управа за водење матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 12:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png управа за водење матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајкот на вработените во УВМК останува во мирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-vrabotenite-vo-uvmk-ostanuva-vo-miruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-vrabotenite-vo-uvmk-ostanuva-vo-miruvanje/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=707908

Штрајкот на вработените во УВМК останува во мирување.

На денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.

На 15 јуни беше потпишан колективен договор со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др.

Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата. Министерството за правда и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-vrabotenite-vo-uvmk-ostanuva-vo-miruvanje/feed/ 0
Штрајкот ставен во мирување: Вработените во Управата за водење матични книги од утре на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/#respond Wed, 15 Jun 2022 10:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691178

Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели. Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата. – Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата, изјави Абази. Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок. Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел. – Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши, додаде Милошевски. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата. – Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата, изјави Ристески. Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“. Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/feed/ 0
Вработените во Управата за водење матични книги во Тетово и Гостивар алармираат на проблеми поради нивниот штрајк https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-vo-tetovo-i-gostivar-alarmiraat-na-problemi-poradi-nivniot-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-vo-tetovo-i-gostivar-alarmiraat-na-problemi-poradi-nivniot-shtrajk/#respond Wed, 08 Jun 2022 12:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=688380

Независниот синдикат на Управата за водење матични книги и Конфедерација на синдикати преку прес-конференција денес во Тетово алармираа дека штрајкот кој веќе шест недели трае кај вработените во Управата кулминира со проблеми и бараат итно наоѓање на решение. Тие тврдат дека во Тетово вчера имало и вработени кои колабирале поради притисоци, а во Гостивар и физички инцидент пријавен во полиција. -Вработените во Тетово добиле наредба од раководителот. Од две колешки било побарано да се потпише, а бидејќи сме во штрајк тоа е одбиено. За таа наредба сметам дека нема потреба бидејќи е само известување како треба да се спроведува штрајк. Ние веќе и тоа го правиме според законските правила. Во штрајк не се потпишува, седиме во една просторија не се попречува работа. За итни случаи се работи. Поради расправиите,паднаа две колешки во несвест и сме викале брза помош, изјави Насер Џемаили. Тони Милошевски претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги информираше и за инцидент во Гостивар. -Вчера во просториите во Гостивар вработен со договор на дело, што не штрајкува ги нападнал колегите што штрајкуваат, фрлил нешто по нив и вербално. Личноста признала во полиција дека е слаб со живците. Така признал.Ние тоа го знаеме. И со странки се конфонтирал и се расправал, и со колегите претходни имал расправи и слично. Ние кај раководотелот потенциравме да се санкционира тој вработен. Сметаме дека ова е притисок врз штрајкувачите, изјави Тони Милошевски. Штрајкувачите во Тетово денеска добија поддршка и од Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдикати. Тој најави радикализација на штрајкот. -Им се прават притисоци дека може да им се скрати од плата 40 отсто, дури се споменуваат и одредени суспензии јас како претседател на конфедерација апелирам да не презема таков чекор, бидејќи доколку, ако преземат таков чекор, сведоци бевте како беше блокирано пола Скопје ќе бидеме принудени после повторно да блокираме уште поголем дел на Скопје. Мора конечно оваа категорија на вработени да го добие заслуженото бидејќи сега сите гледаат дека ако оваа категорија на вработени не работи буквално се блокира цел систем, изјави Марјан Ристески. Вработените бараат колективен договор со линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-vo-tetovo-i-gostivar-alarmiraat-na-problemi-poradi-nivniot-shtrajk/feed/ 0
Вработените од Управата за водење матични книги на протест пред Собрание и Министерство за правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-na-protest-pred-sobranie-i-ministerstvo-za-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-na-protest-pred-sobranie-i-ministerstvo-za-pravda/#respond Thu, 05 May 2022 11:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=672294

Вработените од Управата за водење на матични книги денеска од 15 до 17 часот ќе протестираат барајќи исполнување на нивните барања. Протестот ќе почне од Собранието и ќе заврши пред Министерството за правда. Претседателот на синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека се повикани на средба во Министерството за правда по што се очекува да дадат изјава за медиумите. Синдикатот бара да се донесе колективен договор, линеарно да се зголемат платите и на околу 500 вработени да им бидат признати знањата и тие да работат на соодветни позиции според образованието и искуството. Протестот започна на 27 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-na-protest-pred-sobranie-i-ministerstvo-za-pravda/feed/ 0
Управата за водење на матични книги денеска излегува на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-deneska-izleguva-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-deneska-izleguva-na-protest/#respond Thu, 05 May 2022 05:35:36 +0000 https://kurir.mk/?p=671999

