставени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, наведуваат од Управата. Во меѓувреме, како што посочуваат оттаму, постапувајќи по наведеното барањето од страна на Управата за финансиска полиција, дополнително обезбедени се уште 150 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето и за истото Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со допис е известено. – Во дописот, меѓудругото е наведено следното „ Согласно член 287 ст.2 од Законот за кривична постапка „Субјектите од ставот (1) на овој член се должни на јавниот обвинител да му достават податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи кои му се потребни во текот на постапката. Јавниот обвинител има право да бара податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи и од други правни лица и од граѓаните за кои може основано да смета дека располагаат со такви податоци или информации.“, а имајќи го предвид Извештајот од извршениот Надзор од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во кој што извештај е констатирана ненадлежност на обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска да постапуваат по конкретниот предмет РО бр.155/22, Ве молиме писмено да не известите на чие надлежно постапување, согласно одредбите од Законот за јавно обвинителство е доделен предметот РО бр.155/22, а со цел од страна на Управата за финансиска полиција на надлежниот јавен обвинител да му бидат предадени бараните податоци/ предмети и воедно со надлежниот обвинител да биде составен Записник за примопредавање на предмети.“, се наведува во соопштението од Управата. Управата за финасиска полиција, велат оттаму, е во исчекување на одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел да ги достави обезбедените податоци/предмети кои се побарани од Управата согласно Барањето за податоци РО 155/22 од 18 јули 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uprava-za-finansiska-policija-nevistiniti-se-izjavite-na-ruskovska-za-pobaranite-predmeti/feed/ 0
Русковска суспендирана додека трае постапката по поднесена кривична пријава, Муареми се повлече https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=719556

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата, а Арафат Муареми вчера се повлече од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Рускоска и Муареми претходно јавно разменија меѓусебни обвинувања откако Oбвинителството изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопштија од Јавното обвинителство. Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми, пак, вчера информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. – Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција. Од Управата, исто така, посочија дека одлуката на јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Муареми на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, откако беше извршен претрес во Финансиската полиција. По оваа најава шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Русковска ги повика сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави“. Русковска во реакцијата наведе дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласи тогаш, меѓу другото, Русковска. Таа воедно побара и европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откако е таа на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми. На повикот на Русковска реагираа Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ во Скопје. -Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, истакна американската Амбасада за Тв Телма. Упатување прашањето да го решат надлежните органи изнесе и Делегацијата на ЕУ во земјава. -Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се додава дека спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за ЕУ. -Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата. Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. На повикот на Русковска тогаш реагираше и Муареми, кој побара од неа доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не да изнесува „празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува“. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми во реакцијата. Тој на брифинг со новинари на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против трите обвинителки за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, појаснувајќи дека претставки до јавниот обвинител, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел поради начинот и незаконитоста во постапувањето на ОЈО ГОКК. Според него, ОЈО ГОКК во барањето до Судот навело дека сторил кривично дело и оти располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело, а на денот на претресот заедно со наредбата за претрес му било врачено и барање за доставување податоци за тоа колку анонимни пријави се доставени до управата почнувајќи од 2018 година до денот на давањето на одговорот. Муареми тврдеше дека претресот во Финансиската полиција бил исклучиво и со цел да му се наруши личниот углед, угледот на Управата и да се попречи неговото работење. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/feed/ 0
Муареми: Очекуваме нападите и притисоците да продолжат и во наредните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=711368

Директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми денеска се огласи преку соопштение во кои вели дека тој и вработените во Управата се свесни дека, како што рече, намерно исценираните и неосновани напади доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата. -Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција. Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред целно смислени напади и сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности, информира Муареми. Додава дека објавите во одредени медиуми дека Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против директорот на Управата се лажни и невистинити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/feed/ 0
Претрес во Управата за финансиска полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-vo-upravata-za-finansiska-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-vo-upravata-za-finansiska-policija/#respond Mon, 18 Jul 2022 13:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=707018

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми. Информацијата за МИА, ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. – Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, изјави за МИА Русковска. Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-vo-upravata-za-finansiska-policija/feed/ 0
Муареми од Управата за финансиска полиција: Постојат материјални докази за нерегуларности при кредитирањето на одредени фирми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-od-upravata-za-finansiska-policija-postojat-materijalni-dokazi-za-neregularnosti-pri-kreditiranjeto-na-odredeni-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-od-upravata-za-finansiska-policija-postojat-materijalni-dokazi-za-neregularnosti-pri-kreditiranjeto-na-odredeni-firmi/#respond Fri, 13 Nov 2020 15:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=429149

На денешната расправа во Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Љупчо Пренџов кој побара од директорот на управата за финансиска полиција да даде одговор дали во изминатите месеци биле забележани сомнителни трансакции, односно дали има одговор на прашањето зошто Еуростандард банка е затворена на 12 август, а уште на 30 јули банката имала негативен адекватен капитал. Директорот на УФП Муареми, потврди дека се расчешлуваат голем број на фирми кои биле предмет на проверки и биле партиципиенти во Еуростандард банка, и за истите ќе се води предистражна постапка. За истите се обезбедени материјални докази и понатака ќе се отвори постапка од надлежните институции. Муареми исто така додаде дека на список има уште фирми кои допрва треба да бидат разгледани и да се види дали и таму е поребна длабинска анализа на работењето, како и покренување на било каква постапка во иднина. Директорот на УФР Муареми, истакна и дека ќе се разгледаат земените кредити од голем број на фирми и ќе се согледаат сите можни сценарија околу можните нерегуларности. Доколку сомнежот се потврди, тогаш за истиот случај ќе биде известен јавен обвинител кој ќе ја води понатака постапката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-od-upravata-za-finansiska-policija-postojat-materijalni-dokazi-za-neregularnosti-pri-kreditiranjeto-na-odredeni-firmi/feed/ 0