управа за јавни приходи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 08:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png управа за јавни приходи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште еден ланец на маркети затворени од УЈП – еве ги деталите за големата акција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-lanec-na-marketi-zatvoreni-od-ujp-eve-gi-detalite-za-golemata-akcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-lanec-na-marketi-zatvoreni-od-ujp-eve-gi-detalite-za-golemata-akcija/#respond Thu, 24 Mar 2022 08:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=652433

Маркети на ланецот „Кипер“ во Скопје, но и во други градови во државата, вчера вечерта се запечатени со жолти ленти на УЈП, додека трае пописот и контролата на инспекторите околу тоа дали овие маркети се придржуваат до владините мерки за укинување на маржата на одредени основни прехранбени производи, објави порталот Скопје1. Ниту УЈП, ниту „Кипер“ досега не се огласија за контролите во компанијата, кои доаѓаат два дена по големата слична акција во маркетите „КАМ“, во која директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека биле ангажирани триста инспектори на Управата. Од УЈП, како и во изминатите денови, велат дека дека главната цел на контролите е да се заштитат граѓаните од плаќање на данок за производи кои не подлежат на ваква давачка со одлука на Владата. Се врши увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Според Управата, паралелно се вршат контроли и кај голем број други трговци, а инспекторите досега откриле дека дел од маркетите во државата и натаму пресметуваат ДДВ од пет проценти на дел од производите кои со владина уредба се ослободени од секакви давачки кон државата. „Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува“, се додава во информацијата од УЈП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-lanec-na-marketi-zatvoreni-od-ujp-eve-gi-detalite-za-golemata-akcija/feed/ 0
УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=652024

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник. - Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%, информираат од УЈП. Од таму посочуваат дека инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. - Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија, се додава во соопштението на УЈП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/feed/ 0
Од денеска за УЈП не сме Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-za-ujp-ne-sme-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-za-ujp-ne-sme-republika-makedonija/#respond Tue, 26 Jun 2018 14:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=69983

Ова се бројчињата што системот на Управата за јавни приходи ги издава на странките, кога чекаат ред на шалтертите, пишува порталот Јавно. Корисник на услугите на УЈП денеска забележал дека е избришано „Република Македонија“ од системот на Управата. На фотографијата едното бројче е од 13.06.2018 година, а веќе на 25.06.2018 година, јасно се гледа дека „Република Македонија“ веќе не постои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-za-ujp-ne-sme-republika-makedonija/feed/ 0