Управата за водење на матични книги денеска излегува на протест. Според најавите покрај вработените, на протестот ќе бидат вклучени и возила. -По повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред Министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците, информираа вчера од Синдикатот. Барањата кои ги имаат ќе ги соопштат повторно на прес-конференција пред Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-deneska-izleguva-na-protest/feed/ 0
Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/#respond Wed, 04 May 2022 10:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=671602

Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи се до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово, за да изврши увид како се одвива штрајкот, кој денеска влегува во петтиот ден. – Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како Независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК, кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не ни има дадено ни покачување, ни нови звања. Имаме колеги кои работат и по 30 години, а уште се помлади референти. Има колеги што земаат 14.700 денари, не земаат уште цела 15.200 што беше минимална плата, која нормално сега треба да биде 18 илјади, изјави Милошевски. На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат. – Имаше огромни притисоци и уште ги има. Има значи од некои политички партии, има од самото раководство од Управата до некои вработени. Вработените што се на договор имаат најголеми притосоци, рече Милошевски. Тој потсети дека синдикатот побарал покренување постапка за помирување со Управата. – До Управата доставивме постапка за помирување. Поминаа 15 дена од тој рок. На 19-ти само еднаш не викнаа да преговараме. Ни кажаа од Министерството за финансии дека нема ништо да ни дадат и ние на 27 април стапивме во штрајк, изјави Милошевски. Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/feed/ 0
Хаос во Управата за водење на матични книги- по пасошите и личните карти, граѓаните во проблеми и со вадење на изводи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-po-pasoshite-i-lichnite-karti-gragjanite-vo-problemi-i-so-vadenje-na-izvodi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-po-pasoshite-i-lichnite-karti-gragjanite-vo-problemi-i-so-vadenje-na-izvodi-foto/#respond Wed, 19 Feb 2020 11:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=305975

Вистински хаос владее во Управата за водење на матични книги во центарот на Скопје. Револтирани граѓани до екипата на КУРИР испратија фотографии од безредието кое владее денеска во оваа институција под контрола на Министерството за правда. Имено поради реновирање на објектот во моментов работи само еден шалтер кој се наоѓа во ходникот на кој чекаат безброј граѓани за упис на новороденчиња, склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак со странски државјани, извод од матична книга на родени/умрени, признавање на татковство, како и издавање на уверение за слободна брачна состојба. Граѓаните прашуваат и како е можно за десет услуги кои ги нуди оваа институција да работи само еден шалтер и да се парализира целата институција? Револтираните граѓани кои се обратија до нас велат дека во државава буквално ништо не функционира. -Нема пасоши, нема лични карти, треба да чекаш со часови за да добиеш извод од матичната книга на родени...ова е хаос, вели еден од граѓаните кој денеска се уште чекаат ред за да добијат извод. Инаку за потсетување на јавноста Управата за водење на матични книги минатата година исто така се реновираше и имаше вистински хаос, па оттука се поставува и прашањето зошто повторно по само една година се реновира истиот овој објект?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-po-pasoshite-i-lichnite-karti-gragjanite-vo-problemi-i-so-vadenje-na-izvodi-foto/feed/ 0
Вработените во Управата за матично не земаат плата откако останаа без директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-upravata-za-matichno-ne-zemaat-plata-otkako-ostanaa-bez-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-upravata-za-matichno-ne-zemaat-plata-otkako-ostanaa-bez-direktor/#respond Wed, 07 Feb 2018 15:55:03 +0000 http://kurir.mk/?p=19314

Повеќе од петстотини вработените во Управата за водење матични книги не земаат плата, а постои опасност од застој во работата за издавање документи за граѓаните откако институцијата остана без директор. Нов сè уште не е назначен, а доскорешниот Ѓоко Котевски беше именуван за директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Од владата велат дека се свесни за проблемот и уверуваат дека наскоро ќе се најде решение, но не прецизираат кога, објави Макфакс. – Знаете дека по изборите некои места се испразнија, некаде беа назначени нови, директорот доби нова функција, што значи оваа институција во моментов нема директор, но во идниот период ќе се реши, сè ќе продолжи според предвиденото и вработените ќе си ги добијат платите, истакна портпаролот на владата, Миле Бошњаковски. Со сличен проблем се соочија и Државниот пазарен инспекторат, Комуналниот инспекторат и Градежниот инспекторат, каде што вработените повеќе од три месеци немаа земено плата откако првите луѓе на овие институции беа избрани за градоначалници, а нови не беа назначени, пишува Макфакс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-upravata-za-matichno-ne-zemaat-plata-otkako-ostanaa-bez-direktor/feed/ 0