Управа за матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jun 2022 11:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Управа за матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протест на вработените од Управата за матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-od-upravata-za-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-od-upravata-za-matichni-knigi/#respond Thu, 02 Jun 2022 10:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=685506

Вработени од Управата за водење на матични книги денеска протестираат пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата. Блокирана е крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“. Претседателот на Синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека ќе протестираат до 17 часот затоа што вработените се револтирани по најавите дека ќе им бидат скратени платите за периодот додека штрајкуваат. – Дел од вработените земаат минимална плата од 18.000 денари и ако уште тие им се скратат, тогаш што ќе им остане. Меѓу вработените има и самохрани родители, рече Милошески. Штрајкот во Управата за водење на матични книги трае веќе пет недели. Синдикатот успеа со раководството на Управата да ги усогласи во најголем дел ставовите околу новиот колективен договор кој треба да се потпише на ниво на работодавач. Со колективниот договор усогласена е исплатата на К-15 во висина од 50 проценти од просечната плата, исплата на работа во сабота и јубилејните награди. Останува барањето на синдикатот за зголемување на платите за 30 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-od-upravata-za-matichni-knigi/feed/ 0
ВО СРЕДА ХАОС ВО СКОПЈЕ: Вработените во Управата за матични книги излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sreda-haos-vo-skopje-vrabotenite-vo-upravata-za-matichni-knigi-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sreda-haos-vo-skopje-vrabotenite-vo-upravata-za-matichni-knigi-izleguvaat-na-protest/#respond Mon, 23 May 2022 10:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=680423

Независниот синдикат на Управата за водење матични книги при Конфедерацијата на синдикални организации во среда ќе протестира пред Министерството за финансии откако помина рокот во кој очекуваше одговор дали ќе има финансиски средства за реализација на нивните барања. Синдикатот му даде рок на Министерството за финансии да одговори дали има пари за исполнување на барањата, кои претходно беа усогласени со Министерството за правда, а се однесуваат на отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата… – Ние подолг период бараме да имаме средба, но немаме и ќе протестираме. Ако немаме средба, ќе ги радикализираме чекорите. Апелирам да смогнат сили и да седнеме на заедничка маса да најдеме решение за овој проблем што го имаат вработените, изјави денеска Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации. Ристески обвини дека нема социјален дијалог во државата и дека не може да се преговара само со одделни синдикати. – Нема дијалог. Јавно прашувам дали Владата е на сите граѓани во државата или почна да ги бира синдикатите – овие се подобни, овие не. Бараме јавно да се произнесе дали има намера да го продолжи социјалниот дијалог со независните синдикати, рече Ристески. Според Ристески, барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите за 2.806 денари нема да го реши проблемот имајќи го предвид порастот на инфлацијата. Штрајкот на вработените во Управата за матични книги трае повеќе од еден месец, а документи се издаваат само во итни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sreda-haos-vo-skopje-vrabotenite-vo-upravata-za-matichni-knigi-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
УТРЕ СООБРАЌАЕН ХАОС ВО СКОПЈЕ – Управата за водење на матични книги излегува на протест! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-soobrakjaen-haos-vo-skopje-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-izleguva-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-soobrakjaen-haos-vo-skopje-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-izleguva-na-protest/#respond Wed, 04 May 2022 18:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=671922

Утре Управата за водење на матични книги илегува на протест, тие денеска преку соопштение објавија каде ќе биде блокадата во центарот на Скопје. „Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците. Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања за која ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски го покриете нашето излагање“, стои во нивното соопштение до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-soobrakjaen-haos-vo-skopje-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-izleguva-na-protest/feed/ 0
Генерален штрајк: Управата за матични книги од утрово недостапна за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-upravata-za-matichni-knigi-od-utrovo-nedostapna-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-upravata-za-matichni-knigi-od-utrovo-nedostapna-za-gragjanite/#respond Wed, 27 Apr 2022 09:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=668491

Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот. Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески за МИА изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека се уште не добиле понуда за средба. -Сите подрачни единици се во штрајк, може да има некои исклучоци, мислам дека Куманово, некои од волонтерите работат, но сигурно под притисок од управата, значи 90 проценти од Управата е во штрајк, појасни Милошески. Додаде дека засега луѓето кои доаѓаат имаат разбирање за штрајкот. -Знаат луѓето дека штрајкуваме, не се бунат, а им треба да завршат работа, има некои луѓе што треба да патуваат, но не можат да излезат од од државата без документите кои ние треба да им ги дадеме, потенцира Милошески. Рече дека излегувањето на улица не е опција, но дека ќе штрајкуваат се додека не се одговори на нивните барања. Независниот синдикат бара колективен договор на ниво на работодавач, линерано покачување на платите и унапредување на работните позиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-upravata-za-matichni-knigi-od-utrovo-nedostapna-za-gragjanite/feed/ 0
Граѓаните револтирани, системот на Управата за матични книги не работи секој втор ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-revoltirani-sistemot-na-upravata-za-matichni-knigi-ne-raboti-sekoj-vtor-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-revoltirani-sistemot-na-upravata-za-matichni-knigi-ne-raboti-sekoj-vtor-den/#respond Thu, 29 Oct 2020 17:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=422287

Се уште не е решен проблемот со издавање на изводите од матичните книги. Овој проблем трае веќе неколку месеци. Електронскиот систем на службите e целосно крахиран. За извод од матично се чека и по неколку недели. Револтирани од неажурноста на Управата за водење матични книги се и граѓаните кои доаѓаат од други градови, бидејќи ги враќаат назад дома со објаснување дека системот паднал. Граѓаните се жалат и на односот на вработените. Граѓаните кои доаѓаат во скопската подрачна канцеларија на матичното револтирано си заминуваат оти работа не завршиле. Но, се жалат и на односот на шалтерските службеници. Револтирани од неажурноста на Управата за водење на матични книги се и граѓани кои во Скопје доаѓаат од други градови во земјава. Наместо како порано кога работа завршувале како што велат за 5 минути, сега со часови чекаат пред матично а одговорот од службениците што го добиваат е “системот е паднат”. „Како мислите дека ова е во ред, министерот треба да дојде и ова да го види, доаѓам вчера нема никој овде, тој портирот кажува само одете си дома. Влеговме внатре ни кажаа немало систем чекајте малку, еве чекаме од утрово нема ништо. Ние од Куманово доаѓаме се малтертираме, вчера бевме исто, денеска пак исто‘‘, сведочи граѓанин за телевизија Канал 5. Од институцијата проблемот го објаснуваат со малиот број на вработени кои се на шалтерите поради се поголемиот број на заразени со коронавирусот помеѓу нив. За падот на електронскиот систем посочуваат на техничките капацитети. За поплаките на односот на вработените од Управата ги поттикнуваат граѓаните да испратат претставка. Упатени се и за честите проблеми со електронскиот систем, велат веднаш се интервенира кај службите за одржување и проблемот во најскоро време се решава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-revoltirani-sistemot-na-upravata-za-matichni-knigi-ne-raboti-sekoj-vtor-den/feed/ 0