Управа за извршување санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 19:06:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Управа за извршување санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тупанчевски: Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/#respond Wed, 18 Jan 2023 19:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=789160

Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири. -На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчевски. На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчевски тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата. Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции. -Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој. Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи. -Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда. Трета работа или сегмент, додава Тупанчевски, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан. -Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчевски.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/feed/ 0
Ковачевски: Почнат е процес за избор на нов директор на Управата за извршување санкции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pochnat-e-protses-za-izbor-na-nov-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pochnat-e-protses-za-izbor-na-nov-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/#respond Mon, 16 Jan 2023 12:34:31 +0000 https://kurir.mk/?p=787931

Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството. Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници. За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем. -Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски. За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот. – Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pochnat-e-protses-za-izbor-na-nov-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/feed/ 0
Тетовецот бил осуден до 2040 година: Затворското возило пресретнато од сиво „Ауди“, спроводот бил без полициска придружба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovetsot-bil-osuden-do-2040-godina-zatvorskoto-vozilo-presretnato-od-sivo-audi-sprovodot-bil-bez-politsiska-pridruzhba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovetsot-bil-osuden-do-2040-godina-zatvorskoto-vozilo-presretnato-od-sivo-audi-sprovodot-bil-bez-politsiska-pridruzhba/#respond Fri, 13 Jan 2023 09:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=786766

Вонредна инспекција во затворот „Идризово“ најавува Управата за извршување санкции откако доцна синоќа избега осуденик на затворска казна од 21 година. Денеска се огласија и од Управата за извршување санкции од каде официјално соопштуваат детали за настанот. -Околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка „Ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „Ауди”, се наведува во соопштението. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница. -Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан. Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година, се наведува во соопштението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovetsot-bil-osuden-do-2040-godina-zatvorskoto-vozilo-presretnato-od-sivo-audi-sprovodot-bil-bez-politsiska-pridruzhba/feed/ 0
А1он: И „Идризово“ стана небезбедно, Управата вторпат одби интервју со Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/a1on-i-idrizovo-stana-nebezbedno-upravata-vtorpat-odbi-intervju-so-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/a1on-i-idrizovo-stana-nebezbedno-upravata-vtorpat-odbi-intervju-so-boki-13/#respond Fri, 18 Feb 2022 13:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=633207

И затворот „Идрозово“ стана небезбеден откако „А1он“ по вторпат достави барање за интервју со осудениот Бојан Јовановски- Боки 13, објавува порталот. Управата за извршување санкции и директорот Марјан Спасовски, останаа на ставот да не дозволат Јовановски да се појави пред камерите на „А1он“ и да биде полиграфски тестиран, иако, законот го дозволува тоа. Па така, по скоро месец дена размислување, Управата одново се повика на единствениот член кој е можност да се одбие вакво барање и додава „не се одобрува поради безбедносни причини, кои причини не се однесуваат само на ова осудено лице, туку и на целокупната безбедносна ситуација во Казнено-поправната институција КДП Идризово“. Како и претходниот пат, така и сега, нема објаснување кој ја направил безбедносната проценка, во кој период, како и под кој архивски број во која институција е заведена, но и што стои во неа. Од А1 он прашале и за кого е небезбедно во затворот „Идризово“ и што се случува внатре за оваа казнено-поправна институција да е небезбедна. И по десет дена – молк од Управата за извршување санкции. -Сомнеж дека одбиеното барање од страна на директорот на Управата, Спасовски, не е поради безбедносната состојба туку поради други причини е и тоа што, затворот „Идризово“ секојдневно го посетуваат семејства на осудени, невладини здруженија, адвокати. Па така, нејасно е, како за нив е безбедно да влегуваат внатре, а за екипата на „А1он“ е небезбедно. Воедно ако безбедносна е осудениот Јовановски, нејасно е како тој постојано е носен на судења и контактира со други лица во судот, стои во текстот на порталот. Целиот текст може да го почитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/a1on-i-idrizovo-stana-nebezbedno-upravata-vtorpat-odbi-intervju-so-boki-13/feed/ 0
Се огласија од Управата за извршување санкции, еве каква била здравствената состојба на Кичеец и зошто добил прекин на казната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-eve-kakva-bila-zdravstvenata-sostojba-na-kicheec-i-zoshto-dobil-prekin-na-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-eve-kakva-bila-zdravstvenata-sostojba-na-kicheec-i-zoshto-dobil-prekin-na-kaznata/#respond Mon, 06 Sep 2021 12:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=560151

Управата за извршување санкции се огласи со соопштение во кое детално наведува зошто осудениот Зоран Милески викан Кичеец кој во саботата учествуваше во сообраќајна несреќа, добил прекин на затворската казна. -Со решение на УИС од 10.08.2021 година, на осудениот Зоран Милески му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл.225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан'' во Охрид. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е ,,Суправентрикуларна тахикардија'' и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, велат од Управата за извршување санкции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-eve-kakva-bila-zdravstvenata-sostojba-na-kicheec-i-zoshto-dobil-prekin-na-kaznata/feed/ 0
Претепани поранешни министри, а Управата за извршување санкции и Народниот правобранител случајот го оставаат за утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepani-poraneshni-ministri-a-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-i-narodniot-pravobranitel-sluchajot-go-ostavaat-za-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepani-poraneshni-ministri-a-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-i-narodniot-pravobranitel-sluchajot-go-ostavaat-za-utre/#respond Thu, 21 Feb 2019 15:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=166565

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во притворското одделение на затворот во Шутка. КУРИР побара одговори од  Управата за извршување санкции и од канцеларијата на Народниот правобранител, но од двете места ни кажаа дека во 16 часот им истекло работното време и детали за случајот одбија да дадат. Директорот на Управата Јовица Стојановиќ, во телефонски разговор за КУРИР вели дека е запознаен со случајот, но информации ќе има во текот на утрешниот ден. -Дознав дека имало инцидент во притворското одделение. Кој бил учесник, јас не знам. Сега е завршено работното време, утре ќе пратам луѓе да го истражиме случајот, рече Стојановиќ во изјава за КУРИР. Побаравме одговор и од канцеларијата на Народниот правобранител. -Службите за односи со јавност работат до 16 часот. Побарајте ги утре после 8, ни одговорија од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepani-poraneshni-ministri-a-upravata-za-izvrshuvanje-sankcii-i-narodniot-pravobranitel-sluchajot-go-ostavaat-za-utre/feed/ 0